Матрикс со офанзивен фудбал до победа над Фабрика Карпош

Матрикс и Уни Банка славеа победи во третиот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Пекабеско и Сава Осигурување одиграа без победник.

Матрикс со офанзивен фудбал до победа над Фабрика Карпош

Матрикс8-2(4-0) Фабрика Карпош

Матрикс: Петре Даиловски 3’ 26’ Драган Брњарчевски 17’ Дарко Насевски 17’ 18’Дарко Цветковски 31’ 33’ Мирко Богески 33’

Фабрика Карпош: Александар Божиков 21’ Ѓорги Божиков 24’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и Фабрика Карпош, екипата на Матрикс уште на самиот старт го наметна својот препознатлив напаѓачки стил на игра што им донесе рано водство уште во 3та минута. По овој рано примен гол екипата на Фабрика Карпош ги консолидираше своите редови успеа да створи неколку шанси за израмнување но во ова прво полувреме имаа слаба реализација. До крајот на полувремето екипата на Матрикс успеа да реализира уште три погодоци за позитивен резултат на полувремето од 4-0. Во второто полувреме екипата на Фарбика Карпош на самиот старт успеа да изврши притисок кон противничкиот гол и да го намали високото водство во што и делумно успеа, но екипата на Матрикс не дозволуваше изненадување и успеа да го задржи и зголеми водството до крајот на натпреварот. Крај 8-2

Уни Банка преку контра напади до победа над Окта

Окта 2-6(1-2) Уни Банка

Окта: Живко Котевски 16’ Дарко Стоилковски 40’

Уни Банка: Ангел Петков 2’ 29’ Ѓорѓи Пецевски 17’ 40’Александар Кузинаков 22’ Владимир Чубриновски 29’

Во првото полувреме од натпреварот помеѓу Окта и Уни Банка видовме фудбал со помирно темпо на игра. Двете екипи беа фокусирани на одбраната, но екипата на Уни Банка во раната фаза на натпреварот успеа да искористи еден кикс во одбраната на Окта и преку Петков поведе со 0-1. Екипата на Окта со голман играч се обидуваше да створи вишок во нападот со цел да го израмни резултатот што им успеа во 16та минута. Во финишот на полувремето екипата на Уни Банка успеа да реализира еден контра напад и да поведе со 1-2 со кои се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Окта ја превзеде иницијативата и се рпефрли во полето на противникот вришејќи постојан притисок, таквата офанзивна игра ја искористи екипата на Уни Банка која контра напади континуирано го зголемуваше водството до крајот на натпреварот. Натрепварот заврши со конечни 2-6.

Пекабеско и Сава Осигурување ги поделија бодовите

Пекабеско (1-2) Сава Осигурување

Пекабеско: Андрија Периќ 11’ Дејан Неделковски 27’ 35’

Сава Осигурување:Андреј Китановски 15’ Ивица Минов 19’ Данило Апостоловски 26’

Првата фаза од полувремето помина во крајно израмнет фудбал без многу шанси за погодок и на двете страни, како одминуваше натпреварот и двете екипи го подигаа темпото на игра и започнаа да се редат шанси на двете страни. Екипата на Пекабеско во 11та минута успеа да реализира еден полу контра-напад за водство од 1-0, по примениот погодок екипата на Сава Осигурување во фаза на напад го користеше својот голман за да створи вишок на играч во нападот со цел да дојде до израмнување кое го реализираа до 15та минута. До крајот на полувремето екипата на Сава Осигурување со одлична соло акција на Минов успеа да направи целосен пресврт.Во второто полувреме екипите продолжија со ист интензитет, брза игра израмнети сили и со ист број на погодоци како и во првото полувреме. Екипата на Пекабеско притисна кон противничкиот гол и успеа да го израмни резултатот и да го внесе натпреварот во неизвесна завршница. До крајот на натпреварот и двете екипи се обидуваа да реализираат но на крајот ги поделија бодовите со резултат од 3-3.

5 април 2018 - 09:16