Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Руски Пиксар

Во Америка треба да ги ангажираш магионичарите од Пиксар за да добиеш ваков лик. Во Русија ти треба само доброволец што ќе скока со банџи. Супер лик, за малку очи ќе му излезеа од страв.

Корејска фаланга

Показна вежба на јужнокoрејските специјални сили за справување со насилни демонстранти. Кореографија каква што немате видено. Изгледа увежбани се уште кога му правеа слетови на Тито. 

Игра на троновите 3. сезона

Со посебно задоволство ви го прикажуваме првиот трејлер од третата сезона на Игра на троновите. Би требало да ве држи до премиерата на 31. март.

Ајде да летаме

Пробуваме ние тоа уште од Дедал и од Икар ама еве ги вистинските мајстори кои се родени за работата. Нам секогаш најдобро ќе ни оди да си летаме со паметот.

Тоа мора да е љубов

И тоа како е љубов! Лјубов Понкина и бендот. Русинка, од оние најнежните, мислиш само гласот ја држи цела. Си седат тие во таа ладна Русија и се греат со убави и стари македонски песни.

И Кина има мака со споменици

Она што сакаме да нагласиме во оваа прилика е дека ова не е предлог, туку само една разгледница од Кина.

Приказната за Сталоне

Не целата приказна, туку делот кога е жив клошар, спие на автобуска и сосема случајно му текнува едно легендарно сценарио. Натаму сè знаеме.

Машки породилни маки

Многу мажи кои дури и на филмови ги мотаат напред сцените со породување, сега ќе видат зошто се среќни: двајца дечки првпат во живот гледаат вистинска снимка од дејствието. Елиен!

9 секунди метеорска драма

Шокот, изнанедувањето и реакциите на еден просечен Русин кој е сведок на несекојдневно паѓање на застрашувачки метеорит додека вози автомобил. Сумирано во девет секунди.

И ова да се воведе на Олимпијада

Некои луѓе бегаат од бикови, некои бркаат пита кашкавал. Ова второво воопшто не е наивно како што звучи.

Науката зад зависноста од порно

Насловот е прилично јасен.

Човек и куче

На тема, човекот е најдобар пријател на кучето, руска видео приказна со хепиенд.

Џаначиња

Сè што ќе видите во 24-те минути на овој документарец е попогрешно и поужасно од невкусниот наслов на овој вовед.

Како да станеш Папа

Прво не треба да си женско. Второ, не треба да се крстиш со три прсти. Трето, треба да го имаш веројатно најкомплицираниот прогрес во кариера. Четврто, и сето ова да ти се погоди никој ништо не ти гарантира.

Изградбата на Њујорк за Авенџерс

Знаеме како заврши Авенџерс и знаeме колку пари направи. Знаеме и дека имаат користено блесаво многу компјутерски ефекти, само не можевме ниту да претпоставиме колку многу е тоа.

Миша звани тетоважа

Миша е оној кој ќе ве спаси од лошата тетоважа за која се каете дека ја имате. Како ќе го направи тоа Миша? Така што актуелната тетоважа ќе ја направи уште полоша. На пример, имате тетовирано орел, Миша ви го редизајнира во - орел кој повраќа! Толку е добар што ни доаѓа него да си го тетовираме.

Градот на кодошите

Атертон се наоѓа во Калифорнија и важи за најбогатото место во САД. Има приближно 7 илјади жители а просечна цена на една куќа во местото е 4 милиони долари. Џабе да ви ја дадат, верувајте, нејќете да живеете таму. Да видите какви сè проблеми имаат кутрите атертонци и за што сè викаат полиција.

360 степени Бек

Бек импресивно ја најави својата намера да прави преработки на песни со фантастичен, 360 степени интерактивен поглед на неговата верзија на Дејвид Боуви. Вреди да видите и слушнете до кај е отидена работата.

Џими Кимел го расипа и Валентајн (барем за некои)

Пред Денот на заљубените тој објави "апел" во кој побара од мажите за 14 февруари наместо цвеќе, накит, чоколадни бомбони, на своите партнерки да им го подарат најлошиот можен подарок.

А сега мафни и на камерата

До сите смислувачи на скриени камери или рекламни кампањи, како што е овде случајот: тоа што на жртвите на крај ќе им кажете дека сте се шалеле, не значи дека не сте им го скратиле животот.

За луѓе со Скајп

И ние имаме Скајп, и тие имаат Скајп. Еве ја разликата:

Како изгледаат 200 калории

Чисто за понатамошна референца во животот, еве како изгледаат 200 калории (секоја чинија има по 200, не сите заедно). Во спротивен правец, (ова се разликува од човек до човек) за да симнете 200 калории би ви требале околу 30 минути возење велосипед со брзина околу 13 км/ч.

Обичноста во повторување

Анимираните гифови се одличен формат за прикажување и овековечување на ретки и интересни моменти и ситуации. За приказ на баналноста се уште подобри.