Кога клиентот се разбира

Jacques Séguéla еднаш рече: "Не ѝ кажувајте на мајка ми дека работам во адвертајзинг агенција. Нека продолжи да верува дека свирам пиано во јавна куќа". Во чест на оваа напатена професија, мала збирка од идиотски барања на клиентите.

- Јас тоа го отпечатив, ама, анимираниот гиф не мрда.

- Не сум сигурен дека глобус и пасош доволно асоцираат на патување.

- Сакаме да изгледа вака, ама не исто. Некако сменете го ама да остане исто.

- Сакаме божиќната елка да изгледа природно и да биде виолетова.

- Знаеме дека рековте дека ќе биде анимирано ама ова е цртано.

- Ми се допаѓа. МОже ли само снегот да изгледа малку потопло?

- Пробајте сендвичот да биде поразигран.

- Може таа слика да биде малку поџез?

- Таргет ни се мажи и жени, од нула па нагоре.

- Многу ни се допаѓаат боите, само сменете ги.

- Ќе знам што сакам кога ќе го видам тоа.

- Може ли малку да ја стишаме опуштеноста а да ја засилиме забавата? За околу 25 проценти.

12 ноември 2012 - 11:42