Хотелот кој живее од престојот на Мурињо во Манчестер

Продолжувањето на договорот на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед до 2021-та година не е среќна вест само за навивачите, туку и за газдите на хотелот кои трљаат раце од неговиот досегашен 574 дневен престој.

Веста за новиот договор на Мурињо кој се обврза да остане на Олд Трафорд уште три години беше доста радосна за луѓето кои го држат Lowry Hotel.
 
Тоа се должи на нивниот гостин и тренер на Манчестер Јунајтед кој кога пристигна во клубот не се реши да купи стан или куќа, туку да живее во хотел.
 
Бројките на Португалецот поврзани со овој луксузен и модерен хотел се бројки како што само на сон може да посака секој газда.

- Мурињо плажа 816 фунти од вечер за неговиот апартман.
 
- Откако е тренер на Јунајтед од 1 јули 2016-та, престојот во Lowry го чини 468.384 фунти за престој од 574 дена.

- Ако продолжи со својата мрзеливост да не купува и да се смести во нешто свое и реши да остане во хотелот до крај на својот договор до 1 јули 2021-ва година, тоа ќе го чини 1.489.200 фунти.
 
- Тоа се пари со кои може да се плати неделната заработувачката на Погба од 200.000 фунти за 7 и пол недели.

- За таа сум на пари Мурињо може да престојува во Хилтон 40 години, бидејќи таму се наоѓа соба за 102 фунти од вечер.
 
- Се наоѓа на 4 км оддалеченост од Олд Трафорд и 12 км од тренинг центарот на клубот.
Што добива Мурињо за тие пари?

За работи за доста луксузен апартман со гардеробер за цела негова опрема, потоа кујна, бар, голема бања, како и сите они стандардни работи од типот на смарт телевизор, брз интернет, клима и слично.
 
Мурињо во ресторанот може да побара секакви чудесии од јадења, како на пример ова.
26 јануари 2018 - 15:08