Offside

Откако шампионската титула минатата сезона замина на Истокот, кој генерално беше поконкурентен, Западот ќе се обиде да ги врати шампионските прстени таму каде што, историски гледано, шоу-тајмот или атрактивната игра, секогаш ималa предност пред прагматизмот, кој е карактеристичен за Источната конференција.

И Стефан Ристовски дел од хаосот во Спортинг

Претседателот на клубот од Лисабон на својот Фејсбук објави дека суспендира 19 првотимци поради тоа што не ги прифатиле неговите критики за слабите игри и му вратиле со потпишано соопштение.

Кристијано им запна на ножичките, сега ги направи на тренинг

Прво во понеделникот направи ножички на тренинг, па после на Џанлуиџи Буфон му даде фантастичен гол исто со ножички за денес во тренинг-центарот на Реал во Валдебебас пак да ги потврди.

Гол на нејќена

Магомед Митришев во 86’ минута од мечот против Рубин Казан го намали резултат на 3-2 по случајна асистенција на негов соиграч.

Клизачите на Њукасл

Со головите на Шелви и Перез, Њукасл го победи Лестер 1-2 на гости и освои важни три бода за продолжение од сезоната. Се бореа како ѕверови а се гледа дека тренирале и лизгачки стартови. Имаа пет во еден противнички напад.

Тежок триумф на Вардар на гостувањето против Митјиланд

И покрај големата разлика во класи, ракометарките на Вардар се изнамачија да го добијат првиот четвртфинален дуел од Лига на шампиони со пресврт на десетина минути до крајот.

Најважната парламентарна (мундијалска) седница

Батали ја расправата за буџетот и законот за стечајците, дај кажи дали имаш дупликати за да се мењаме, бидејќи со нашиве плати “тешко“ дека ќе ги пополниме албумите. Иам, иам, иам, неам, иам, иам, иам, неам...

Чуден факт на денот

Што е сега работава, Барса има многу јака одбрана или другиве се пацери во одбрана? Рома и Спортинг си заковаа по два автоголови, а Олимпијакос еден.

10 правила на маалскиот фудбал

Фејсбук страната „Вицови за душа“ не потсети и ве потсети на едно златно време кое на сите уште ни тлее во душа. Кој се нервирал кога треба да ја вади топката под жежок ауспух многу добро знае за што зборуваме.

Ноќ за домаќините во Лига Европа

Сите четири екипи славеа на домашен терен на првите четвртфинални средби од ЛЕ. Арсенал најубедливо, Атлетико и Лацио со по два гола предност, а Лајпциг минимално. Стефан Ристовски остана на клупа.

Како најдобриот борец од Дагестан тренирал со мечка

Кабиб Нурмагомедов има 29 години. Роден е во селцето Силди во Дагестан. Веќе извесно време важи за еден од најдобрите борци во UFC. За себеси вели дека е припадник на Аварците, изворен народ од Кавказ, а се бори под руско знаме. На 9 години тренирал со мече.

Како се слушаат навивачи на третолигаш на соседниот остров

Вака сега. Портсмут е англиски третолигаш кој игра на стадион со капацитет од 21.000 гледачи, а снимкава е направена на Хајлинг островите оддалечени на воздушна линија од 6,5 километри. Ако не верувате, тогаш пуштете ги појако звучките.

Колку пари ќе заработат судиите на Светско првенство?

Шпанска Марка се повика на извори од Бразил и пишува колку пари ќе заработат најдобрит светски судии кои ќе свират на Мундијалот.

Јувентус создава луѓе со вредности, а потоа фудбалери

130 деца веќе четврти ден по ред се калат во Ѓорче Петров со тренери на најтрофејниот италијански клуб. Разговаравме со нивниот главен тренер Рафаеле Армароли кој ни ги објаснуваше методите на работа на Јувентус, а истакна и едно 14 годишно девојче кое најмногу му оставило впечаток.

Некои нови клинки во женскиот тенис

Како што изминува времето на легендарните Шарапова, сестрите Вилијамс, Кузњецова, Азаренка и Ана Ивановиќ, така на тениските терени се појавуваат нови девојчиња кои играат одлично и се спремни да ја направат смената на генерации.

Во Босна падна гол како на Роналдо

Фудбалерот на Орашје Антонио Видовиќ постигнал два гола во триумфот на својот тим против Чапљина (3-1) во втората лига на Босна и Херцеговина. Еден од погодоците е ала КР7.

Врти-сучи Клоп го води Пеп 7-5

Харизматичниот Германец е единствен тренер кој одиграл повеќе од 10 средби против неверојатниот Гвардиола а притоа повеќе пати да го победува.

Нереални ножички на тренинг

Заборавете на ножичките на Кристијано Ронално, не се ништо посебно откако ќе видите што направи Арон Стасијак кој е дел од Полска У-19. Магија.

Лудилото пред Енфилд снимено од автобусот на Ливерпул

Бандата на Клоп има 3:0 против Сити од првиот четвртфинален дуел од ЛШ, ама и армија на ептен верни навивачи кои ги пречекаа како херои уште пред да почне мечот. Снимаше Џејмс Милнер.

Навивачите на Милан треба да го почастат Икарди

Што ли му се случи на стрелецот број 1 на Интер кој лани ја заврши сезоната во Серија А со 24 гола, а исто толку има и сега? Аргентинскиот голгетер на миланското дерби го направи промашувањето на сезоната, а во судиското продолжение се посрамоти уште еднаш.

Матрикс со офанзивен фудбал до победа над Фабрика Карпош

Матрикс и Уни Банка славеа победи во третиот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Пекабеско и Сава Осигурување одиграа без победник.

Ливерпул го згроми Сити, Барса убедлива против Рома

По Реал и Баерн синоќа, голема работа околу пласманот во полуфинале на Лига на шампиони завршија вечерва Барселона и Ливерпул. Рома си даде два автогола, а Џеко е прв играч на „Волчицата“ кој дал 5 гола во една сезона од ЛШ.

Меси меѓу голманите кој се откажал од кариерата манекен за да брани

Тивко пристигна од Бразил во Европа, ја чекаше својата шанса и ја дочека. Во моментов Алисон Бекер е еден од најдобрите голмани на светот по многу параметри.

Роналдо де Лима на Дерби дела Мадонина

Загревањето за вечерашните топ две четвртфинални средби од ЛШ не можеше да биде појако. Во 18:30 се среќаваат Интер и Милан во заостанат меч од Серија А. Одиме со еден маестрален потег на Феноменот пред 20 години во дуел со Себастијано Роси. Тоа дерби заврши 3:0. Резултатот го отвори и го затвори Чоло Симеоне.

Великодушниот Зидан и неговите пријатели од омилениот ресторан во Торино

Доверливиот готвач заврши во француската репрезентација, а таксистот менаџира спортски центар. Ова е потсетување на едно друго време со тренерот на Реал Мадрид кој не остави голем белег во Јувентус само како фудбалер.