Да се знае по нешто

На што троши Старбакс, за сеирот дека не е наша ексклузива, за тоа зошто во Танзанија не се прашува за вероисповед и уште дузина непотребни факти кои лесно се читаат и уште полесно се забораваат.

Киднапирањето во Колумбија е толку раширено што постои специјализирана радио - станица на која семејствата можат со 30 секундна порака да им се обратат на своите грабнати членови. Некогаш се чека и до 6 часа.

Аеродромот во Хјустон добивал огромен број поплаки за долгото чекање на багажот. Управата го помрднала шалтерот за поплаки па одењето до него било подолго отколку чекањето на куферите. Бројот на поплаки одеднаш стивнал.

Моцарт има напишано парче за пиjано во кое мора да се користат двете раце и носот.

Старбакс троши повеќе пари за здравствено осигурување на вработените отколку за набавка на кафето.

Од 1967-ма година, во Танзанија при попис не се прашува за вероисповед, за да се спречи војна за тоа која групација е најбројна.

Галебите можат да пијат солена вода бидејќи имаат природен филтер за неа.

Ако ја посетите dictionary.com, страницата ви залепува 159 кукија кои потоа го следат вашето однсеување на интернет.

Дури и лажното смеење го подобрува расположението.

Тренер со најлоши резултати во историјата на кошарката на Универзитетот од Канзас е Џејмс Наисмит, човекот кој ја измисли кошарката.

Далај Лама има ветено дека ако науката успее да побие било кој аспект на будизмот, тој дел на будизмот ќе биде сменет.

Сеир не е ексклузивен термин на балканските народи. Еквивалент на сеирот (задоволство од нечија несреќа) има и во германскиот (Schadenfreude) и англискиот јазик (epicaricacy).

Русите имаат ослободено повеќе концентрациони логори отколку сите сојузници заедно.

Кога горилата Коко, фамозен по тоа што можел да комуницира со луѓето со знаци, бил прашан каде одат мајмуните по нивната смрт, одговорил: "Во комфорна дупка, пријатно".

Доколку Менхетн би бил населен со густина како Аљаска, би имал 14 жители.

Кафето го губи кофеинот со пржење па поцрното кафе има помалку кофеин од посветлите верзии.

99 проценти од Римјаните живееле во апартмани. Само еден процент имале индивидуален дом.

 

 

 

 

 

 

29 јануари 2013 - 15:02