Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

А како можеше да биде

Деновиве својот 66-ти роденден го прослави Мит Ромни, републиканскиот кандидат кој можеше денес да биде претседател на САД. Набргу и кај нас ќе има вакви славења.

Вита става кликачка

Добрата вест е што со кликање на маусот навистина трошите калории. Лошата - за да потрошите еден хамбургер треба да го свртите цел интернет.

Play again?

Колку малку и треба на една планина да ти направи рестарт и да те врати десет нивоа назад во играта.

 

Познавате по фаца?

Ова е популарен ТВ формат кој се темели на вечната дилема дали човекот е добар и доверлив или е ѓубре скапано. Двајца играчи имаат по две топки (делам и земам). Можат да се договорат да делат и двајцата да земат многу пари. Ама ако еден реши да земе (а другиот да дели), првиот зема мнооогу пари, а другиот го пуши. Ќе гаѓате што ќе биде?

Автохтони градски видови: Ранета газела

Не баш ретка но секогаш одново тажна сцена од урбаните џунгли. Кога малата се спремила да биде лавица а завршува како ранета газела со поткршени нозе. Не се секирајте, ранетата газела не е загрозен вид бидејќи поседува фантастична способност за размножување. Објаснувањето е сосема природно- научно: со оглед на проблемите кои ѝ ги создава одењето, најкомотно се чувствува во легната позиција. 

Позади Беи Д Фиш

"На сите тачно ни е јасно што се дешава ама секогаш избираме да свртиме глава".

Техно палачинки

Каков цар! Видел тој по Јутјуб дека многу добро проаѓаат оние улични продавачи кои знаат жонглерски и други финти па развил своја уникатна техника која се темели на комплетно непотребни потези и тикови. Запазете го колку е вешт и возбудлив!

Кејв во Русија

Nick Cave and the Bad Seeds, Москва, 1998. 45 минути

Порното пред да биде порно

Девојките од порното додека се уште во цивилка, пред да ги допре шминка, пред да застанат (залегнат) пред камера, пред да се претворат во порно ѕвезди.

DRM столица

DRM е една од поглупите технологии за заштита на авторските права во денешно време. Во основа оваа технологија му дозволува на сопственикот на авторските права сам да одреди кога и како ќе користите нешто што веќе сте го купиле од него. На пример, дека еден филм (што сте го платиле) можете да го гледате само еднаш, или дека некоја емпетројка може да ја пуштите само на еден компјутер или на еден плеер (без разлика што и двата се ваши). Колку е глупа целата технологија најдобро ќе ви долови примерот со ставање на DRM на столица.

Здраво комшија

Чисто онака, една слика, како ќе изгледаше хоризонтот докoлку наместо Месечината, на исто растојание го имавме Јупитер.

Старецот и змијата

Змијата е навикната да предизвикува паника и ужас меѓу луѓето, сè додека не наиде на еден ваков дедо, левел Робокап.

Сендвич, одма

Мрзата е мајка на иновацијата.

Урбани носталгии

Една од убавите особини на скопјани е што знаат да бидат носталгични во однос на својот град. Една од најнеподносливите особини на скопјани е кога целиот однос кон градот им се сведува на носталгија. Небаре само нивниот град, младост, маало, залисток и целулит се промениле.

Кој тоа зјапа?

Мала компензација за сите оние мажи на кои девојките им мрчеле зошто зјапаат во нечие деколте или позадина. Истото видео е и помен за сите оние мажи кои некогаш поверувале дека големината не е важна.

Најлошите на свет

Замислете да се спојат Лени Рифенштал и нејзината режисерска сугестивност со, да речеме Вим Вендерс и неговата естетика. Замисливте? Е па сега замислите скроз обратно.

Истражувачко сурфање

Наполнете си го мониторот со 320 гигапиксели од Лондон. И после шарајте наоколу и зумирајте. Треба ли да ви кажуваме, вакви работи се прават за да барате цицки на некој прозор.

Кој не слуша, ќе повторува

Оние генерации кои растеа во екс Ју имаа среќа на телевизија да ги имаат вистински лекции за животот. И несреќа да се уверат дека ништо, ама баш ништо не научиле.

 

Пантон палета што може да ја разбереме

Верзија на Пантон што и машки ја разбираат, составена од сите основни групи на јадења: сувомеснатно, кашкавал, леб, кечап / мајонез и сланина.

Како се обраќаше Чавез

Легендарната порака до Џорџ Буш.

Во Тајланд, на количка

Кај нас во парк количките продаваат шеќерна волна и тоа (атер на детството и колку сме ја лапале) е океј. Во Тајланд продаваат инстант ролни сладолед што ти ги прават во живо. И тоа е многу по океј.