Offside

Ракометарите на Вардар го згазија Нант на гости и му наплатија со камата за тесниот пораз во Јане Сандански.

Ритуалот на ракометарите на Нов Зеланд

Додека Хрватска е домаќин на најдобрите 16 селекции од стариот континент, во Сувон, Јужна Кореја се одржува Азиско ракометно првенство, на кое учествуваат и Австралија и Нов Зеланд. Овие последниве имаат несекојдневно и специфично шоу пред натпревар.

Неочекуван гостин меѓу македонската фаланга

Македонските навивачи заслужуваат чиста 10-ка за навивањето и однесувањето на Европското првенство во Хрватска. Колку што знаеме не се скачкаа со никој. На мечот со Чешка еден од нивните навивачи се обиде да им го наруши мирот, но неговиот престој траеше едвај 3 секунди. 

Марк Клатенбург прекина меч за молитва во Саудиска Арабија

Најдобриот англиски судија Марк Клатенбург веќе некое време суди во Саудиска Арабија. Го почитуваат, ама ги почитува и тој. За време на мечот од Купот меѓу Ал Феиха и Ал-Фатех се слушна оџата од блиската џамија па Клатенбург го прекина мечот на стадионот „Крал Салман“ за присутните да се помолат. На крај дал 5 минути продолжение, дуелот завршил 1-1, па во продолженија домаќините го дале вториот гол во 118’ минута за пласман во четвртфинале.

Македонците кои на Камп Ноу го видоа голот број 4.000

Четвртфиналниот натпревар од Копа Дел Реј синоќа беше посебен по многу нешта. Хавиер Маскерано по 7,5 сезони си кажа збогум со Каталонците, а на Камп Ноу падна 4.000-от гол во историјата. Го постигна Лионел Меси.

Хотелот кој живее од престојот на Мурињо во Манчестер

Продолжувањето на договорот на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед до 2021-та година не е среќна вест само за навивачите, туку и за газдите на хотелот кои трљаат раце од неговиот досегашен 574 дневен престој.

Поради смотан превод на презимето му пропаднал трансферот

Во секој трансфер преоден рок, а особено во зимскиот, клубовите „колат прасе воочи Божиќ“, па во пет за 12 брзаат да средат документација за ново засилување. И тогаш настанува циркус.

Најнесмасниот гол постигнат со глава

Литванија го има еден од оние голови на футсал, што не е можно да се повтори. Го даде за 6:6 во последна минута и сигурно си вика супер што се сопнав.

Емотивното испраќање на Маскерано

7,5 сезони, 334 настапи, 17 трофеи. Не се малце. На Хавиер Маскерано синоќа протис Еспањол му направија повеќе од достојно испраќање од клубот каде остави голем белег. Следна дестинација во кариерата на 33 годишниот Аргентинец му е Кина.

Искрите меѓу навивачи на Барса и Еспањол за Шпанија

Фудбалскиот клуб Еспањол важи за про-шпански ориентирано друштво кое уште од времето се противи на било каква сецесија и отцепување на Каталонија. Синоќа стотина навивачи на овој клуб гостуваа на „Камп Ноу“ на реваншот од Кралскиот куп којшто Барса го доби со 2:0. Со шпански знамиња ги иритираа домаќините кои возвратија.

Кога Винс Картер заби преку играч висок 2,18 и го смени погледот на кошарката

Авторот на најлегендарното „куцање“ во историјата на кошарката денес полни 41 година, и да, ден-денес игра на највисоко ниво.

Дијалозите меѓу Стеф Кари и Стив Кер како татко и син

Официјалниот фејсбук на НБА објави видео запис од разговорите меѓу тренерот на Голден Стејт Стив Кер и ѕвездата на клубот, Стеф Кари кои биле водени за време на дуелите последните сезони.

