Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Канцеларии за колективен мерак

Компанија сред Њујорк изнајмува простор од 1.700 метри квадратни, далеку повеќе отколку што и требаат ама тоа не е случајно. Зафаќа место колку што и треба, а остатокот го остава за други. Планот и е во празниот простор да смести (за кирија) колку што е можно повеќе стартапи, затоа што сака да се опкружи со креативни луѓе и да создаде заедница со нив. Резултатот - канцеларии од бајки.

Портретот на моето семејство

Италијанската фотографка Камилја Кантрамбоне зема да прави портрет на своето семејство, со тоа што во сликите нема ниту еден од нив, туку само предметите кои тие ги поседувале и биле околу нив.

Боите на Сони

Сони вади нов телевизор и инстантно ја користи шансата да фати повторно да си игра со бои. Не се топчиња низ Сан Франциско или конец низ Египет. Овој пат се во студио со многу канти боја. (+ снимањето на спотот)

Интервју со Satchel Mouth

Отпосле анимирано интервју со Луи Армстронг (како она со Морисон), направено пред многу години со дечишта за едно средношколско радио. Затоа, нека не ве чуди што нашле да го прашуваат какви гаќи носи.

Д Учителка

Кога сите во основно би поминале низ ваква симулација на расизмот, во која според многу обичен клуч - бојата на очите - во една верзија би се почувствувале супериорно, а во другата како ѓубре, можеби светот би бил подобро место за живеење.

Интернет дискусија

Исто како и кај интернетот, и зад ова стојат вонредни количини на генијалност, памет и знаење. Исто како и кај интернетот, и тука целата таа технологија и знаење не гарантира дека на крај ќе добиеме какво било унапредување на човештвото. Изберете која страна сакате од дискусијата.

Сцени од Авганистан

Американскиот новинар Пи Џеј О'Рурк, своевремено изјави: "Добрата работа кога си новинар за весници е што ти е дозволено да клекнеш. Додека камерманите ги убиваат, новинарите лежат залепени за патос." Војната во Авганистан веќе наполни 12 години, ова се некои од снимките на камерманите кои беа дел од американските единици на теренот.

Добар како Смарт на оф-роуд

Некогаш една реченица ти ја прави целата реклама. Поентата на Смарт во рекламава е еден од најдобрите примери за ова.

Тениска битка на половите

1973-та година. Тенисерот Боб Ригс ја прекинува својата пензија за да одигра еден меч со тенисерката Били Џин Кинг за да докаже дека мажите секогаш остануваат подобри тенисери од женските. Губи.

Градоначалничка навреда

Можете ли да замислите македонски градоначалник кој својата потреба да навреди некого ќе ја срочи во следнава реченица: Големи мрзливи протоплазмични безрбетни амеби (Great Supine Protoplasmic Invertebrate Jellies)! Борис Џонсон, лондончанец.

Уби ме прејак Синан

Македонскиот меш-ап махер Апостол се нашол на немилост на Јутјуб заради неговиот хит Колдплеј/Синан Сакиќ. И тоа не заради Колдплеј.

Кога Авенџерси би биле вистински

Насловните страни на светските медиуми кога стварно би ги имале Авенџерси на планетава. Не насловните со нивните подвизи и спасувања, туку од животот во цивилка.

Чекајќи го Гнуто

Анимирана приказна за вечната дилема на оние јадни волови кога ќе стигнат до некоја река.

Граници на перцепцијата

Елајте да видите една фотографија која на секој нормален ум му личи дека е составена од 4 фотографии.

Мамо, кој чука на порти?

Во палетата исконски стравови и ужаси кои ги имаме од змиите, фалеше само уште оваа: дека можат да отворат врата. 

Најдобрите реплики на Тони Сопрано

Без да се оспорува генијалноста на Гандолфини да биде феноменален лик во која било околина, Тони Сопрано останува неговиот број 1 карактер.

Дет-метал загревање

Без разлика на жанрот, музиката не трпи игнорирање на одредени правила како на пример - кој и да си мораш да се загрееш со пеење, пред настап. Па дури и да се пејач во шведските дет-метал бенд.

Човек на човека му е музичар

Некои од најдобрите навреди во историјата на музиката што еден музичар ги кажал за друг. Некои музичари може прв пат ќе ги прочитате тука, ама знаат квалитетно да ти го плеснат.

Џими Кимел го уништи и денот на таткото

Од наша гледна точка главното прашање ни е дали децава мислат дека некако се отпорни на ќотек?

Русија тајмлес

Русија како држава и нејзините граѓани, се еден од факторите кои најдиректно придонесоа за глобалниот успех на интернетот. Нивната помош се состои во тоа што едноставно се однесуваат природно, како им дојде. Колекција од вакви моменти.

По утрото светот се познава

15 вонредно убави утрински фотографии од разни делови на светот. Разбудете се морни копачи и копачки...

Расел Бренд окупира емисија

Расел Бренд може да ве нервира со својата појавност или нагласен британски акцент ама дечкото  си грми. Еве го на утринска програма во Америка, со трилинг трикотажни водители кои претходно си рекле: Ова е некој шарлатан, ќе го извозиме лесно.....