На 0,7 до крај падна НБА шампионот, салата во делириум

Феникс Санс ја совлада Оклахома Сити Тандер 108-105 во дербито на вечерта во НБА лигата и тоа со тројка на 0,7 секунди пред крај на лидерот Девин Букер. Во арената на Феникс илјадници навивачи еуфорично ја прославија победата со кош постигнат во последен момент.

Токму Букер беше еден од најефикасните на мечот со 24 поени, 9 асистенции и 6 скока а прв стрелец кај Феникс Санс беше Џордан Гудвин со рекорд во кариерата од 26 поени (8 постигнати тројки). Дилон Брукс уфрли 22 поени од кои 14 во клучната четврта четвртина. Кај шампионот Оклахома Сити Тандер Шеј Гилџес-Александар уфрли 25 поени, Џајлен Вилијамс имаше 23 поени а Чет Холмгрен 18 поени со 9 скока.

И покрај поразот, Оклахома Сити Тандер и натаму е прва на Западот со 30 победи и само 6 порази. Феникс Санс се седми на Западот.

 

5 јануари 2026 - 10:41