Offside

Весна Витанова e екс македонска репрезентативка и прва жена од Македонија со лиценца за тренер на УЕФА и ФИФА. Во само неколку реченици ја објаснува филозофијата на игра на Шпанците.

На FIFA 2018 може да го правите викинг ритуалот на Исланд

Како и на Европското 2016, така и сега на Светското Исланд ќе биде една од најинтересните селекции за гледање. Пред сè поради фактот што скоро цела земја ќе отпатува во Русија со „Викинзите“.

Снимки на БиБиСи како во Африка се лапа мито пред натпревар

На само една недела до стартот на Мундијалот во Русија, африканскиот фудбал го стресе огромен корупциски скандал. Документарецот открива над 150 подмитувања на преку 100 судии и официјални лица. Еден се повлекол од Светското во Русија.

Талентот кој има 13 години и кој прави чуда во Германија

Јусуфа Мухоко важи за надобриот фудбалер на фудбалерите до 17 години на Борусија Дортмунд иако има само 13 години. Во полуфиналето на Купот на Германија против Баер Леверкузен, Јусуф се прослави со невиден гол а мечот заврши 1-1. Реваншот е во недела.

Сефери: Маицата ми ја дадоа навивачите и ме замолија да ја постирам

Поранешниот македонскиот репрезентативец кој од улога на албански “му ја смени“ територијата на неговиот роден македонски град, се обиде да се извади за киксот со кој се истакна на Инстаграм.

Какво голчиште ќе беше ова на Трајковски

Палермо води битка за кам бек во Серија А и синоќа одигра 1:1 на првиот полуфинален плејоф меч против Венеција на Пипо Инѕаги во гости. Трајковски играше до 87-ма минута, а на негово место влезе Несторовски. Еврогол ќе беше овој негов слободен удар кој удри во пречка.

Македонски Телеком ќе додели 50 фудбалски стипендии за талентирани деца

Телеком ќе обезбеди педесет стипендии за деца од седум до дванаесет години за фудбалската академија на ФК Вардар.Целта на оваа иницијатива е да им се даде поттик на талентираните деца да го остварат својот потенцијал.

Најдобриот пласман на Македонија по 2010-та, ја стигнавме и Русија

Македонската фудбалска репрезентација мируваше за време на пријателските средби кои се играа пред стартот на Мундијалот, ама затоа оствари скок со кој му дише во врат на домаќинот на СП 2018.

Слободниот удар кој заврши на Марс

Спремете се за нешто и ново и до сега невидено во фудбалот. Слободен удар од кој од скроз разбирливи и логични причини не може да постои полош. Го изведе извесен Адриан Балан од романскиот тим Волунтари и тоа во прва лига. Следете го внимателно ударот да видите каде ќе заврши.

На девојка на бејзбол и падна топката во чаша пиво

Атланта играше против Сан Диего во регуларниот дел од MLB. Во петтиот ининг ндер Инкиарте од Атланта ја удри топката толку силно што таа заврши во чаша пиво на трибини кај навивачка на Сан Диего, Габи ДиМарко.

Она кога сам ќе си ја подадеш

Губеле победувале, кралот е крал и по кој знае кој пат во кариерата стигна до трипл дабл и сам на себе си асистираше. Што сака прави.

Голден Стејт - Кливленд 3:0, Дурант не застана

Кошаркарите на Голден Стејт се на чекор до одбрана на титулата во НБА лигата откако синоќа стигнаа до убедлива предност со Џејмс и компанија од која нема враќање. Конечни 110:102.

Семеен гол на Зидановци во Дубаи

На еден ревијален турнир, Енцо до Зинедин, Зизу до Лука а Лука со прецизен финиш.

Коментаторски фудбалски клишеа

Овие што ги најдовме не се од наши коментатори, ама ги преведовме и испадна дека дел од нив важат и за кај нас. Апа кај нас често можеш да чуеш на пример: „Нема што да изгубат“, а тоа се работи за финале.

Чичко Мурињо прогнозира кој ќе пројде група на Светско

Според тренерот на Манчестер Јунајтед Хрватска, Србија и Колумбија нема што да бараат понатаму а смета дека Австралија ќе ја помине групата.

Единствената прослава на Панама што ќе ја видиме летово

Добро, можда сме прегруби за нечиј вкус, ама па што ќе бараат во група со Белгија, Англија и Тунис на Светското?

Ноќ со 30 проститутки - така Мексико се спрема за Светско првенство

Во екот на подготовките за Мундијалот, репрезентативци на Мексико организирале забава со проституки на која се собрале по пријателската против Шкотска (1:0).

Доминацијата на Лампард против Барселона

За да пронајдеш играч кој им правел вистински проблеми на Барса во сите сегменти од играта треба да го најдеш фудбалерот по име Френк Лампард. Овие снимки се само од дуели против Каталонците сместени во едно видео. Колку само им фали овој човек на Стемфорд Бриџ. 

Мамиќ возвраќа: „Мојот одговор ќе биде невидено оружје“

Ноќта пред да му ја изречат казната затвор, Здравко Мамиќ од Хрватска преминал во Босна и Херцеговина каде има намера да остане и праќа пораки до хрватската јавност.

Бразил и подари на Германија гол од стадионот каде ги демолираа

Еден од двата гола од стадионот каде во 2014-та Германците го уништија Бразил со 1-7 е дониран за музејот на Германската фудбалска федерација во Дортмунд.

578.024 гласови за херојот кој ја замрзна Маракана

Кој е најголем играч на Светските првенства, праша ФИФА, а фановите одговорија: Алсидес Гиџа, човекот кој на 16 јули 1950-та му го донесе на Уругвај вториот златен пехар на четвртиот Мундијал. И тоа со гол за 2:1 против фаворитот Бразил во 79-та минута пред 200.000 луѓе на Маракана. Ден кој бил сметан за национална трагедија во земјата на фудбалот.

Шест и пол години затвор за Здравко Мамиќ!

По разни перипетии, одлагања, исфрлање од судница и напорни рочишта, човекот кој жареше и палеше со хрватскиот фудбал е осуден на затворска казна заедно со неговиот брат.

Скршените очила на Јирген Клоп стојат во клупскиот музеј на Борусија

„Имам со црни рамки, добар модел, ама ме прават како сериски убиец“.

800.000 евра загарантирани за Шкендија и 500.000 за Вардар

За УЕФА нема зима. Фондот за ЛШ и ЛЕ изгледа како секоја година да им расте. Следната сезона ќе поделат дури 900 милиони евра повеќе од лани. Ќе тријат раце и четири македонски екипи, кои како и да изиграат летово ќе искешираат добра пара како за нив.

Фото на денот

Капитенот на Мароко Мехди Бенатија пред почетокот на пријателската со Словачка на силен дожд, со знаменцето на неговата федерација го покри девојчето кое излезе со него на терен.