Offside

Втората вечер од 2. коло во Лига на шампиони донесе неверојатни резултати. Дерби дуели се играа во Рим и во Манчестер. Мурињо се врати на „Олимпико“ каде пред неколку години ја водеше Рома и со Реал направи сензационален пресврт. Домаќинот водеше 3-1 до самиот финиш а гостите од 83' до 90' минута дадоа три гола и славеа после пресврт.

Од каде потекнува оригиналот на мелодијата за песната „Само напред Вардаре“

Станува збор за еврејска љубовна песна која што првпат е изведена во 1955 година од Миријам Авигал. Мелосот станал толку популарен што оваа песна брзо се проширила на многу страни по светот.

Вардар е инспирација и амбасадор број 1 во светот

Ако кажеме во Европа ќе погрешиме, бидејќи Вардар има фанови дури до Мексико каде еден ракометен тим го носи нивното име. Нестварно е ова што го направија овие луѓе. И некако како сите да не сме свесни дека го повторија по само 2 години. Направете им некаков споменик. Сериозно.

Лажњакот на Скубе кој ќе се прераскажува со години

Пред него се исправија двајца гиганти, од кои неговиот сонародник и колега од репрезентацијата, Блаж Благотиншек е три глави посивсок од Скубе. Ама тоа не му сметаше на Сташ да го измрда од место џинот.

Лудилото пред хотел кога шампионите пристигнаа со пехарот

Вардаровите песни и еуфоријата од „Ланкес арената“ синоќа се префрлија пред хотелот каде што беа сместени ракометарите на Вардар. Пред автобусот беше г`з преку глава од луѓе, а Столе едвај го додржа пехарот и потоа му го предаде на џинот.

Нов блесав гол со ножички на Ибрахимовиќ

Неговиот ЛА Галакси изгуби дома 1-2 од Њу Ингланд, но голот кој во 84’ минута го даде Златан за домашните ќе биде прогласен за најубав во Америка а и пошироко.

Буцкото кој ја направи најголемата боксерска сензација на векот

Во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк се случи најголемата сензација, откако светскиот боксерски првак во ЧЕТИРИ верзии, Ентони Џошуа ги изгуби сите појаси од анонимниот дебелко Енди Руиз.

Најубавиот гол во Келн е ремек делото на Дибиров

Имаме топ 5 листа на најатрактивни голови на Фајнлфорот во Келн. Има убави голови за гледање, ама коментаторот за првиот вели: Добро што доаѓа лето бидејќи ќе ни треба цело тоа време за да сфатиме како му успеа ова.

Какви цареви, знамето на јарбол го закачија пред хотел

Додека навивачите на Вардар го чекаа европскиот првак да пристигне пред хотел, со асистенција на двајца Германци извадија едно од знамињата и на јарболот закачија македонско. Да се знае кој е кој во ракомет.

Гори плоштадот во Скопје

Зурли, тапани, ора, бакљи, петарди, димни бомби, свирежи од коли, пива, полиција на сите страни. Во центарот на Скопје вечерва е ванредно стање. Да не знае човек дали е ова 2017-та или 2019-та. Тотална лудница.

Ве поздрави играчот со број 5

Македонската гордост Вардар направи земјотрес во спортска Европа, откако вторпат во пар години на епски начин стигна до највредниот пехар во клупскиот ракомет. По крајот од финалето со Веспрем, капитенот Стоилов ги поведе соиграчите кај најверните навивачи и со пехарот славеа еуфорично.

Луда прослава на Вардарци на крајот од финалето

Вардар со златни букви го изгравира своето име во европската клупска историја. Момците кои со месеци играа без финансиска инјекција од клубот, ги нокаутираа гигантите. Браво јунаци, Македонија ве чека!

Слави Македонијо, Вардар е европски шампион!

Ракометарите на Вардар по втор пат се на тронот на Европа. Јуначки после чудото над Барселона, во финалето вечерва го совладаа и унгарски Веспрем 27:24 (16:11) и заслужено станаа кралеви на континентот.

Столе: Ракомет почнав да тренирам на 18 години

Капитенот и срцето на Вардар кој синоќа ладнокрво постигна незаборавен гол во финишот, ко дете се пробал во кошарка, ама среќа што не продолжил бидејќи не го бивало, инаку ликот на Вардар без него немаше да биде тој што е денес.

Тотенхем се сликаше како што вети Почетино

Она што го најави неколку дена пред финалето, Маурисио Почетино го оствари. Целиот негов тим, и првите 11 и резервите се сликаа на заедничката фотографија пред мечот со Ливерпул.

Најинтересниот момент од финалето на ЛШ

Во првото полувреме од мечот Ливерпул - Тотенхем на стадионот „Ванда Метрополитано“, во 18’ минута една млада девојка на 2 минути го прекина мечот откако упадна на терен.

Ливерпул по шести пат европски првак

Фудбалерите на Ливерпул сосема заслужено се на кровот на Европа, во прилично скромно финале ако претходните неколку се земат превид. Црвените добија пенал уште во 25 секунда.

Херојскиот пресврт на Вардар во една минута

Во 57-та минута Барселона водеше 26:25, Мораеш израмни, а по две минути Карачиќ без размислување ја распали и се повреди за прво водство на Вардар. Каталонците не реализираа и потоа Криштопанс зголеми на +2. Барселона имаше задоцнета реакција со гол, на кој одговори „Ил капитано“. Ова ќе останат како епски сцени.

Џинот ги искина

Со 215см висина и 135 килограми тежина, Летонецот Даинис Криштопанс е силата и моќта на Вардар кој руши сè пред себе и ги забива топките со 130 километри на час. Ако некој вечерва ја направи разликата тоа дефинитивно е тој и скроз заслужено е прогласен за играч на мечот.

Срцето на Вардар ја уништи каталонската машинерија

Ако некој во изминативе години знае до максимум да не наполни со адреналин и да ни го качи притисокот тоа е дефинитивно Вардар. Губеа 7 разлика на полувреме од моќната Барселона, но во второ полувреме направија тотално лудачки пресврт и ја повторија историската 2017-та.

Спектакуларната церемонија на финалето од ЛШ во Рим

Ова е едно од тие финалиња на кои не треба да ги читаат составите, бидејќи со еден швенг на камерата сите 22 ќе ги испукаме како од пушка. Олимпико во таа 2009-та ги нагости Манчестер и Барселона со Роналдо и Меси на светски начин. Ова е прекрасно за гледање, а и за слушање. Пее Андреа Бочели.

Денот вели дека треба да се потсетиме

Келн, 3 јуни 2017. Вардар во прва историска полуфинална пресметка на Ф4. Противник Барселона, исто како денеска. Натпреварот тврд и претежок. При резултат 25:25, последниот напад го имаа момците на Раул. Тоа беа 16 секунди за треперење кои ги одиграа машки и присебно, без паника, со едноставно вкрстување во кое Лука Циндриќ распали и го однесе Вардар во финале.

Клоп ги распознаваше своите играчи како деца

УЕФА му даде забавна задача на најзабавниот тренер да ги распознае своите фудбалери преку фотографии од порано кога биле деца. Што и да му даде човек да прави камера, тој е забавен и оригинален.