Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Амазонец во Њујорк

Татко му е поглавица, тамошен еквивалент на Барак Обама. А дечкото, онака, природно мудар. Споделува впечатоци за новиот град, луѓето, технологијата, богатството... И дека кога човек патува со авион, душата му пристигнува малку подоцна.

Најсмешниот најнесмешен

Проследете ја урнебесната точка на духовниот брат на нашиот омилен македонски комичар. Допелгангерот на Стеф е толку лош што го одушеви Сајмон.

Канцелариска марфологија

Франков закон на работно место
Ако уживаш во она што го работиш, многу е веројатно дека нешто работиш погрешно.

Харингтоновиот закон
Чистото биро е знак дека фиоките се претрупани.

Украина има талент

Кога ќе ја видите во каква облека се појавува на сцена ќе останете подзинати, кога ќе ја видите што прави на шипка ќе ви дојде сите златни медали од Олимпијада да и ги дадете. Има 23 години, доаѓа од Киев, Украина, и се вика Анастасија Соколова.

Што мислеле буџите за Блејд Ранер

Одбивајќи ги Битлси, цепаниците од Decca Records  своевремено ја направија најголемата грешка во музичката историја ("гитарските бендови се аут, Битлси немаат иднина"). Сличен сенс имале и продуцентите на денес култниот филм Блејд Ранер на Ридли Скот. Во продолжение, забелешките на тројца луѓе од Тандем Продаккшн кои го финансирале филмот и притоа се апсолутно се слепи за она што го гледаат, оценувајќи го како смртоносно досаден и конфузен. "Филмов со секое гледање станува сè подосаден," ќе запише еден од 'визионерите'.

Што возат најбогатите?

Бидејќи парите не се проблем (во нивниот случај - пари има), изборот на автомобилот зависи единствено од вкусот и од ќеифот на газдата.

Можете ли да слушате облици?

Како што некои луѓе умеат да ја "вкусат" бојата, така постои и асоцијативна музичка визуелна интелигенција, способност да се "слушаат" форми. Има и онлајн тест за оваа способност. Додека се наштимате, првите неколку облици веројатно ќе ги утнете, а потоа можно е да ви тргне.

Прохибиција на руски начин

Само знаеме дека ова се случува во Русија, не знаеме ниту кога, ниту кој е ликов, ниту што е проблемот.

Не беше Ленка родена за тие пусти таблети

Илјадници луѓе во светот се радуваат што нашле таблет за 50-тина долари (добар е бе, врши работа) и исто толку ќе се нервираат што во сервис нејќат да им го поправат. А бекстејџот изгледа вака. 

Децата и нивните играчки

18 месеци му биле потребни на италијанскиот фотограф Габриеле Галимберти да ја комплетира својата "Toy Stories", серија фотки од деца од целиот свет сликани со она што им е најдрагоцено - играчките. Галимберти сакал да ја покаже универзалноста на детството, наспроти сите разлики во кои децата живеат. "На таа возраст, сите се исти, само сакаат да си играат", вели авторот кој признава дека во побогатите средини, децата биле попосесивни кон своите играчки и не ги давале лесно. Посиромашните деца со радост споделувале со него, иако имале само по две-три играчки.

Кога разводот е песна

Разводот е една од легитимните опции кои ги нуди бракот. Друга опција е да трпиш, поради некоја (или сите заедно) од следниве асоцијации за развод: неуспех, тотален неуспех, пустош, ничег више нема јој, емотивен лом, финансиски крш, гнев, омраза, одмазда, што ќе рече околината, како со децата.... Џонатан и Ајвори биле 5 години во брак. И решиле да се разведат.

Одмазда на потрошувачот

Сакале тие еден леб се додека не се израдувале што дочекале "нова и подобрена формула" од истиот леб. Па купиле цел пакет. Имаат тие и свињи ама им е греота за нив, па направиле видео после кое оној што го прави лебот, веројатно размислува како побрзо да се префрли на продажба на сунѓери. 

50 секојдневни митови

Викинзите никогаш не носеле рогови. Ајнштајн не паднал на математика во основно. Суши не значи сирова риба, туку скиселен ориз.

Елен е закон

Прво, точно, лесно им е кога имаат пари. Второ, да, си направија реклама. Трето, нормално, го прават заради гледаност. Четврто, ништо од ова нема да ви важи откако ќе го изгледате клипот. Елен, на гости ја има девојката што после 29 години прв пат почнува да слуша.

Секое ‘Yea’ во една песна

Препознатливот извик на Хетфилд од Металика, од прв до последен, собран во една песна. Од деби албумот од 1983-та Kill 'Em All до EP-то Beyond Magnetic од 2011-та.

Како до светски мир?

Да престанат војните, да се сопре крвопролевањето, да прекинат ѕверствата.... Е, како де? Разоружување, мирољубиви маршеви, гив пис а ченс собиранки? ЛСД му е мајката, тоа го знаат Британците уште од 60-тите години на минатиот век. Армиите да пукнат - од смеење.

Инстаграм фотки за луѓе на кои животот им е премногу досаден

Сајт за сите што имаат Инстаграм, ама немаат ништо интересно да објават (или барем они така мислат). Колекција на слики, поделени по категории (забава, шетање, коли...), подготвени да ги ставите на Инстаграм и да изгледате поинтересно.

Сајт за опуштање

Содржина - пејсаж од идила (река, езеро, море, дожд, ливада) а во позадина оди автентичниот звук што би го начекале ако навистина сте таму. За тие што и покрај тоа нема да знаат да се опуштат, има и една тетка што ќе им помогне.

Ќе има ли и втор дел од филмов?

Затоа што одамна никој никого нема побарано за жена на телевизија или во јавност (да видиме и ние некоја ќар од целата напнатост периодов) еве едно увозно видео на темава од Полска. Девојката седи во кино, зетот пристигнува преку филм.

Пријателите се познаваат пред лихварите

Другар ти се јавува во 3 часот наутро затоа што му требаат 300 евра, бидејќи изгубил на покер и мора парите одма да им ги даде на лихвари. Дали ќе помогнеш?

Каде отиде?

Стварно, што фали да цапнеш во некоја баричка, плус кладба е во прашање, можеш долар да си земеш без многу мака.