Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Што кога парите не би биле пречка?

Како би сакале да го минете својот живот? Онака искрено, како би сакале? Да, така е, парите... Но, што би правеле кога парите не би биле пречка? Убаво е секој за себе да си одговори на ова прашање, пред или откако ќе го слушне мислењето на британскиот професор по филозофија, Ален Вотс.

16 инфографици што ќе ви се најдат во живот

Затоа што луѓето не сакаат да читаат, а и сликите секогаш се поинтересни (плус целата равенка слика = 1.000 зборови), инфографикот се претвори во една прекрасна алатка за некому да му кажеш нешто што тој никогаш не би седнал да го прочита или не знаел дека го интересира.

На врх брда врба мрда

Слично како што Албанциите имаат тешкотии да ја изговорат буквата "х", пијаните да кажат "Фашистичка Шпанија" (што, не сте пробале?), а жените да изустат "Во право си", има нешто во говорниот апарат на Германците што ги кочи да изговорат - "squirrel". Аха! Да видите само како им трокира вилица на тоа.

Што сè може да се слави во март?

Има луѓе кои и предвремено се плашат од уште еден 8-ми март и неговите вонвременски параметри (цвеќенца и парфеми, пригодни тв емисии, жени од фирма собрани на пилешки прсти и вино...) ама мислат дека ќе стиснат заби и ќе издржат. Е па не баш! Март е идеален месец за оние кои сакаат секој ден да имаат некој повод за славење. 

Наочарите на Гугл 2.0

Наочарите на Гугл се еден од најочекуваните гаџети во последниве децении. Иако самата идеја е прилично блесава (дека кога гледаш нешто, глупо е само да гледаш туку ти требаат и дополнителни информации), Конан има уште поблесава идеја во кој правец би можел да се развие изумот.

Раскинување на денот

Таа сака да го проба најновото адреналинско лудило, скокање во клисура. Ама ѝ фуфка. Нејзиниот дечко ја храбри, зборува, одбројува. 45 минути траело пишманењето. На крај, тој решава да ѝ помогне да го направи решавачкиот чекор. Сега таа е жива, тој е сингл.

Клаперката на Тарантино

Клапер е оној што пред секој снимен филмски кадар мава со тоа таблата и го изговара бројот на сцената, за да ја олесни подоцна монтажата. И изговара стандардно, број на сцена а ако има буква, тогаш пилотски (фокстрот, јуниформ, чарли, кило). Досадно. Освен кај клаперката на Тарантино.

Ама зошто?

Цепаницава ја замолил жена му секое сабајле да го буди со шлаканица. А таа нејќе да му го крши меракот. Еве ги резултатите.

Лажица за диети

Можеби не треба да се менува диетата туку начинот на кој се остварува. Производителот на оваа генијална алатка гарантира дека можете да јадете што сакате и колку што сакате, сè додека храната ја земате исклучиво со ова:

Зошто некои луѓе слават два родендена?

Затоа што живеат, живеат и - бам! - пак живеат.

Козметичарите со маус

Ако сме искрени на тоа "пред" воопшто не му требаше "потоа," ама луѓето имаат работа да завршат.

Живот програмерски

Прва работа е дека програмирањето никогаш не изгледа како на филмови, втора работа е дека програмирањето никогаш не изгледа како што тие над тебе го замислиле, трета работа е дека програмирањето никогаш не изгледа како што ти самиот си го замислил.

Таму каде што Тесла застана

Мустаклијава направил една голема, автоматизирана механичка шклопоција чија единствена намена е да ги раздвојува оние сендвич колачиња, со крем во средина. Кој направи слично за одвојување на желето од тестенцата на Ресана/ Јафа, му одиме на презентација.

Картографија

Како изгледа светот по критериуми кои не се само географски.

Актуелна ситуација

Кога член на СДСМ добива информација дека на партиската табла е објавен последниот и дефинитивен став на БЦ околу изборите.

Јас се одјавив

Девојчето фино лепо си падна во несвест додека води тв емисија во живо. Не го објавуваме за да ѝ се ситите туку да си го замислите својот најнеомилен телевизиски лик како постојано вака се одјавува.

Стартот

Драмата додека да падне знаменцето. Кога Тарантино би режирал Формула 1 (барем до стартот).

На Дејвид денот му е линчовски

Поминете 15 минути заедно со Дејвид Линч и неговото нај - најобично секојдневие. Исто како да му гледате филм; абер немате што се случува, во секој момент очекувате да се случи нешто што ќе ве ужасне ама па, убаво ви е.

Новинарска трикотажа

Екипата на Конан О Брајан прибрала импресивна колекција примери од кои ќе се уверите дека зад обичните новинарски најави стои огромен напор и креативен труд.

Спремни сте за вистината?

Го памтите перкусионистов кој мава по четири газиња а го објавивме пред некое време? Ако тогаш се напаливте, ова што сега ќе го видите најверојатно нема да ви се бендиса. Нормално, секогаш можете да кажете: ма, знаев јас!

Клип против облачноста

Леле, леле, кога ова ќе стане стандардна опрема на хипстерите на дојранското крајбрежје. А ние лузерите олабавено седнати во Нота или Фук-Так. Тоа се вика Вин - Вин иднина.

Интернет Оскари

Во избор на сајтот CollegeHumor, потсетување на некои вредни интернет моменти од минатата година кои заслужуваат Оскар. Ние најмногу би се радувале на победничкиот говор на девојката со циметот, само да не седиме во првите редови.