Како изгледаше дебито на Кутињо за Барселона

Каталонците го најдоа наследникот на Иниеста. Влезе синоќа во 68’ минута токму место Андрес и имаше неколку добри потези. Барса го победи Еспањол со 2:0 (Суарез, Меси) и се пласираше во следната рунда од Копа дел Реј.

Од Инстаграмот на Дејан Ловрен

Стоперот на Ливерпул и фудбалската репрезентација на Хрватска има нешто да ви каже.

Малиот буцко што прави шоу во Наполи

Се вика Умберто и е хит на социјалните мрежи во Италија. Последно од него е пораката до идолот Инсиње на кој му порачува дека ако го освојат скудетото, ќе држи диета. Ти се колнам му вика, а го игра и популарниот танц од Папу Гомез.

Играчите на Леганес славеа како на екскурзија во 4-то

Реал Мадрид е клуб со рекордни 12 трофеи во Лига на шампиони и рекордни 33 титули во Ла Лига. Најголемиот успех на Леганес е тоа што во своето 90 годишнo постоење само втора сезона се дел од првата шпанска лига. Чисто за да сфатите зошто го прават ова откако го елиминираа Кралскиот клуб во четвртфиналето од Копа дел Реј.

Анимираниот филм за Коби Брајант ќе се бори за Оскар

Еден од најголемите кошаркари на сите времиња доби анимиран филм снимен и произведен од врвните мајстори на материјата Глен Кин и Џон Вилијамс. Самиот Коби рецитира во цртаниот филм којшто е маестрален.

Горан Пандев - до рајот и назад

Трикратниот европски првак Интер на својот официјален сајт отстапува простор за приказни посветени на важните луѓе за историјата на клубот. На ред дојде „Ил гранде Мачедоне“, кој заигра и одлично се снајде во историската година под водство на Мурињо.

Со кого може Македонија да игра во баражот за Светско

Уште несредени впечатоците од Еврошампионатот во Хрватска кој финишира во недела, веќе се зборува за Светско ракометно првенство. Во јануари следната година пак ќе се дружиме со нашите јунаци кои треба да минат низ само еден двомеч.

Бестрашната ракометна селекција на Македонија

Иако покажаа две лица во првата и втората групна фаза, сепак мора да им се честита на нашите ракометари за борбеноста, желбата и потта која ја оставија на ова ЕП. Промашија зицер за победа против Германија, со Шпанија останаа без капитенот, а со Чешка загубија добиен натпревар. Но тоа е спортот. Главата горе момци. Заслужувате аплаузи.

Расистот од Америка кој стигна до четвртфинале на Australian Open

Спортската јавност и натаму се интересира за тенисерот кој се вика, верувале или не, Тенис Сандгрен и доаѓа од САД. Во Европа и не е нешто познат, ама во Америка околу него се водат жестоки дебати меѓу левицата и крајната десница.

Шиме не е тоа автобусот на Атлетико

Хрватот Шиме Врсаљко е хит во Шпанија. По завршувањето на Куп натпреварот меѓу неговиот Атлетико Мадрид и Севиља, тој до толку се забуља во телефонот, што по грешка им се приклучи на фудбалерите на Севиља. Циркуз.

Соблекувалната на Јеовил каде ќе гостува Манчестер Јунајтед

Навикнати на луксуз, ѕвездите на Мурињо ќе бидат во шок кога ќе влезат во соблекувалната за гостите на четвртолигашот Јеовил против кого Манчестер Јунајтед ќе игра во шеснаестина-финале на ФА Куп во петок вечер од 20:55. А стадиончето „Хуиш Парк“ е баш симпатично и собира 9.556 гледачи.

Му удри клоца во газ бе

Англискиот четвртолигаш Нотс Каунти има голман со краток фитиљ и затоа заслужено си доби црвен картон. Деца во маало не прават вака.

Најлошите 40 секунди во холандскиот фудбал

Утрехт и Феенорд синоќа одиграа заостанат натпревар од холандскoто првенство, а во еден момент личеа на пијаници кои не знаат кај тераат. Ќе ја дупнеа топката уште малце.