Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Што им порача Тијаниќ на студентите?

На робустниот Александар Тијаниќ, новинар со угледна километража, можеше да му се фаќа кусур за многу работи: за неговите флертувања со глупи политички опции, за неговата бахатост, самољубие, шерифски стил на пресметка со неистомислениците... Но, овој негов говор пред студентите на политички науки е мастерпис кој мава директно меѓу рогови.

Harvard, the final frontier

Престижниот бостонски Харвард некогаш даваше лица како Френклин Рузвелт, ТС Елиот, Барак Обама, Томи Ли Џонс (да, да, бил цимер со Ал Гор). Што е најново од денешните студентите на Харвард?

Глувонема некоректност

На заебантите кои позајмуваат гласови во анимираната серија "Family Guy" им текнува дека прес конференцијата има и преведувач за глувонеми па решаваат на жената да ѝ ја извадат маста, нафрлајќи ѝ за превод мрсни зборови и експлицитно описни реченици. А царицата си го одработи хонорарот до последен факинг цент.

Лице кое раскажува

Еден од најекеспресивните ликови што сте ги виделе. И тоа не раскажува било што, туку виолински концерт на Паганини.

Копиљаци, не се дрогирајте

Намерно ја пуштаме оваа снимка за да се види како тоа јадно и очајно и тажно изгледа (ако некој воопшто верува дека е кул). Патем, немаме појма на која дрога се младиве ама ни изгледа како нешто скроз обратно од "спид".

Умот царува а силата во ѕид се мава

"Во човековото тело има доволно крв и за солидна ерекција и за правилно размислување. Само не во исто време". Оваа стара мудрост изгледа важи и за релацијата мускули - мозок. А плус да видите едни пријатели сожалливи што има дечково...

Тролање со мобилен

Финтата добра а дечково навежбан стотка: со својот мобилен на уво се приближуваш до некој што навистина зборува на мобилен и почнуваш да одговараш на неговите прашања. Збунка. Додека некој не ти влепи шамар.

Песна се од жанрот делеше

Како би звучел Џастин Бибер во метал верзија, Слипнот преработен за Дизни, Нирвана во реге а AC/DC во фанк? Пуштајте звучници, супер звучaт овие заебанции. Плус, не те јаде срам што го слушаш Џастин Бибер.

Музичка честитка од Македонија

Вистинско време да се потсетиме на оваа луда дружина: Апостол (режија), Мухарем (вокал), Обама (славеникот), U2 (свадбарскиот бенд) & Рамо (главна машка улога).

Американските избори ќе бидат прекинати?

Поради низа неправилности во гласачкиот процес при што најчеста појава е заокружувањето на името на кандидатот со користење на крајно неправилна кружна форма, како и бројните случаи на полнење на гласачките кутии во корист на само двајца учесници во трката, познавачите велат дека е можно претседателските избори да бидат прекинати. За попладне ДИК најави прес конференција.

Вистината за крајот на светот

Имаме прилично разумно објаснување за календарот на Маите чие предвидување дека светот ќе заврши на 21 декември 2012-та година предизвика глобална хистерија. Тоа е тоа.

Ајнштајн, кажи драгичка!

"Се плашам дека ќе дојде ден кога технологијата ќе ја победи човечката интеракција а светот ќе добие генерација на идиоти"

Види шта су ми урадили од песме, мама

Ова е стара маалска дисциплина, менување на делови од текстовите, за да се добие нешто од типот: "Гив ми роуп, Џоана!" (или како беше онаа од Глориа Естефан ор самтинг "... свињо дебела"). Десетина одлични "препеви" кои заслужуваат да станат официјални текстови од песните.

Гости

Треба да се оди на гости и да се примаат гости. На тоа се држи ова малку од нашиот живот.

Работнички Олимписки Игри

Секојдневно се натпреваруваат во различни дисциплини. Некои од нив веќе ги познавате, но еве ги на едно место - ѕвездите на РОИ, секој од нив поедеднакво фасцинантен како Усеин Болт или Мајкл Фелпс.

Грев или диоптрија

Можеби е добро што никогаш нема да дознаеме на кој алкохол, дрога или некое трето гајле се наоѓа овој јаден женски створ што вака упорно се обидува да си ги облече наочарите.

Комитско, Нов Зеланд

Хака е стар маорски танц со кои се изразуваат колективни чувства. Се користи често во Нов Зеланд, од различни групи и по различни поводи. Една од најчудните апликации е кога хака ќе заигра војската.

Сè за носот

Имаме две очи за да може да гледаме во 3Д, имаме две уши за да можеме да ја одредиме локацијата на изворот на звукот. Но, зошто имаме две ноздрви? Нели е пологично, како устата, да имаме една (добро, поголема) дупка среде лице? Не.

Led Zeppelin - Kashmir

Џими Пејџ призна дека им требале две години воопшто да седнат и да ги прегледаат снимките од повратничкиот концерт на Лед Цепелин во лондонската O2 Арена од 2007-ма. И уште три години да состават ДВД од тоа. И еве ја првата снимка.