Off Topic

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Во приватните медиуми толпата таму нема што да бара. Никаква правда „по кратка постапка“! Ако дозволите да завладее бран на јакобински бес – сетете се само на Француската револуција – на крајот ќе завршите така што ќе се свртите едни против други и меѓусебно ќе си кинете глави. 

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Некој со помош на вештачка интелигенција креирал слатко детенце со кринџ фалби за Македонија (сонцето грее, планините се убави...). Иако АПЛА се гледа дека ни дете постои ни бутур, наш народ почнува да му зборува, да го фали, советува.... Што правиме ние со вакви луѓе?? Утре некој ќе им направи ВИ видео од Исус и ќе ги убеди дека можат да одат по вода. Еден господ нека е на помош.

И државата има апликација

Гледам дека има доста недоумици, ама ко што сфаќам јас, еве за кои работи може, а за кои не може да се користи дигиталната лична карта/возачка дозвола преку m.Uslugi.

Денот на еден пилот

Видео дневник на еден пилот на патнички авион кој треба да однесе „роба“ до Швајцарија. Кај све не отиде, што све не успеа да направи. А ви се жалите дека со вашата работа не ви останува време за ништо. Ние може само да замислуваме што сè овој човек прави кога лета за Патаја.

Лесно е човек да ја засака Македонија и да ги разбере Македонците

Пар рефлексии на познатиот хрватски спортски новинар и поткастер Марко Петрак (5Rak) од посетата на Скопје. 1) Ако сакате да се најадете одлично и евтино, дојдете во Скопје, и ресторантската и фаст фуд храната им се најдобри. 2) Во Скопје сè е живо и работи. 3) За Македонците: Срчани се и најмногу ги мразат Бугарите и Грците. 

Има ли вистина после УСАИД?

Вистиномер повторно храбро се фатија во костец со уште едно од најгорливите прашања на нашето секојдневие: на кој јазик биле напишани Илијада и Одисеја. Не го нашле тие тоа на дебата во МАНУ, конференција на историчари или лингвисти или школски учебник. На Фејсбук (?!) нашле некоја си објава дека биле напишани на македонски па решиле да нè спасат од заблудата (која немаше ни да ја знаеме да не беа тие). 

До последно германско евро, до последен украински војник

Германската економија е во тешка повеќегодишна дефанзива, владата штотуку се распадна (и заради тоа дали најпаметно се трошат парите) ама постојат германски политичари кои се толку надвор од реалноста што се екстремно великодушни: Михаел Рот (цел живот политичар) на Трамп му го понуди следново: Ако САД се повлекува, Германија ќе ги преземе сите трошоци за одбрана од Украина.

Бурекот во мене

Сигурно ви се случило некогаш да се натепате мрсен бурек уште рано-рано сабајле па брзо потоа да се покаете пошто осеќате како таа топка тесто запиња некаде по стомакот и цревата. Тоа може да се опишува секако, но убедени сме дека го имаме најдобриот опис за тоа што всушност се случува во таквите моменти. Видео илустрација, музичка илустрација - перфектно!   

За комичарите кои престанаа да бидат смешни

Легенди од ноќните шоуа на американските телевизии од типот на Џони Карсон, не само што не тупеа за кого треба да се гласа, не само што делкаа и лево и десно, туку беа и ултра -забавни. Овие денес се обични партиски труби со ич хумор и се досадни како емисиите да им се викаат „Ве забавува Коља Мрак“ или „Лејт најт со Румена.“ Не е чудо што јаден Кимел се расплака откако ги дозна резултатите. Пирс Морган и Мегин Кели ги прават партал, со порака фашистите да си ги бараат во своите разбудени редови.

Затоа сме ние колективен зијан

662 е бројот на Јутјуб прегледи на концертот на групата Зијан, присутен на платформата повеќе од една година. Само 662! Пред некој ден имаа концерт по повод 42 години постоење и се вратија во МКЦ после 30 години. Беа ли ТВ екипи, ги исповикаа ли по емисии, за барем малку од малку да ги ублажат бљувотините, од Звезде гранда до турски серии, со кои со години систематски го урнисуваат духовниот имунитет на нивната публика?

