Off Topic

Убава идеја, за жал неупотреблива

Некои згради во Скопје имаа предвидено можност да фрлаш ѓубре од дома, преку метален канал во лоџија, кој го спроведуваше ѓубрето до подрум. Не траеше тоа долго. До првиот идиот кој ќе го затнеше каналот пробувајќи да избутка стара табуретка низ него. Така би завршило и ова, кога некој билмез од трети спрат ќе реши да ги завари шипките.

Шаман ги повикува духовите на Бугарите

Со помош на автентичен шаман, бугарски археолог  решил да ги повикува духовите на пра-Бугарите. Каде? Обаче, во Монголија, некаде кај центарот на пра-Бугарите на Аспарух. Духовите се покажале контактибилни но се пожалиле дека многу чекале. А шаманот, во средбата со нив знаел малку и да потклекне (уби ме прејак бугарски дух), по што во живот го враќаат со цигара со непознато полнење. 

Како Роџер Вотерс дозна за апартхејдот во Израел

Се возел по Западниот брег кон градот Јенин. Забележал дека барем имаат убави патишта. Соговорничката  му рекла: Да, ако си Евреј. Од прва не му се верувало дека во таа земја, во Израел, по некои патишта е забрането да се движиш ако си Палестинец. 

Хорор во име на науката

Еко-историчарите го имат прогласено американскиот хемичар Томас Мидгли Јуниор за човек кој ѝ нанел штета на Земјината атмосфера повеќе од кој било друг човек во историјата. А само се бавел со наука и решавал постоечки проблеми. Така измислува две работи: оловен бензин и фреон. 

Глумци бараат тинтрање

Режисерската легенда од 70-тите години, Вилијам Фридкин (Егзорцист, Француска врска..) раскажува како е да се работи со различни актери (Томи Ли Џонс, Бенисио дел Торо, Ник Нолти) и како некои од нив знаат да го тупат. Бенисио на пример, за да влезе во ликот, му било битно да му се каже што тој лик правел кога имал 12 години. 

Злосторство и казни

Бројни уметнички варијанти и видувања има на оваа тема: од оригиналната на Достоевски, преку Кафка и Ками па до Folsom Prison Blues на Џони Кеш или I Fought the Law на Клеш. Овојпат малку поинаку: злосторството е едно пеење а казните се интернет коментарите.

Тероризмот е вирус

Како да се справиш со терористичкиот Хамас кога се споени со населението во Газа? Јусеф Басем прави аналогија, ако тероризмот е вирус, што се прави со човек кој има вирус? На телото му се овозможуваат услови да закрепне и да го победи вирусот. А што прави Израел? Израел го тепа болниот и му вика, зошто бе ти не оздравуваш?

ВИ ќе ги реши ваквите

Бидејќи вештачката интелигенција по прашање на родот е генерално агностик, нејзината искреност знае да биде брутална. Како со овој дечко кој пробува ТикТок апликација која од тебе создава аниме лик. Апликацијата и нејзиниот софтвер за препознавање лица секогаш го прави машки лик, а тој е убеден дека тоа што е чупан и има долга коса и нокти е доволен доказ дека е женско.  

Човек на Хамас што на 7-ми упадна во Израел

Се работи за припадник на Хамас кој учествува во нападот на Кфар Ази, а е заробен од израелската армија во куќа на израелски цивили. Видеото е објавено на официјалната Твитер сметка на Израел (@israel), а тој сам ќе раскаже, пред израелски иследител, што барал таму и што правел таму.

Кога животот ќе ти даде лимони...

Ќе си направите лимонада? Не брзајте, тоа е за лузери. Погледнете ја оваа маестрална сцена од третата епизода на новата хорор серија „The Fall of the House of Usher“ (по приказни на Едгар Алан По). Ем е зипувана лекција по економија и маркетинг, ем е феноменален опис на многу работи што се случуваат околу нас. Да, на крај ќе си направите и лимонада.

Ново од Битлси

Ваков наслов ќе беше нестварен или барем религиозно обоен (Ленон воскресе, ваистину воскресе) да не живеевме во време на вештачка интелигенција. Софтверот на Питер Џексон успеал да го одвои гласот на Ленон од пијаното (и другите звуци) од едно демо кое со текот на времето добиваше митолошки домензии. Демото го даде Јоко Оно. Ви викаме ние дека од секој човек може да има некое фајде?

Како да познаеш пари што не се заработени со копање

Линда Андраде живее во Дубаи каде стигнува како сопруга на самопрогласениот „цар на криптовалутите“ Рики Андраде. И меракот на Линда за шопинг изгледа како да нема крај, ама па изгледа и на Рики тоа не му пречи.

Еден друг пат кога Израел и Хамас имаа 12-часовно примирје

Џон Стујарт уште во Дејли шоу, го коментира примирјето во некоја претходна војна меѓу Израел и Хамас. Единствената разлика со денес што уште не сме стигнале до првото примирје. Инаку другото исто, ни О.Н. корисен, ни Америка може да заврши работа.

Кажете им да на ролшулите

Своевремено, и овде и глобално многу популарен беше слоганот „Кажете им не на дрогите.“ На тој бран е направена оваа ужасна нискобуџетна реклама (чекајте да го видите кастингот). Толку е лоша и „на прва“, што е дирљиво. Еве една поента: ако му купите ролшули на детето, тоа нема да влезе во комбе во кое некој чичко му нуди бонбони. И после како да речат не на дрогите?

 

Израел пали, Хамас дотура бензин

Таман на глобално ниво почна да се билда сериозен отпор и гнев за она кого-удрам-не-жалам на Израел во Газа (не дека на овие им е многу гајле), еве ги сега Хамас да го кажат истото за Израел: Има да ве нема! И да најават дека ќе ги повторуваат нападите како оној од седми октомври сè додека Израел не биде уништен. Како и многупати порано, Тел Авив сега ќе каже: Ви рековме какви се? 

