Професорот Јеротиќ љубезно одбил и му рекол:
„Немојте секогаш да правите јас тебе- ти мене. Како што викате, јас нешто имам сторено за вас а вие сега сакате да ми вратите. Кога некој ќе ви направи нешто добро, вие направете нешто добро за друг, тој ќе направи за трет и така се шири кругот на добри дела. Инаку, тоа јас тебе - ти мене, е одраз на племенска свест и основа на корупцијата.
Затоа јас викам дека за племенските народи, во кои ги вбројувам и нашите народи, корупцијата е нешто природно. Сепак, не заборавајте дека ние сме повикани да бидеме христијани и да се издигнуваме над својата природа. Издигнете се над својата природа',“ му порачал на дечкото професорот Јеротиќ.
* извор
******************
Види и: