Off Topic

Убава идеја, за жал неупотреблива

Некои згради во Скопје имаа предвидено можност да фрлаш ѓубре од дома, преку метален канал во лоџија, кој го спроведуваше ѓубрето до подрум. Не траеше тоа долго. До првиот идиот кој ќе го затнеше каналот пробувајќи да избутка стара табуретка низ него. Така би завршило и ова, кога некој билмез од трети спрат ќе реши да ги завари шипките.

Шаман ги повикува духовите на Бугарите

Со помош на автентичен шаман, бугарски археолог  решил да ги повикува духовите на пра-Бугарите. Каде? Обаче, во Монголија, некаде кај центарот на пра-Бугарите на Аспарух. Духовите се покажале контактибилни но се пожалиле дека многу чекале. А шаманот, во средбата со нив знаел малку и да потклекне (уби ме прејак бугарски дух), по што во живот го враќаат со цигара со непознато полнење. 

Како Роџер Вотерс дозна за апартхејдот во Израел

Се возел по Западниот брег кон градот Јенин. Забележал дека барем имаат убави патишта. Соговорничката  му рекла: Да, ако си Евреј. Од прва не му се верувало дека во таа земја, во Израел, по некои патишта е забрането да се движиш ако си Палестинец. 

Хорор во име на науката

Еко-историчарите го имат прогласено американскиот хемичар Томас Мидгли Јуниор за човек кој ѝ нанел штета на Земјината атмосфера повеќе од кој било друг човек во историјата. А само се бавел со наука и решавал постоечки проблеми. Така измислува две работи: оловен бензин и фреон. 

Глумци бараат тинтрање

Режисерската легенда од 70-тите години, Вилијам Фридкин (Егзорцист, Француска врска..) раскажува како е да се работи со различни актери (Томи Ли Џонс, Бенисио дел Торо, Ник Нолти) и како некои од нив знаат да го тупат. Бенисио на пример, за да влезе во ликот, му било битно да му се каже што тој лик правел кога имал 12 години. 

Злосторство и казни

Бројни уметнички варијанти и видувања има на оваа тема: од оригиналната на Достоевски, преку Кафка и Ками па до Folsom Prison Blues на Џони Кеш или I Fought the Law на Клеш. Овојпат малку поинаку: злосторството е едно пеење а казните се интернет коментарите.

Кога нема да се разберете до крај

Две другарки се договарале како облечени да излезат за Халовин. Решиле да се синхронизираат па обете да бидат облечени на тема - крава. Крава? Крава. Ок. Едната облекла трико со соодветни апликации, светкави хулахопки на долгите нозе, чизми... Чекајте да видите како договорот го разбрала таа другата.

Клер Дали за Урсула: Малку е Хаг за тебе!

Во Газа не се случува „спирала на насилство“ туку отворен геноцид во кој загинаа 10.000 луѓе a едно дете се убива на секои десет минути. Европската Унија има крв на своите раце откако му даде благослов на Израел со пораката дека „ќе биде со него во деновите што претстојат“. И ЕУ уште нема доблест да му каже на Израел да престане, туку го замолува да не таргетира цивили.

Америка требаше да биде убава

Мала галерија од за навек изгубените архитектонски богатства на САД. Срушени за да се направи нешто помодерно и често поглупо и погрдо. Американците имаа една фасцинантна јавна библиотека во Синсинати, ја имаат срушено за да се отвори простор за паркинг.   

Трамп, Трамп, Трамп

Дел од атмосферата пред почетокот на последната републиканска претседателска дебата. Трамп како што почна така и продолжи, па и оваа дебата ја бојкотираше и воопшто не се појави, затоа што проценил дека на неа само може да изгуби од рејтингот, а не и да добие нешто. Отприлика и за тоа толку имате чуено околу републиканските дебати. Друга работа, што не им е јасно на овие што уште тераат кампања?

