360 степени Бек

Бек импресивно ја најави својата намера да прави преработки на песни со фантастичен, 360 степени интерактивен поглед на неговата верзија на Дејвид Боуви. Вреди да видите и слушнете до кај е отидена работата.

Бек ја одбира "Sound and Vision" од Боуви. Прави аранжман за оркестар од 170 луѓе. Се навежбуваат. Утрчува режисерот Крис Милк и прави од тоа несекојдневно доживување.

Чудото е ТУКА (потребна е трпеливост за да се наполни материјалот).

Што се добива? Таму сте, на концертот, бирате од кој агол ќе гледате а ако имате слушалки, тогаш чудесијата е комплетна бидејќи снимката е правена од сите можни агли на концертната хала.

Додека се полни горното чудо, еве како изгледа тој организиран хаос на обична снимка:

 

 

20 февруари 2013 - 13:51