Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Кинеските пирати се закон

И не е толку проблем што се лоши копии, туку што во основа ова нема од каде да биде ископирано. Секако тука се и некои феноменални преводи.

Како Бијонсе ја замолчи Америка

На 8-ми јануари на инаугурацијата на Обама, Бијонсе ја има честа да ја испее химната на САД. Следниот ден се дознава дека таа всушност пеела на плејбејк. Цела Америка почнува да ја хејта и се качува на глава дека не ја бива за пеење и дека е превара. Бијонсе не одговара ништо сè до вчера, кога на прес-конференцијата пред Супер Боул, го зема микрофонот и ги замолува новинарите да станат.

Бич, плиз

Некогаш сите журналистички знаења не можат да помогнат колку еден нормален, уличен шлиф. Пазете како новинарката ја реши пијаната напаст: Ја праша кога последен пат имала сексуално пренослива болест, бидејќи тоа е темата.

Временска машина

Кој рече дека не е можно да се патува назад во времето? Стави му џоистик во рака на 84 годишен дедо и да видиш како за пар секунди пред себе го имаш истиот човек, кога бил дете. Со цивкање, со радости, со све!

Поздрав за 30 Rock

После 7 феноменали сезони на 31-ви јануари се емитува последната епизода од 30 Rock. Ова се најдобрите 50 моменти од шоуто што беше микс на феминистички коментар, гиковски реплики, критика на капитализмот и воопшто на денешните телевизии и нивните корпоративни сопственици.

Кога татко ти е дилајла

Кога си дете, не можеш да знаеш дека татко ти е малку кретен. Ама затоа може да се надеваш дека ќе се зачуваат доволно видео аргументи кои ќе му ги фукнеш под нос, кога ќе му бираш старечки дом.

Да се знае по нешто

На што троши Старбакс, за сеирот дека не е наша ексклузива, за тоа зошто во Танзанија не се прашува за вероисповед и уште дузина непотребни факти кои лесно се читаат и уште полесно се забораваат.

Како Твитер изгледа во живо

По некое време зјапање во сајтот на Tweetping добиваш чувство како да го гледаш светот како се буди и како си легнува. Сервисот ги следи сите твитови објавени низ цел свет и ги означува со по една точка. Утрово, по 15 минути гледање на сајтот Европа и Азија блештеа, потоа почна полека да се буди и западниот брег на САД.

Приказна за еден алфа волк

Нашиов алфа мажјак држи под себе глутница од 29 сибирски волци. Веќе долго време успева да ја оддржи својата доминација која најчесто ја демонстрира така што ритуално прв јаде од пленот додека другите мирно чекаат на својот ред. Некогаш им дава да му јадат од уста со што само ја манифестира својата супериорност над останатите. И само уште нешто, алфа волков има 79 години. И се вика Вернер Фројнд.

Ленс Армстронг, Creep

Ленс Армстронг испадна голем цреп. Црееп. На латиница: Creep. Така е, тоа е најавата (без допинг, толку).

Раѓање на октоподот

За оние што разбираат хемија, ова е обична реакција на NH4Cr2O7 со HgSCN. За сите нас останати, хорор од некоја ужасна вонземна технологија.

Кој е твојот потег?

Некогаш е доволно во ракав да имаш само еден адут за да се чувствуваш како шеф, бог и батина. Дали вреди да го вежбаш, не сме сигурни, ама да го имаш е добро.

Рекламите на Хумо

HUMO е белгиски сатиричен магазин. Често дава кондоми со списанието и прави некоректни и одлични реклами.

Кој ќе ја преживее апокалипсата?

Краток хорор филм од овогодинешниот Санденс. Како ли им текнало да направат филм во кој светов завршува затоа што идејата станала смртоносна? - Хеј, ми тек...

Нисон + Вили

Никој никогаш не бил повозбуден околу Лиам Нисон отколку овие двајца, плус па кога ќе го стават во комбинација со Брус Вили(с), незамисливо. Дел од "Key & Peele" шоуто на Комеди Централ.

Стрипување

Имате приказна и знаете да цртате. Правите од тоа стрип и, сепак, не сте задоволни од форматот. Одите чекор понатаму и еве го резултатот.

Графити од античкиот Рим

Кога Везув наеднаш ги поклопува градовите Помпеја и Херкуланеум во 79-тата година од нашата ера, некои објекти остануваат така конзервирани што денешните археолози можат да ги прочитаат дури и графитите по ѕидовите. Најинтересно е што добар дел од нив се исти ко оние од денешен кафиќ.

Мали италијански паланки

Додека да ѝ текне на наша Емили да напише по една репортажа од секое од овие места (и да донесе храна и вино за тестирање), барем да им е изнагледаме.

Усто моја прејди на друг

Бидејќи и наши медиуми почнаа да донесуваат демек сериозни заклучоци врз основа на читање од уста (следно, гледање на грав?), да ѕирнете колку лесно се манипулира со "кажаното". Овојпат, во забавни цели.

Како звучи Сонцето?

За да слушнеме како бучи Скопје, доволно е да се качиме на оној паркинг пред средно Водно. За да го слушнеме Сонцето, ни треба Роберт Александар.

Инстант драма на копче

Во зависност од тоа во каква врска сте, така варира и количината на драма што ја имате во животот. За тие што им треба малку повеќе драма, TNT сними уште една спектакуларна реклама за нивната телевизија, овој пат за Холандија. За потсетување, TNT бе истите оние што пред некоја година направија цела акциона сцена на еден плоштад во Белгија. Овој пат се уште подобри.

На лагата и е кратка технологијата

Многу интересна перспектива за побивање на многубројните теории дека Аполо не слетал на Месечината и дека цело време гледаме лажни снимки. Не се брани САД, не се докажува дека постоела технологија за да качат луѓе горе туку дека НЕ ПОСТОЕЛА технологија да се направат лажни снимки.