Бодан, Циле, Хендрикс

Васил Тупурковски не беше уникатен социјалистички функционер само затоа што носеше џемпери кога задолжително се носеа одела. Циле не e габаритен човек само по физичкиот волумен туку и по животното искуство и широчината на неговата љубопитност. Чутура од Рибља Чорба пренесува што му раскажал Бодан Арсовски кога до него седнал Циле. Слушнете ја приказната и помислете, што ли би имал да раскаже, на пример, Бојан Маричиќ? 

Никшиќки Икс-фајлс

Градот Никшиќ има службена Лада, ама ја нема. Ладата ја нема година и пол и е пријавена во полиција. Ама и покрај тоа што ја нема и полицијата ја бара, во неа редовно се полни бензин на службена картичка.

Крафтверк, сефте

Настапот на Крафтверк на фестивалот „Рингишпил на младите“ (1970) во Соест, Северна Рајна Вестфалија, е најраната концертна снимка на пионерите на електронската музика. Таа година се формирани и се во оригиналниот состав. Публиката као малку збунети, ама, малку по малку, го фаќаат ритамот. Ожежи, мајсторе!

Бизнис лекција: Авансно плаќање

Девојката ја научи важноста да се обезбеди и осигура плаќањето пред да се обврзеш на договор. Дечкото е другар на брат ѝ и држи ДВЕ пластични чаши со вода. Понудата му гласи: Ќе ти дадам 20 долари ако ми дозволиш да ти истурам ДВЕ чаши вода врз глава. Таа не гледа проблем во тоа. Тоест гледа, ама малку доцна. 

Минута молк за поразените да се соземат

- Кој е овој човек, како има дојдено овде? - шокирано праша политичкиот коментатор на левичарските „Младотурци“, Ченк Ујгур, за гостинот кој ги заплеска сите оние кои се на пола копје од победата на Трамп. - Овде сум по покана, а дојдов со пасош, му враќа Пољакот Доминик Таржински (десничар, суверенист), член на Европскиот Парламент. Жестоко.

Ми има апетит малиот

Детска количка е за возење дете, ама за досетливи мајки, има тука место уште за триста работи, особено кога се оди да се пазарува. Жени вработени во маркет пленат и вадат сè што има напикано домаќинката кога решила и таа да види аир од малиот ем неговата количка.  

Камала во сите држави била бетер од Бајден во 2020

Во ниту една сојузна држава Камала Харис не успеала да собере повеќе гласови отколку нејзиниот шеф во 2020. На локално ниво има по некоја област во која го претркала, меѓутоа на сојузно се 50 спрема 0.

Како Трамп ги собра гласовите

Милиони од гласовите што завршија на контото на Трамп не се за него директно, туку се против десетици работи што изминативе години беа натурани како нормални и разбирливи.

Невидена уметност

На светов постојат преваранти, големи преваранти и уметници. Еден од нив е Салваторе Гарау кој има продадено скулптура за 18.000 доларчиња, со тоа што скулптурата е невидлива, тоест скулптура нема! Ама махери се за објаснување на „концептот“: „Гарау го оспорува поимот на физикалност во уметноста. Вакуумот не е ништо повеќе од простор полн со енергија, па дури и да го испразниме, останува да важи принципот на неопределеност на Хајзенберг“. Да повториме: скулптура нема!

Ја гледаме и ни се плаче

Додека Бил Гејтс сака да ги вакцинира кравите за да не испуштаат многу метан, во Велика Британија донеле закон за наследство кое ги опфаќа и земјоделците и фармерите и бара секој фармер кој ќе сака да го остави имотот на своите деца, да плати за тоа. Девојката од видеото вика дека данокот е 20%.  Кој сака повеќе до дознае на темата, нека гугла. Ние би да ви го покажеме селанчето. Капка.

Мира Бањац полни 95 години!