За нивото на напнатост околу Газа

Индијската ТВ новинарка Шреја Дундијал, прави емисија за војната меѓу Израел и Хамас. Гостин е човек од израелското разузнавање кој неочекувано се напнува околу тоа како е таа облечена. Црнокосата Шреја носи црвено- зелено сари, што овој го гледа како дрска провокација и суптилна поддршка на Хамас. Таа фино му објасни зошто е глуп што си прави филмови.

Прашањето што не се поставува

Израел има право да се одбрани и тоа никој не го доведува во прашање, она што не е така чисто е начинот на кој го прави тоа или: Дали Израел на ист начин би ги унишутувал терористите на Хамас ако се криеа на израелска територија?

Црно-белиот свет на шарените

Класична кринџ вежба на американски начин. Го разбиваат стереотипот за белата гордост, поточно, тој стеротип го менуваат со подеднакво глуп стереотип. Една ќе каже: „Мене изјавата „горда сум што сум бела“ ми звучи сосема поинаку од “горда сум што сум црна“. И убедени се дека „белата вина“ е универзална пресуда. Ами кај нас негативец што не беше белецот Крали Марко туку Црна Арапина?

Македонија, незапирлива

Да видите како се движела листата на најсиромашни земји во Европа, од 1960-та година до сега. На почеток има таму и земји како Финска и Холандија за подоцна „да изгубат“ од некои нови таленти.  Ние на листата се појавуваме во 1990-та години и оттогаш својски се трудиме да напредуваме, за лани да завршиме како факинг четврти најсиромашни во Европа.

Две војски, две реклами

И американската и руската армија објавија реклами кои треба да ги стимулираат младите мажи доброволно да се пријават да служат војска. Двете реклами речиси и да не можеа да бидат поразлични.

Господин Ѕвер, алал да ти е

Еден од најпопуларните Јутјубери на светот, и изненадувачки неконтроверзен, Мистер Бист, за последното свое видео се подаде од САД до Кенија со план таму, а потоа и низ околината, да изгради 100 бунари за вода во рурални места кои до тогаш полнат главно од некоја околна река. Планот му успеа.

Империјата на Салт Бае е пред распаѓање?

Дури и да завршеше само на својот прв ресторан во Истанбул, приказната за Нусрет Гекче ќе беше легендарна. Дечко со курдско потекло и син на рудар, кој како дете го напушта училиштето и се вработува во месара, успева да отвори ресторан во Истанбул и да се прослави со него. Меѓутоа Нусрет реши дека Истанбул ќе биде само отскочната даска.

Принципиелноста не е мртва

„Двете дефинирачки трагедии на нашето време, војната во Украина и мандатот на Џо Бајден конечно доаѓаат до својот крај,“ вели Такер Карлсон во најава за муабетот со Глен Гринвалд. Дали воените хушкачи за Украина некогаш ќе се извинат, дали странските војни се користат за казнување на Американците, за лицемерието околу слободата на говорот, вртењето на либералните медиуми против Бајден...

Грок, вашиот автостоперски водич низ Галаксијата

„Грок“ значи да разбереш нешто темелно и човечки. Така се вика новиот четбот на Илон Маск, замислен да му помогне на човештвото да ги разбере работите. Одговара во стил на „Автостоперскиот водич низ Галаксијата“ и за разлика од другите ВИ четботови, не се снебива да  влезе во контроверзни теми и да мавне хумор и по некој сарказам. Три примери:

Ама напреднала уметноста....

Главниот град на Австрија прснал 1,8 милиони евра за фонтана со која ќе се обележи век ипол откако Виена добила чиста вода за пиење. Пазете, ова е направено, на пример, цели 261 година после римската Фонтана Ди Треви (завршена во 1762 година). Море и девет години после „Скопје 2014“ и фонтаната на Александар Македонски (која фуфкаџиите ја нарекоа Воин на коњ). Во 2023 година, за 1,8 милиони евра, Виена го доби ова. 

