Реал може и без Мбапе, младото чудо Гонзало Гарсија постигна супер хет-трик

„Кралевите“ ја отворија 2026 со убедлив триумф: дома го совладаа Бетис 5:1 а јунак на средбата беше 21-годишниот Гонзало Гарсија, младиот талентиран центарфор кој е во сенка на големите ѕвезди во екипата но кога и да заигра прави дар-мар.

Килијан Мбапе поради повреда го пропушти првиот дуел во новата година. Французинот со африканско потекло можеби ќе пропушти три недели а во меѓувреме беше и на Африкански Куп на нации во Мароко.

Наместо него против Бетис од старт заигра 21-годишниот Гонзало Гарсија, дете на Реал Мадрид кој веќе блескаше на американската турнеја минатото лето.

Гарсија постигна специјален хет-трик, негов прв во сениорски фудбал и тоа голови со лева, со десна нога и со глава. Третиот погодок му беше спектакуларен со пета.

1-0:

2-0:

4-1:

Ова беа први негови голови сезонава, беше асистент на дуелот против Каират во Лига на шампиони. Во меѓувреме Јувентус сакал да го земе на позајмица наводно, но Реал Мадрид после овој хет-трик тешко да го пушти.

Младиот Шпанец кој е роден 2004-та година во Мадрид веќе има 6 настапи за У-21 репрезентацијата на Шпанија, а за Реал на 19 настапи има 3 гола, оние синоќа против Бетис кога блескаше.

5 јануари 2026 - 09:31