Во полуфинале на шпанскиот Супер Куп кој веќе неколку години се игра во Саудиска Арабија далеку од Пиринеите, Барселона со 5-0 (4 гола за 16 минути, без Ламин Јамал) го разби големиот ривал Атлетик Билбао и закажа дуел со еден од мадридските гиганти Атлетико и Реал кои својот меч го играат вечерва исто во Џеда. Барса славеше со головите на Феран Торес, Фермин Лопез, Руни Бардагџи и два на Рафиња.