Кога Париз минатата сезона на убедлив начин се врати во Лига1 беше јасно дека ќе има дуел против ПСЖ. Интересно зад новиот прволигаш Париз застанаа сериозни спонзори, најбогатото француско семејство како и бројни компании.
Во 2020-та дел од акциите на ФК Париз (околу 20%) ги купија претставници на кралското семејство на Бахреин, а од 2024-та контролниот пакет акции го купиле семејството на Бернар Арно, сопственик на брендот Луи Витон и официјално најбогат Французин. 10,6% од акциите им припаѓаат на концернот Ред Бул. Влијанието и поддршката на овие луѓе и компании му помогна на Париз да се врати конечно во Лига 1 сезонава.
Решија да го изнајмат стадионот „Жан Буен“ на четири години додека го изреновираат нивниот домашен стадион, а синоќа играа против ПСЖ на „Парк на принцовите“. Европскиот шампион славеше 2-1 со головите на Дуе и Усман Дембеле а за гостите кратко израмнување донесе Геубел.
Со оваа победа ПСЖ сега има 39 бода, 1 бод помалку од лидерот Ленс кој е прв со 40 бода. Трет е Марсеј со 32 бода колку што има и четвриот Лил.