Баба го изеде колачето

Пошто се очекуваат морализирања од типот не е убаво вака, греота и како не им е срам, веднаш да декларираме дека „Ниедна баба не е повредена за време на снимањето на ова видео.“Секоја старост повремено заслужува вакви моменти. Подоинствено е кога кмишат во ред на каса зашто имало некој попуст или чекаат да ги вклучат во ТВ програма? Накратко, ај па и ние да си дочекаме.

„Сивите волци“ се заканија дека ќе го повторат масакрот од Минхен 1972

Турската националистичка организација објави видео во кое им се заканува на израелските спортисти дека на Олимпијадата во Париз 2024 ќе завршат исто како и нивните претци на Олимпијадата во Минхен 1972, каде беа убиени 11 членови на израелската делегација. Тогаш масакрот го изведоа 8 Палестинци поврзани со организацијата Црниот септември.

Отидоа во неповрат интервјуата за работа

Дечково е на интервју за високо специјализирана позиција на инжинер во американскиот производител на авиони Локхид Мартин. Прашањата се како што доликуваат за таа позиција. Неговото знаење на темата не е ни приближно како што треба, поточно, нема никакво знаење. Ама па има ВИ пред себе.

Џони Кеш ја пее Тејлор Свифт?

Луди, луди работи. Со помош на вештачката интелигенција, можеме да слушнеме како би звучел хитот на Тејлор Свифт, Blank Space, кога би го пеел гoсподарот на долните октави, Џони Кеш. Неговите фанови ова ќе го сметаат за тешко богохулие, ама за среќа, таков отпор не се очекува и од фановите на Свифт - тие и не знаат кој е Џони Кеш.   

Турција го одбрани Инџирлик

Брилијантниот план на турските демонстранти беше во знак на поддршка на Палестина да ја сардисаат базата во Инџирлик, една од најголемите бази на американската воена авијација низ светот, на која исто така се сместени и десетици нуклеарни бомби.

Математика на електрични камиони

Темата целосно електрични камиони стигнува и до дрвосечите на Британска Колумбија. Само во тој регион има околу 5.000 камиони што симнуваат дрвени трупци од планините. Процената е дека еден камион троши во просек троши по 2,5 мегавати енергија дневно. 5.000 камиони би трошеле 12,5 гигавати струја дневно.

Што се случи?

Инстаграм видео прашува (и покажува) како по векови бравурозни архитектонски зданија, западната архитектура сега е сведена на коцки и прави линии. Одговорите ем идентични ем целосно различни. Сите се сложни дека Западот веќе ја нема таа вештина: ама за едни затоа што ја заборавиле, за други затоа што нема веќе робови и евтини ресурси за да се повторат овие дела, па полесно им е да тераат прави линии.

Како да решиш кој било дефицит во 5 минути

Буџетскиот дефицит се трупа кога државата троши повеќе пари отколку што има, а разликата се покрива со тоа што ќе се задолжи (ќе не задолжи сите нас) во некоја банка, финансиска институција или ќе создаде некој друг креативен начин за покривање на своето трошење. И ова е проблем што знае со децении да се влече на штета на народот. А има така едноставно решение.

Нит е вештачка, нит е интелигенција

Проверете го овој момент, го имаше и во муабетот меѓу Морган и Басем. Кога ЧетГПТ ќе го прашаш дали Израелците имаат право да бидат слободни, одговара неедвосмислено потврдно. Кога истото прашање ќе му го поставиш за Палестинците, како оние наши владини чирлидерки на дебатни емисии кога ќе бидат прашани за корупција, почнува да тупи како е тоа сложено прашање, како треба да се гледа контекстот....

Вака Палестинците стануваа Хамас

Семето на тероризмот се фрлаше и на вакви маслинови бавчи. Доаѓаат израелски Ционисти и на една жена ѝ викаат дека ќе ѝ ја земат земјата на која таа живее со години. Таа не е земјоделски велепоседник и тајкун туку обична жена која со своите деца живее од тие маслинки. Mожете да замислите какви ќе пораснат тие деца, кого ќе мразат и за кого ќе навиваат.