Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Луѓе од збор, и обратно

Ако ви понудиме сендвич, дали би нè бојкотирале? И нели тоа би било мазохизам? Сите овие зборови потекнуваат од имиња на познати, или помалку познати историски личности, научници и писатели.

Месечина, јој, јој

Добро, зошто дремеме тука? Зошто не сме во Велингтон, Нов Зеланд?

Фантастичната храна на Блументал

Хестон Блументал, сопственик на Дебелата Патка, 3 Мишелин Ѕвезди и човекот кој ја воведува молекуралната гастрономија, почнува со своето ново шоу - Fantastical Food. Тука имаме 15 епизоди од него.

Уметност на глава

Дајте му на човекот 90 секунди за да ви нацрта нешто. И нема да погодите што тој црта се додека не ви покаже како се гледа сликата.

Гадлив на вода

Чудесен материјал кој целосно одбива секаква течност од себе. Прашања од немирниот ум: што ако обложиш чамец? Лажица за супа?

Боб Марли е жив

Вчера ќе полнеше 68 години, да не се упокоеше. Ама, остајте ја неговата овоземна димензија. Типот и неговата музика и денес се живи и функционираат беспрекорно. Еве доказ за тоа:

Потеклото на белото месо

И денес го користиме тој израз, да го разликуваме белото месо од остатокот месо, најчесто од живина. А причината не е бојата туку срамот.

Мозокот на центрифуга

Нели од корен ќе го менуваат скопскиот Луна парк? Е па, еве ги нашите нарачки и научникот кој теба да биде најмен од Советот на Град Скопје.

Нaјдобрите рејверки, евер

Во комплетен дослух со своето тело, без трага екстази и ред бул во нив, го ситнат, растураат. Ајмо цури, да ве покажеме! 

Штики за хигиена у граду

Штики е едно пријателче кое треба да го имате и дома и крај себе. Да бидеме искрени, на Штики "му лепи рачето" ама токму затоа можеби ќе ви се допадне. Плус, луѓето се потрудиле видеото да го направат забавно и поразлично од останатите Топ Шоп реклами.

Камчатка, еве нè и нас!

Ова е одлична презентација за тоа зошто е измислен интернетот. Да можеме да кмишиме во нашите соби и канцеларии и одеднаш да се најдеме над Камчатка.

Магијата на акордите

"Loosing my Religion" од REM е една класична молска песна. Прештимана во дурска скала (а не е кавер, истата е), ја добивате истата песна со прилично поинаква емоција. Одлично!

Писоар маркетинг

Сакајќи да го фатат човек во најинтимниот момент, кога има најмалку работи кои би можеле да му го одвратат вниманието (без да ти влезат дома), рекламите решија да удрат на машките писоари и малку ја разиграат целата околина.

Има ли новинари меѓу хомосексуалците?

Контроверзна статија на еден македонски дневен весник ги размрда социјалните мрежи (Тејстбук и Арбитер) и го вознемири синдикатот на македонските хомосексуалци кој деновиве апелира до сите светски амбасади во земјава да извршат притисок да се престанe со "бркање вештерки" од нивните редови. Статијата ви ја пренесуваме во целост:

Сите реклами од Супер Боул 2013

Годинава го немаа Клинт Иствуд, ама затоа имаа фармер кој требаше да ја инспирира Америка, Бадвајзер удри на емоции, Тако Бел собра банда старци што сакаат да се журкаат, а Киа ја откри планетата од каде што доаѓаат сите бебиња (и животни и луѓе). Само за потсетување емитувањето на една реклама од 30 секунди, за време на Супер Боул чини 4 милиони долари.

Правда во РЕМ фаза

Рускиот судија поротник Евгениј Макно се извини и даде оставка на оваа функција откако се обелодени видео снимка на која се гледа како на неколку наврати прописно заспива за време на судски процес. Откако потребата за сон била задоволена, човекот против кого се водел процесот го испратиле на 5 годишна робија.

Како функционира вашиот мозок

За вовед: има два начина на кој мозокот ги обработува податоците - брз (да препознаеш куче, цвеќе, машко, женско) и спор (за решавање на равенки). Понатаму:

Луѓето живеат само 9 години

Најтажниот инфографик покажува дека просечниот човек од цел свој живот, успева да живее само 9 години.

Гласот на Холивуд булеварот

Демократија е кога секој има право на свое мислење. Да речеме за тоа како поминал годинешниов Субербол. Нема врска што Суперболот не ни почнал. Џими Кимел, царот за анкети.

Зграпчи ја анкетата

Откако заради притисоци Вест ја тргна својата - троа глупа - анкета на тема "Која македонска водителка би го интервјуирала премиерот без гаќички?," во име на суштинската граѓанска потреба да се поставуваат прашања, ја преземаме палката и воведуваме наша анкета. Тема е: "Кој македонски новинар сакате да излезе со муда пред премиерот?".

Спинување слогани

Компаниите имаaт слогани. Слоганите имаат конкретно значење кога се поврзани со одреден бренд. Значењето комплетно се менува кога слоганот ќе го ставиш на друг производ. Исто, ама не е исто, ви текнува?

Урбан потег на денот

Не сме сигурни колку се ефикасни нашите "богати и славни" пакетчиња бидејќи функционираат на база на претпоставен срам, а срамот е дефицитарна роба наоколу. Можеби казната за идиотите кои ни ги прават градовите грди треба да се испорача подиректно.