Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Бил Гејтс vs. најдобриот шахист на светот

Партијата завршува со 9 потези и 12 секунди потрошено време од Магнус Карлсен. Од страната на Гејтс имаше 9 потези, два изгубени пиона и шах-мат.

Упатство за разбирање рагби

Одлично анимирано и просто објаснето сè што ви треба за да се разберат правилата на американскиот фудбал. Зошто е тоа најамерикански спорт? Затоа што се работи за одземање земја. Со употреба на сила.

Јуришот на Перо Антиќ

Човекот што го направил видеово (IP14) веројатно исто како и остатокот од фановите утрово со неверување ја дозна информацијата дека Перо (по амерички Пероу) го имаше својот прв дабл-дабл во НБА. И ова само еден натпревар откако го постигна својот рекорд во НБА од 17 коша и тоа против актуелниот шампион, Мајами Хит. Еве го Антиќ во НБА.

Мажи што носат маици со пуш-ап

Ситуацијата со мажјаците (посебно младите) е толку очајна што дојде време производителите на спреј за тело за мажи, да прават цела кампања со која ќе се обидат да ја оправат застранетата машка популација. Постои голема веројатност дека ќе препознаете некој другар меѓу овие.

Нинџа на денот

Има некои работи што е подобро да бидат оставени без вовед и објаснување. Посебно кога се нинџиски работи.

Дејвид Линч велит

За неговата чудна приврзаност кон завесите, привлечноста на длабочините и неговиот единствен „сладок грев" - мафините. Вака кога му ги читаш изјавите, делува ко сосема нормален човек. Кој во животот фатил големи риби.

Како се растат деца?

Првата педагошка школа е битлсовски позитивна и може да ја наречеме по нивната песна "A Little Help from My Friends". Втората ни личи на нешто домашно, познато, на она наше "Турни ме да кинисам".

Фотошопот никогаш не звучел вака убедливо

Видео спот за французинката Боги и нејзината песна Nouveau Parfum. Импресивно ретуширање во видео. Останува уште во живо да можеме вака да си го разубавуваме светот.

А сега, Индија има талент

Поточно има едно мало, дебело детуле, со огромен мерак да игра. Ќе ве стопи уште во првите 30 секунди.

Истерувач на алкохолот

Го знаете она најстрашно девојче од Егзорцист кое може свашта да прави со телото бидејќи му влегол ѓаволот? Исто и овој Русин, само што во него има влезено алкохол. Како е бе могуче??

Кинез со влашко потекло

На Жолтата река во Кина (долга 5.464 километри), постои мост на кој се наплаќа патарина. Преминувањето чини нешто помалку од 40 денари. Ама па зошто да им ги даваш?

Како се калеше семплот

Започнавме со прочуениот семпл на Дафт Панк а во меѓувреме ни нафрлија уште три импресивни аудио градби на Продиџи.

КП Дом Интернет

Во 2008-ма Кина решава дека интернет зависноста е медицински проблем. А кај што има болест, има и установи за лечење. Њујорк Тајмс објави документарно парче за еден центар за одвикнување зависници од интернет. Млади веб џанаци зад решетки, кукаат по мајките, ги будат со ламба во очи... Сè како што треба, само за да оздрават.

Како се лета со Вирџин

Убедливо најдосадниот дел од секој лет се оние безбедносните упатства. Еднолични гласови, истоветни движења, во живо или на видео. Не кај Вирџин Америка.

Дизајнерска лекција за копирање скапи чанти

Седлбек произведуваат кожни чанти од околу 500 - 600 долари (има и многу поскапи, а и поевтини). Главна идеја во целиот процес е да произведат чанта што е толку квалитетна и издржлива што вашите деца ќе ја наследат. Главен проблем во целиот процес им е што пирати им ги копираат чантите и произведуваат лоши копии. Сопственикот на компанијата одлучуи да седне и да го реши овој проблем - направи цело видео во кое ги учи пиратите како да ја прават неговата чанта, ама квалитетно.

Фајт Клуб минус Тајлер Дурден

Она што го сфаќаме на крајот од филмот е дека цело време всушност станува збор за еден човек кој има поделена личност. Едниот е Нараторот (Едвард Нортон), вториот е Тајлер Дурден (Бред Пит). Вака би изгледала една од најпознатите сцени кога со свои очи би ја виделе на улица.

Најгенијалната реклама за адвокат за разводи

Ова е еден од оние "како на мене не ми текна" моменти. Светиот грал на видео рекламите, генијално видео кое чини помалку од еден ручек, а спектакуларно ќе ја постигне поентата и сите ќе го зборат.

Како ремети Џорџ Клуни

Во разговор со Лено, Мет Дејмон сведочи каков недоигран сеирџија е Џорџ Клуни. Елем, на гардероберките им рекол на неколку дена да му ги теснат панталоните на Дејмон за овега да го јаде јанѕа дека се усвињуе. Клуни: Ама ќе бидеш во форма, нели? Дејмон: Да, да (и одел јадниот да вежба). Махер! 

Не рачунајте на нас

Оваа математичка финта ја најавуваат како нешто што ќе ви го стопи мозокот. Го имаат збирот на сите цели броеви. Сите, до бесконечност! А збирот е ем дропка ем во минус. И после филозофијата не чинела.

Демонстранти ДОО

Гледате сцена од еден жесток судир на демонстрантите од Муслиманското братство против безбедносните сили во Египет. А сега да видите како е тоа снимено.

Сурфање по мислите

Случајно одбрани луѓе одат кај човек што чита мисли. Биваат комплетно шокирани од тоа какви сè детали тој може да извлече за нив и нивните животи. Кој каде и каква тетоважа има, кој колку пари потрошил на облека, каков е сескуалниот живот, кој мускул ги боли.... А вие уште повеќе ќе бидете шокирани откако ќе откриете во што е магијата. 

Сапер и џентлмен

Во Конго постои и одлично функционира супкултурата на Сапери (Society of Elegant Persons of the Congo), составена од обични луѓе, работници, мажи и жени, кои уживаат да бидат елегантни. Гинис (пивото) знае како да го искористи тоа.

Британец коментира американски фудбал

Почнува со "Добродојдовте фанови на Робот рагби лигата," и го продолжува коментарот во ист стил како што Рик Соломон од Третиот камен од сонцето се чудеше на животот на Земјата.

Номинации за Оскар, искрена варијанта

Насловите на сите филмови годинава номинирани за Оскар за најдобар филм, преработени во искрена верзија, како што ги доживеал авторот на постериве.