На Светското 2018 во Русија правдата ќе ја делат вкупно 36 судии и 63 асистенти.
Марка се повикува на бразилскиот UOL Esporte и тврди дека не сите судии ќе заработат еднакво. ФИФА ги сместила судиите во различни категории врз основа на нивното искуство и прогрес во кариерата.
Најдобрите судии како Феликс Брих од Германија, Ѓунеит Чакир од Турција и Нестор Питана од Аргентина ќе добијат по 57.000 евра за судењето во Русија и плус по 2.500 евра за секој меч што ќе го свират. Помошниците ќе добијат по 20.000 евра плус 1.600 евра бонус за секој натпревар на кој ќе ја делат правдата.
Што се однесува до листата на судии кои ќе судат на Мундијалот, од Европа ќе судат 10 судии: Клемен Турпин (Франција), Дамир Скомина (Словенија), Џанлука Роки (Италија), Милорад Мажиќ (Србија), Антонио Матеу Лахоз (Шпанија), Шимон Марчиниај (Полска), Бјорн Кујперс (Холандија), Сергеј Карашев (Русија), Ѓунеит Чакир (Турција) и Феликс Брих од Германија.
Азиската конфедерација ќе има 6 главни судии со своите помошници, Африка исто 6 главни судии колку што ќе има и од КОНМЕБОЛ (Јужна Амрика) и КОНКАКАФ (Централна Америка)