Канарски острови. 1930-тите. Кога од Големиот југословенски циркус кој гостувал таму избегал лав, жандармите почнале да пукаат. Марко Ѓорѓевиќ, директорот на циркусот, умрел бранејќи го.
Електричар оди да си ги наплати парите за работата што ја завршил, затоа што така е редот. Човекот кај кого работел наместо да извади новчаник, вади – лав, затоа што тој мисли дека така е редот.
На 5 години, на железничка станица некаде во Индија, Сару се одвојува од брат му и се губи. Судбината го носи во ново семејство, во Австралија. Но многу години подоцна мислата на домот не му дава мир. Со помош на Google Earth успева да се врати.