Рубен Ван Бомел (23) е син на легендарниот холандски фудбалер Марк Ван Бомел кој играше за ПСВ, Барселона, Милан, Баерн Минхен и репрезентацијата на Холандија. Сега син му кој игра во ПСВ Ајндховен постигна дебитантски гол во Лига на шампиони, на отворањето во поразот дома 1:3 од белгиски Ројал Унион Сен Жилоа. Марк Ван Бомел исто даде гол во Лига на шампиони во септември 2000-та година, пред 25 години, во големата победа 3-1 против Манчестер Јунајтед.