Зошто Кавадарци треба да сади валеријана

Бре Кавадарци, од еден лав се исплашивте. Да видите во Скопје какви сè животни ни шетаат по улици. Туку, да се најдеме во тешкото па да помогнеме.

Видете, лавот е сепак мачка. А кај нас успешно вирее едно растение кое има фасцинантни ефекти врз сите членови на семејството мачки. Па, меѓу оние лози, фрлете по некое семе, за недај боже.

Кој не верува, имаме видео презентација: како реагираат големите мачки кога ќе се сретнат со валеријана.

13 ноември 2012 - 09:20