Се сеќава дека била дрско и отворено дете. Татко ѝ Теодор бил офицер на американската армија а мајка ѝ потекнува од угледна фамилија од Срем. Се земале млади а Теодор потоа се вратил во Америка и Мира никогаш го нема виодено својот татко.
„Мајка ми беше несреќна што играм само грбави, шантрави и грди а другите играат заводнички. - Тие сигурно одат кај директорот и си бараат а ти ќутиш и што ти дадат - тоа“, вели Мира Бањац во едно интервју.
Неодамна изјави дека не се чувствува како да има толку години. Скоро била на систематски преглед:
„Кога докторот ја виде снимката од моите бели дробови, беше убеден дека сум непушач. Кога му реков дека палам една по друга, се шокираше. Ми објасни дека тоа е можеби така затоа што пушам на муштикла“.
Многу се имаат дружено со Павле Вујисиќ кој сакал да ѝ рецитира поезија, Милена Дравиќ и Драган Николиќ ја обожавале, поетот Мика Антиќ едно време живеел кај неа.
Има околу 300 улоги, само во претпоследната деценија на минатиот век имала 52 филмски улоги, тоа се пет годишно!
Своевремено била одбрана да му оди на Тито на роденден. Пријателите од Нови Сад ѝ дале задача да му го спомне нивниот театар кој се гради, што за Бањац, како млад комунист, била сериозна задача.
Му пришла на Тито и му го спомнала театарот:
„Зошто мене ми кажуваш? Јс не сум ѕидар. Кога ќе дојде до браварски работи, нека ме бараат,“ шеретски ѝ одговорил Тито.
„Беше подуховит од многу глумци,“ вели таа.
Последните три години, после една сообраќајна несреќа, живее поповлечено и во своите деведесетти години се грижи за болниот син Бранислав. И натаму е активна и се појавува во проекти, но оди и на пазар, готви, чита книги и оди на претстави. Живее во Војводина бидејќи Белград сепак ѝ е пренапорен.
„Никогаш не би се вратила во младоста. Мојата младост беше една голема забуна, една голема мака, големо незнаење и страдање. Сè што имам добиено, го добив со зрелоста и благодарна сум ѝ на мојата зрелост.“
Секоја чест.