Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Околу куферите и аеродромите

Еве колку е компликувано некој да го отвори вашиот куфер, да се послужи и пак да го врати во првобитна состојба, без разлика колку катанци имате на него.

Акциони херои во чест на #movember

Како би изгледале акционите филмови, кога главните ликови би го испочитувале #movember. Може и вака.

Ако ова не е љубов

Таа има 26 години, тој има 42. Таа и е сестра на Ешли Олсен, тој му е брат на Николас Саркози. Дечко и девојка се. Своеволно.

Како прописно се чистат чевли

Знаете она кога ќе го земете сунѓерчето и ќе ги минете чевлите и мислите дека сте завршиле работа и сте ги исчистиле? Епа врска нема. Бонус: како се прават Луј Витон чевли.

За убавината и пред неа

Неколку пред и потоа моменти. Пред - кога ликот во нив е сосема нормално убав vs. потоа - кога ликот е убав според нечовечките стандарди кои се практикуваат.

Каде е, што прави?

Начинот на кој го изговара своето име со Хасап критериум, истоветната интонација и непогрешливиот трзај на главата нè потсети колку ни недостасува еден култен момент од нашите телевизиски животи. Повторувајте по нас: Биљана Секуловска, Биљана Секуловска...

Возење низ Русија (компилација)

Има возење, има возење на пијано и има возење во Русија. Ова последново е еден чекор пред да станеш бомбаш самоубиец. Едно правило нема што не прекршија, плус некои комплетно нејасни моменти.

"Драга Теа" на крек

Луѓето си имаат разни емотивни и љубовни проблеми. Луѓето често посегнуваат по совет од некој поискусен и поупатен од нив. А она, она е најјака на свет. Тој ја прашува: - "What can I do to get my girlfriend in the mood?" Таа му одговара: - "Wash your smelly ass and balls you nappy motherfucker you." Најјака!

Брза Помош по учинок

Не знаеме како точно е замислено тоа ама ако овие дечки од Брза Помош се плаќаат по учинок, тогаш или а) ќе добијат скратување што на колегите им отвориле дополнителна работа, или б) ќе добијат бонус што на колегите им отвориле дополнителна работа. Под услов клиентот да ја преживее оваа "лажи вере" кривина.

Како се "расипуваат" деца

Гостинка на Кoнан О' Брајан пред некој ден му беше брливата Сара Силвверман. Му покажуваше финти со мобилен и го тераше стегнатиот Ирец да се опушти во поглед на сексуалноста. Еве како тоа изгледа кога емисијата се пушта во соба со дете.

Сликите не се за гризење

Се вика Тјалф Спарнај и е намерачен на сликање храна. Конкретно, хипер-реалистична храна. Сериозно, премногу е добар и сè изгледа баш како што треба да изгледа.

Зошто треба да се учи

Објаснување во една слика.

Зошто Кавадарци треба да сади валеријана

Бре Кавадарци, од еден лав се исплашивте. Да видите во Скопје какви сè животни ни шетаат по улици. Туку, да се најдеме во тешкото па да помогнеме.

Хамбургерот на Френк Синатра

"Old Blues Eyes" бил махер за практични работи. Неговиот омилен хамбургер го правел во само три чекори. Во подготовката првенствено се потпирал на помош од својот френд Дин Мартин. Ги имаме оригиналните рецепти.

Така мрчи Лебовиц

Френ Лебовиц (1950.) е ортодоксна њујорчанка, жесток борец за правата на пушачите, своевремено ангажирана од Енди Ворхол, одрасната во еврејско семејство и според Венити Фер една од најелегантните жени на сите времиња. Пар мудри и дрски зборови произведени од ова нејзино фино биографско шаренило.

Заборавени спомени

Васко Серафимов и Гиле (Ел. Орг)

Зошто MTV веќе не пушта спотови?

Објаснувањево не е од никој надлежен од MTV или на кој било начин поврзан со телевизијата, ама го има веројатно најдоброто објаснување на темата. До крај на видеото некако ќе почнете да ја гледате и нивната поента.

Шесте збора на Хемингвеј

Легендата вели дека Ернест Хемингвеј еднаш се кладел дека може да напише приказна со помалку од 10 зборови а таа да може некого да расплаче. На мајсторот му беа доволни само 6.

Кога клиентот се разбира

Jacques Séguéla еднаш рече: "Не ѝ кажувајте на мајка ми дека работам во адвертајзинг агенција. Нека продолжи да верува дека свирам пиано во јавна куќа". Во чест на оваа напатена професија, мала збирка од идиотски барања на клиентите.

Човеково право да си глуп

"Научников" пред нас тврди дека нема ураган туку дека Земјата се врти многу брзо. Ете, тоа е големата привилегија од демократијата, што секој има право на свое глупо мислење.

Мини Тајгер Вудс

Во сенка на популарните спортови, досадниот мини голф си тера своја драматургија, со вистински махери на играта, олимписка посветеност, победи и падови. Да видите колку тоа сериозно се сфаќа.

12 поени за Мекфарлен

Пирс Морган од CNN дознава за бруталниот телефонски повик на Џон Стјуарт до Сет Мекфарлен од Family Guy по повод нивните различни ставови за штрајкот на холивудските сценаристи. И како мало глупо дете (читај: Саше Политико), го с'ска Фарлен да го искористи интервјуто да го шамара Стјуарт.

Хантер и Ричардс

Ако во ова интервју од 1993-та година инсистирате по секоја цена да ја сфатите смислата, може дебело да се разочарате. Сепак, прилично забавно бидејќи се работи за две зезнати величини: Хантер Томсон (Fear and Loathing) и Кит Ричард (Rolling and Stones). Како Сури да го интервјуира Кили.