Лука Дончиќ игра во животна форма и е близу МВП награда

Синоќа во НБА лигата се одиграа неколку натпревари а доминацијата ја продолжи Лука Дончиќ. Капитенот на Словенија одигра уште една феноменална партија и им донесе на Лејкерс нов триумф, 22-ри сезонава (со 11 порази).

Во мошне неизвесен натпревар против Мемфис Гризлис до самиот крај, во „Крипто Арена“ во Лос Анџелес, Лејкерс прво губеа со 11 поени разлика, набрзо стигнаа до израмнвуање а во самиот финиш домаќините беа пофокусирани и победија 120:114.

Лука Дончиќ беше импресивен со 36 поени, 9 скока и 8 асистенции. Малку му фалеше до трипл-дабл но и покрај тоа покажа дека е сериозен кандидат за МВП наградата на регуларната сезона, особено сега во ситуација кога фаворитот број 1 Никола Јокиќ е повреден и ќе отсуствува околу 3-4 недели.

Леброн Џејмс беше супер расположен и во победата на Лејкерс уфрли 26 поени со 10 асистенции, Џејл Ларавија додаде 26 поени исто како Леброн а Диандре Ејтон го заврши дуелот со 15 поени.

Кај Мемфис Гризлис Џејлен Велс запиша 23 поени, Седрик Кауард имаше 16 поени а Џок Лендејл додаде дабл-дабл со 13 поени и 10 скока.

Џа Морент, лидерот на Мемфис ја пропушти и оваа средба, 15-та за него пропуштена од почеток на сезоната.

5 јануари 2026 - 09:51