Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Виножитото на Хамад

Јунакот на ова видео признава: "Во нашето семејство ништо не ставаме во банка. Штом добиеме некоја пара, таа веднаш се троши". Звучи како позната македонска приказна. Само што ич не е.

Милка сака да бидете пријатели

Загрижена дека технологијата ги разделува луѓето, Милка направи технологија која ги тера луѓето да соработуваат меѓу себе, или барем да си пружат рака со непознат додека да добијат гратис чоколадо.

Мост во Холандија и толку

Можеби кога многу повеќе архитекти и инженери би биле на малку повеќе ганџа, светот би изобилувал со вакви неодоливи решенија. Секоја чест.

18 неуспешни обиди да се биде секси

Внимание: сликите можат да предизвикаат сериозен сексуален набој, внимателно да се прегледуваат.

Човекот на кого му лепат рацете

Да се разбереме: сите, ама сите овие финти можеме да ги направим и ние. Потребно е само карпата да е ПОД нас.

Со чекан по ѕид

Логиката му е добра: зошто да го рушиш цел ѕид кога можеш да го закршиш само оздола па тој да падне. Со тоа што....

Симпсонови од Гилермо дел Торо

Воведот за 14-та епизода од The Simpsons Treehouse of Horror го прави Гилермо дел Торо. Како на дете да сте му рекле - кажи што сакаш и ќе нацртаме се што ќе ти текне.

Правила за фудбал кога си копиљ

1. Ако си дебел тогаш браниш.

2. Тој што ја донел топката кажува кој ќе игра.

Земи тоа рацете и свири

- Сине, зошто ти не свириш флејта? - Па, како прво, немам флејта. - Ајде, ајде, доста со правдања...

Коко-кам

Камерман кој е во постојана потрага по што постабилен кадар, налетува на фамозниот интернет клип за кокошките и нивниот перфектен жироскоп (што го искористија и Мерцедес за реклама). И пазете го сега ова. 

Осман, бегај бе со тоа курот

Не дека знаеме денеска до каде е работата ама светот на машката мода во 50-тите години бил прилично непријатен. Цреп, во тиграсто спидо, на пола метар од вас, доволно?

До каде е брејкденсот?

На почетокот со брејкденс се занимаа разиграни дечки од гетата, од Њујорк до Скопје. Денеска на сцената владеат момци кои очигледно биле каскадери во филмови на Џеки Чен.

Песни без музика

Некаква кампања за шпанска музичка телевизија, за тоа колку е важна музиката кај песните. Ѕирнете ги клиповите, ако не за нешто друго да видите како шупливо изгледа сето тоа без нешто да ѕенѕа во позадина.

На точак на пруга

Првата реакција по гледањето на клипов беше: сега врзуваш точакот пред првата кафана и не излегуваш од таму. Втората реакција беше: девојчево си се врати назад.

Ај малку љубов

Во следните 4 минути и 20 секунди, приуштете си примирје и заборавете на сите работи кои со право ве нервираат, гневат, снеможуваат или ве прават разочарани од луѓето. Затоа и се тука кучињата.

Балетски објаснета статистика

Кој во животот морал да се тупи со статистика а не е по бројките (поздрав до соборецоот Васе К-15) знае дека тоа е една мошне нешармантна и крута наука. Овојпат, имаме многу досетлив начин како нејзините тајни можат да станат видливи и разбирливи. Ќе беше пофино да е со порно ама јбг, балет. 

Нек иде Дунав

Поентата на понтонски мост е да остане над вода и да биде користен само во итни ситуации, а не како трајно решение. Ама, на овој мост му се паднало да биде поставен во Русија. Бонус поени за дечкото во камионот.

ОУ "Семе Синапово"

Ако со нас ја делите згрозеноста од количеството патетики и споменарски мудрости со кои е преплавен Фејсбук, тогаш да го побараме коренот. Можеби уште во школо така ги учат? Тоа го мисли и Рики од TPB. Им отиде по тоа школските ходници и им се насра. 

Елвис како дромец

Една бесценета фотографија од Елвис Присли и неколку моменти што произлегоа од неа.

Вили ме вози

Две причини за објавување: прво, секој што ја знае музиката на Вили Нелсон знае дека никој и никогаш немал причина вака да реагира. Второ, наидовме на еден совршено точен опис на шизикот: вонбрачно дете на Мит Ромни и Џим Кери. Совршено точен!

Земјо, голтни ме

На интернет врти еден прастар но неверојатен клип кога аѓутантот на Тито, по грешка му ја фаќа раката со врата, за време на посетата на Шведска во 1976-та година. Не знаевме во чие име повеќе нè боли, во на Тито или во име на несреќниот аѓутант. Пар реакции:

Гласови кои ни доаѓаат

До Томас Линдзи и неговиот чудесен глас стигнавме по препорака на некогашната побрадеста половина од дуото Јуритмикс, Дејв Стјуарт.