Offside

Македонија ја немаше на Светско. Пречка во бараж полуфиналето беше Данска. Но, Македонија сепак имаше свој претставник таму. Тоа е Мијалче Дургутов. 10 од 10 има.

Раул Гонзалес е тренер број 1 во светот за 2017-та

Човекот кој дојде тивко, направи ракометна револуција во Македонија и го извади цело Скопје на плоштад на 4 јуни годинава, го доби признанието кое највеќе од сите го заслужуваше. Капа доле мајсторе.

Јане и Погба си испратија видео поздрави

Големата фудбалска ѕвезда која направи трансфер од 100 милиони евра му го исполни ветувањето на малиот Јане од Скопје. Тој ќе биде специјален гостин на осминафиналниот меч од ЛШ меѓу Манчестер Јунајтед и Севиља. Браво за потегов на Французинот.

Уште еден јак доказ за величината на Гвардиола

Јосеп Гвардиола е најдобриот тренер на денешницата. Во прилог на оваа теза одат многу факти од кои ги издвојуваме оние рекордните. После Шпанија и Германија, Пеп прави чуда и во Англија.

Татко решил да носи син на трибина, а таму морони

Во морето стравични слики од насилството на јужната трибина синоќа на дербито Партизан - Црвена Звезда, излезе и една на која се гледа како татко држи дете на раменици додека хулиганите крволочно се тепаат во гужвата.

Навивачите на Милан погодија во центар, Донарума се расплака

Пред мечот од осминафиналето на Купот на Италија против Верона (3:0), тифозите на Милан му скандираа на Донарума: „Оди си ѓубре лакомо“ и извадија многу убитачна парола.

Спортинг во четвртфинале, асистенција на одличниот Ристовски

По настапите во Лига на шампиони за кои доби огромни пофалби, македонскиот репрезентативец се покажа во доста добро светло и во Купот на Португалија и целосно ја оправда довербата кај Жорге Жесус.

Го видовте ли турскиот Роберто Карлос?

Буџаспор го победи Сиваспор со 1-0 и оди понатаму во турскиот Куп. Единствениот гол на мечот го даде бекот Абдулах Баликув којшто распали од мртов агол во стилот на Роберто Карлос. Буџаспор игра во третата турска лига.

Вие сте Реал Мадрид, ама јас сум најлуд голман

Европскиот првак страшно многу се изнамачи за да стигне до финалето на Светското клупско првенство. Пречка им беше Ал Џезира или поточно нивниот голман Али Хасиф кој целосно одлепи и им скроти едно десетина чисти топки. Фалеше уште со кук да им одбрани некоја.

Најава за походот на македонските ракометари на Европско

На Европското во Хрватска ќе играме во Загреб, во групата Ц против Словенија (13. јануари од 17:15), против Црна Гора (15. јануари 20:30) и против Германија (17. јануари 18:10). Како и секојпат нашите најдобри ракометари ќе имаат поддршка и во сала и од дома.

Голманско додавање на сезоната

Едерсон Сантана де Мораес изгледа дека тренинзите не ги користи само за да вежба како да брани, туку и како да подава за аплаузи. Ова е мајсторија за сите пари. Па ваков пас со рака не се прави. Едно големо браво за детево на Сити кое има 24 години и допрва му престои блеската кариера.

Ова се дава и со заврзани очи

Знаете ли вие дека во Србија има фудбалски клуб кој се вика Јавор Ивањица? Епа едно од најјаките промашувања на сезоната го имаат тие. Бараме да објават снимка од друг агол за да сконтаме како успеа вака да ја удри царов нивни и да ја погоди стативата.

Гранит во последните секунди до победа со Халк Банка

Екипите на Уни Банка, Уника и Гранит славеа победи во третиот ден од 11. коло во Бизнис лигата на Македонија.

