Што возат најбогатите?

Бидејќи парите не се проблем (во нивниот случај - пари има), изборот на автомобилот зависи единствено од вкусот и од ќеифот на газдата.

Најбогатиот на светот, Карлос Слим, вози Bentley Continental Flying Spur. $300,000.

Бил Гејтс - Porsche 959 Coupe, еден од 230-те колку вкупно ги има на светот.  Беше потребно Клинтон да потпише за д може Гејтс да говози ова ПОрше бидејќи немаше оценка за краш-тест. Денес аутцето вреди околу $400,000.

Вториот на светот, Алис Волтон кој го поседува ланецот Волмарт, ужива во камионетчето Ford F-150, кое вреди 40.000 долари.

На Закерберг му е доволна црната Acura TSX. $30,000.

Стив Балмер вози хибриден Форд, 19.000 долари.

Могулот на лап-топите Мајкл Дел е со својот Porsche Boxter од 2004-та. Нов вреди 80К, а се наоѓа на старо и за 20.000 долари.

Вдовицата на Стив Џобс е со сребрен Audi A5, почетна цена $37,000.

Тајкунот од Гугл Ерик Шмит моментално е сосема задоволен со својата еко-френдли Toyota Prius од $11,000 во која сонува за автоматизирани автомобили.

Еве го царот на ефтинџиството. Каков му е мебелот, таква му е и колата. Основачот на ИКЕА Ингвард Кампард го брмчи ова Volvo 240 старо 20 години. На пазар би вредело 1.500 долари.

19 март 2013 - 11:31