На денешен ден во 1929 година, во војводинското место Ердевик е родена Мира Бања, легендарна глумица, веројатно најголемата жива ѕвезда од југословенскиот филм. На театарската сцена беше одлична партнерка на чудесниот Зоран Радмиловиќ а на филмското платно беа извонредна двојка со фасцинантиот Данило Бата Стојковиќ. На 95 години Бањац е активна но живее мирно и се грижи за болниот син. 

Кралот и премиерот пречекани во поплавените региони на Шпанија

Во поплавите во Валенсија загинаа речиси 220 луѓе, башка уништените животи и милијардите евра штета направена на жителите во регионот. Тој со чадорот е кралот, тој во џипот е премиерот.

Како се победуваат параноични? Признај им сè

Сакајќи да демонстрира луцидна перцепција и да покаже дека тој истражува подалеку од другите, репортер на Њујорк Тајмс забележува дека крајните десничари од групата „Proud Boys“ биле горди што Такер Карлсон носел црно-златна вратоврска на митингот на Трамп во Медисон сквер гарден, што се нивни официјални бои. - Дали со тоа ги подржувате? - прашува тој. -  Ме фати жив, умен тој - му одговара Карлсон.

Инфлуенсерски сновиденија

Рики Џервејс ги трола оние инфлуенсери и други ѕвезди кои не само што решаваат политички да подржат некого туку притоа фаќаат да објаснуваат колку е тоа важна историска одлука, како е неопходно да победи вистинската опција, како ќе се отселат од земјата ако победи другиот.... На таквите не треба ни да им смислуваш ништо посебно, доволно е само да ги повториш нивните зборови, за да сфатат колку надмено и глупо звучи тоа. Ваљда.

Трамп е мастер трол

Ден по изјавата на Бајден дека фановите на Трамп се ѓубре (види овде), изјава која е толку несреќна што се толкува и како одмазда на Бајден за Камала бидејќи со оваа изјава тој му сервира победа на Трамп, златокосиот се возеше по Америка со брендиран камион за ѓубре, држеше митинг облечен како ѓубретар а неговиот поддржувач Вивек одработи смена во комуналното. 

Остани ѓубре до крај

Новинарски ведети и тешкаши од CNN, MSNBC и слични „бањати“ медиуми се редеа пред екран за да ја изразат својата згрозеност и огорченост од тоа што стендап комичарот кој го отвори митингот на Трамп во Медисон Сквер го нарече Порторико пловечки остров од ѓубре. Приказната ја закуца и затвори (во сосема друг правец) Дементниот Џо кој симпатизерите на Трамп ги нарече - ѓубре.

Дивоградбата Жозелин

„Жозелин, ти си најубавата жена на светот!“ ѝ вика папарацо новинар на швајцарската богаташка и џет-сетерка Жозелин Вилденштајн, откако таа во Париз го покажа своето ново, најново, чичка ново лице. Ете, така тоа функционира. Некој ќе им каже (или ќе им напише во коментар на Фејсбук) дека се најубави и тие стварно ќе поверуваат во тоа. За среќа, многу од оние што се лабилни како Жозелин, немаат толку пари за да се унаказат како неа.

Акција - реакција

Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, соопшти дека полициското разузнавање дошло до информации дека во едно предградие на главниот град Сан Салвадор, се кријат луѓе од една  банда. А потоа го објави ова видео во кое ќе видите како е реагирано: со 2.000 војници и 500 полицајци, за да се извлече секој од бандата, до последен. Претходно предградието било опколено со мрежа. 

Даските што Голф значат

Со оглед на тоа што легендарната Голф Двојка беше лансирана во праисториската 1983 година, не е чудно до 2024 година да ја изеде 'рѓа. Газдата на овој комад имал баш таков проблем, особено со подот на Голфот кој веројатно бил скапан. После овој сервис гарантирано веќе никогаш нема да има проблеми со 'рѓа. Со црви, тоа е друга работа.

Колку се полоши анкетите за демократите, толку поужасни луѓе почнаа да вадат

Викторија Нуланд, божицата на војната и биолошките лаборатории во Украина, ретко ужасно човечко суштество и заедно со Хилари и Олбрајт, почесен член на најгеноцидното женско трио што некогаш излегло или владеело со САД.