Галеота се тестенините, строго направени al dente (тврди), домашни со квалитетни домати. 17 години после неговиот збогум, сè уште можат да се јадат во ресторанот „Кај Анџелино“, омиленото место на Зинедин Зидан од играчките денови во Јувентус.
Се јадат и Ригатони ала Зидан (вид на тестенини) кои станаа официјално јадење на репрезентацијата на Франција која го освои ЕП 2000.
Добра храна, фудбал и дома. Торино, градот кој е дел од Зизу (така го викаа пријателите од ресторанот) е составен од едноставни нешта и пријателства родени случајно кои стануваат вечни.
Како она со Кристијано Белини кој некогаш беше таксист, а сега менаџира спортски центар каде може да се игра мал фудбал со спунтови (без корни и аути). Тоа e единственото место во Италија, инаку во сопственост на Зидан кој го отвори пред две години, само неколку дена пред да го освои првиот од двата трофеи во ЛШ со Реал.
„За мене Италија е Торино“, велеше Зизу кој за прв пат се врати го овој град како тренер. Обично можеше да го сретне човек наутро во француското училиште, истото каде и Платини ги носеше своите деца.
„Зидан е гениј, но е многу едноставен и великодушен без да шири и да објавува за своите хуманитарни иницијативи. Една ноќ со негов пријател замина во домот на еден лекар кој имаше организирано вечер за да го претстави својот проект за помош на сиромашните деца во Африка. На Зидан тоа му се допадна и веднаш реши да помогне. Извади 5 милиони лири врзани со гумени ленти, но не ги достави лично, туку преку својот пријател, бидејќи него му беше срам“, се потсеќа Кристијано.
Од центар, каде Зидан живеел на почеток, се преселил на рид во вила зад реката По во истиот комплекс каде живеел Џанлука Песото. Жена му Вероник сакала повеќе простор и зеленило, но живеалиштето не било доволно да пуштат корени во Торино и да останат подолго.
Ресторанот „Кај Анџелино“ било и по нејзин вкус каде престојувале во приватна просторија заедно со Песото, Монтеро и Давидс. Тоа било омилено место на многу играчи на Јувентус. Кувар во ресторанот бил Роберто Фалво, синот на газда Анџелино, кој го освоил Зидан со неговиот начин на подготовка на тестенините. Еден ден го викнал на Европското првенство во Холандија и Белгија 2000-та година.
„Дојди со мене, смачено ми е од преварени тестенини“.
Така Роберто заминал со тони свежа паста, маслиново масло, босилек и други италијански состојки и станал готвач на селекцијата на Франција на две Европски и едно Светско првенство. Тој му готвел, а Зидан му давал патики, бидејќи Роберто бил колекционер со над 2.000 пара. Му ги дал и оние од финалето на Мундијалот во Германија кога му удри глава на Матераци.
Кај Анџелино висат многу стари дресови од Зидан, а од не многу одамна може да се забележи и една 7-ка, онаа на Кристијано Роналдо на кој синоќа му аплаудираше цел Алијанц.
„Пред шест месеци татко ми му се јави за да му го побара“, раскажува неговиот друг син Мауро, а дресот стаса за два дена со автограм и посвета. Зидан е човек од збор и со срце. Кај нас се чувствуваше како дома. Освен паста, јадеше и риба, месо и пиеше само вода. За него се готвеше и за носење. Кога жена му не сакаше да излезе од дома, му вршевме достава до дома“, вели Мауро.
„Кога беше играч воопшто не сакаше кога треба да се оди на подготовки. Искрено не мислев дека ќе стане тренер. Се работи за личност кој со душа ги правеше работите“, вели Роберто.
Малото фудбалче кое го вртеле Зидан и Давидс на улица заедно со имигрантите од Африка ќе останат како легенда во градот. Тој е заљубен во мал фудбал со спунтови кој може да се игра благодарение на него во спортскиот центар кој го отвори во Торино.
На отворањето го сретнал Антонио Пинтус, кондиционен тренер на Јуве од неговото време. Му рекол дека ќе го носи во Мадрид, ветување кое го остварил за неколку недели. Спортскиот центар во јуни годинава ќе биде домаќин на Реал Мадрид кампот за деца од 6 до 13 години.
Дел од Зизу остана во неговиот Торино.