"Постои многу и сегашна и стара музика за која би можел да зборувам. Но сакам да ја искористам приликата да спомнам музичар за кој никој не слушнал и кој повеќе припаѓа на утрешната отколку на денешната музика. Томас Линдзи е непознат пеач за кој искрено верувам дека е ужасно важен. Има од оние гласови кои знаат да бидат нежно етерични во една минута а веќе во следната да покажат масивна моќ. Во себе носи и тага но и надеж, слично на гласовите на Шинед О Конор, Ник Дрејк или дури и на Нина Симоне", вели Дејв Стјуарт за овој млад човек од Луизиана кој на Твитер се има опишано вака: "Пеач, автор, гејмер и копјутерски гик. Ох, да, обожавам и компирчиња од Мекдоналдс!".
* Што се однесува до македонските гласови кои гладно ги очекуваме, ние веќе го ковертиравме нашиот потег. Немојте да кажете дека не сте го чуле Крсте од Њујорк?