Кнесетот го виде 7 октомври

Израелската војска на членовите на израелскиот парламент им покажа до сега необјавени снимки од масакрите на Хамас на 7 октомври. Ова се членовите на Кнесетот пред салата во која се прикажуваат снимките.

Шварценегер и митот за човекот што сам успеал

Ако се прашува Австриецот не само што е погрешно туку е и штетно промовирањето на „самосоздадени“ мажи или жени „тоа остава погрешен впечаток дека сами можеме да успееме... никој од нас не може.“

Онколог: Вакви канцери немам видено

Млади луѓе во 20-ти, 30 и 40-ти години развиваат брзорастечки, тн „турбо ракови.“ Доктор Вилијам Макис, шеф на онкологија кој има дијагностицирано преку 20.000 случаи вика дека досега нема видено ракови на дојка во четврта фаза кај девојки на 20 години, или толку напреднати ракови на дебело црево кај млади луѓе. Има леукемии кои убиваат само неколку дена или часа откако ќе бидат дијагностицирани. 

Константин Кисин за времето што доаѓа

Руско-британскиот сатиричар нè освои со неговиот говор на студентите на Оксфорд, кога не баш нежно ама шарматно ги будеше разбудените, но овој негов говор е уште подобар и појак. Релевантен, јасен и окрепнувачки, наспроти целата денешна кенкавост на лажната левица која повторно сака да наметнува колективни идентитети и да произведува жртви. Феноменален. 

Израел даде наредба за почнување на офанзивата против Хамас

Израелските одбранбени сили вчера ја објавија наредбата генерал-мајор Јарон Финкелман, командантот на израелската Јужна команда, за започнување на офанзивата против Хамас и влегување во појасот Газа.

Не мора да имате лајмска болест за да го прочитате ова

Aко вашиот лекар ви каже дека причината е непозната, дека не може да се излечи и дека може само да ви препише лекови за намалување на симптомите, побарајте друг лекар. Телото е најдобриот лекар и ви треба лекар кој го разбира тоа. На телото треба да му се даде шанса.

Јапонците се од друга планета

Греат тротоари и капаци од веце шољи, во возовите имаат кади да си киснеш петици, доцнењето на нивните возови се мери во секунди (кај нас им се гледа на календар), во школите немаат хигиеничар(к)и туку децата сами одржуваат чисто, на работа можеш да дремнеш бидејќи тоа е знак колку си бил посветен и вреден.... И за да го маскираат своето вонземско потекло, сакаат безбол и фудбал. 

Истанбул излезе на улица да ја поддржи Газа

Ердоган е еден од најгласните светски лидери во поддршка на Палестинците и осуда на Израел. И на говори и на дело. За да покаже дека и Турците се со него, свика митинг во Истанбул.

Писмото на Џон Стајнбек до Мерилин Монро

Три години откако го напиша „Источно од рајот“, Џон Стајнбек (Глувци и луѓе, Плодови на гневот...) седнува да ѝ напише писмо на Мерилин Монро. „Јас знам дека ти не си создадена од божествен етер, ама тој не знае“, пишува нобеловецот, објаснувајќи една чудна молба за автограм. Баш шизичко писменце.

Стани си утре порано, инфлуенсај си до подоцна

Овдешните можеби уште уживаат во илузијата дека се занимаваат со нешто гламурозно, ама Индонезија е понапред со материјалот па таму капитализмот веќе ја има обликувано дејноста по своите закономерности (сериско производство, оптимизација на трошоците...). Да ѕирнеме во една тамошна фабрика за „контент креатори“: доаѓаш, се пикаш во собчето и осум саата „инфлуенсаш.“

Тишината умее да зборува

Деновиве на Генералното собрание на Обединетите нации му се обратија и палестинскиот и изралескиот амбасадор во ОН. Судејќи по приемот на нивните говори, односно аплаузите или тишината, сеедно, се дознава доста за светското расположение околу случувањата во Газа, малку поинакво од она што се добива како впечаток од западниот печат.

Дебилно значи вирално

Веројатно сте чуле за фамозниот термин “контент креатори“, една булумента ноубадис кои го трупаат интернетот со секакво ѓубре и, се разбира, имаат публика, пошто постои публика за секакво ѓубре. Трендовите им се најчесто глупи но овој меѓу израелските контент креатори е одвратен: да им се ругаат на јадниците во Газа кои живеат со вишок бомби а кусок вода и струја.

Израелски патриот сум, ама....

„Не ми зборувајте за симетрија. Не постои симетрија. Не ми зборувајте ни за конфликт. Постоеше ли француско-алжирски конфликт? Не, постоеше брутална француска окупација на Алжир која конечно заврши. Така не постои ни израелско -палестински конфликт туку окупација која мора конечно да заврши“, порачува наградуваниот новинар, автор и колумнист во Хаарец, Гидеон Леви.

ИДФ најде гориво за хуманитарците на Обединетите нации

УНРВА агенцијата на ОН што им помага на Палестинците во Газа на Твитер се пожали  дека нема гориво заради израелската блокада и дека ако во скоро време не добие ќе мора да ја прекине својата работа. Неочекувано помошта им пристигна од Израелските одбранбени сили.

Во Доминос пак гужва

Една од легендите вели дека во 1990-те сопственикот на еден од Доминос рестораните во Вашингтон, во близина на Пентагон, можел да погоди секој пат кога се подготвува некоја голема воена операција по гужвата во неговиот ресторан. Деновиве во Доминос пак има гужва, што и да значи тоа.