После 22 години свирен пенал за Партизан против Звезда

Вечното белградско дерби заврши 1-1. Поведоа домаќините од пенал во 62’ минута преку Сума а изедначи Ричмонд Боачи во 84’ минута. Ова е прв пенал за „црно-белите“ после цели 22 години. Последниот го добиле на 18. март 1995. година. Мечот остана во сенка на стравичните нереди на јужната трибина каде дојде до судир меѓу подгрупи на Гробарите.

Општ хаос на дербито во Белград

Во 16’ минута од мечот Партизан - Црвена Звезда на јужната трибина започна масовна тепачка. Според една верзија подгрупа на Гробарите, Vandal Boys сакале да ја преземат трибината по што настана невидена тепачка со бакљи и разни предмети. Во еден момент полицијата на атлетската патека извади десетина разголени навивачи. Епилогот е 20-ина повредени лица од кое едно е на реанимација.

Јап Стам ти ли си?

Цволе и АЗ Алкмар одиграа 1-1 во холандското првенство а домашниот фудбалер Ван Полен промаши пенал за победа во 87’ минута од мечот. Шутираше како еден негов познат претходник.

Правдата е спора, ама достижна, прашајте го Емре

На еден меч од турското фудбалско првенство меѓу големите ривали Трабзонспор и Фенербахче пред неколку години избивна скандал. Поточни некогашниот фудбалер на Интер и Галатасарај а денес капитен на Башакшехир Емре направи глупост.

Судија кај си ќор, па уште и храната ти е грда

Навивачите на Лацио немаат уште завршено со судијата кој не им досуди чист пенал против Торино, па откако не го начекаа пред стадион, му најдоа нешто што е во негова сопственост за да му се одмаздат.

Селтик цел живот игра во зелени, сега му дале розеви дресови

Летово најпопуларниот шкотски клуб ги претстави трите комплети опрема произведена од New Balance за сезоната 2017-2018 - и сите три варијанти беа зелени што нема речиси ниеден клуб во Европа.

Најјаките спрдњи за мечот Интер - Порденоне

Третолигашот кој по 120 минути фудбал му извади 0:0 на Интер во Купот и кој има стадион од 3.000 седишта, а допатува во Милано со 4.000 навивачи е хит број 1 денеска во Италија. Замислете нивниот шпиц има играно во ЛШ, за разлика од еден Икарди.

Првиот гол во кариерата на Жиру

Со голот против Саутемптон за 1:1 во 88-та минута, Оливие Жиру стигна до 17 погодоци во Премиер лигата кој ги постигнал откако влегол од клупа. Со тоа го израмни рекордот на Оле Гунар Солскјер кој му беше златна резерва на Фергусон. Францускиот напаѓач и најавил на Европа дека ќе биде човек за одлука уште кога го дал првиот гол во кариерата. 2007-ма година: Гренобл - Ле Авр, 2:1, со голот на Жиру во 92-та минута.

Чекај, како мислиш Барнли е четврт во Премиер лига?

Во Англија пак има сензација: откако синоќа го совлада Стоук со 1:0, тимот на Барнли се искачи на 4. место на табелата и ако вчера завршеше првенството ќе беа во зоната на Лига на шампиони. Во што е тајната на малиот клуб?

Роналдињо постигна гол за кој му аплаудираше и голманот

Формата е пролазна, класата вечна. Ете тоа е Роналдињо, кој на хуманитарен меч со своите 37 години ја шибна од 60 метри без око да му трепне.

Интер се радуваше против клуб кој доаѓа од место колку Кисела Вода

Прво што ќе направиш кога ќе го видиш парот од Купот на Италија меѓу Интер и Порденоне е да го рипнеш бидејќи не се исплати да ризикуваш за кец од 1.13. Епа дечките извадија нерешено, коефициент 7.40, a Спалети во второ во игра ги внесе Брожовиќ, Перишиќ и Икарди.

Најголемо промашуање сезонава за Пандев

Џенова синоќа изгуби 1:2 од Аталанта и го претрпе деветтиот пораз во сезоната. При резултат 1:1, капитенот на Македонија промаши неверојатно чиста шанса, поточно му бранеше Албанецот Бериша.