Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Збогум Тригер

На 69 годишна возраст, почина Роџер Лојд Пак, човекот кој играше еден од најјаките ликови во Only Fools and Horses, простодушниот, не баш најбистар но неодоливо симпатичен ѓубреџија Тригер.

BBC vs. NBC

Најновите промо видеа на БиБиСи и ЕнБиСи за зимската Олимпијада во Сочи. Нешто како Игра на тронови vs. гиф-че.

Симфонија на зачини

Прашањето е како звучат вкусовите. Одговорот е спектакуларен. За да се направи видеото биле употребени неколку тони бибер, црвен пипер, кардамон, куркума, ѓумбир, кумин и слични додатоци. Инаку видеото е реклама за еден бренд за зачини и тревки.

Рикај пиздо

Млад гангстер убива тотално недолжно момче. На првото судење се курчи, пцуе, им се смее во фаца на семејството на починатиот. На второто судење добива доживотна казна, БЕЗ можност за помилување. Еве ја неговата реакција.

Селфи од добриот пронаоѓач

"Синоќа го изгубив мобилниот телефон во Квинстаун, но, за среќа, го нашол некој добар човек и го предал на полицијата во Квинстаун. Кога го земав телефонот, открив дека добриот пронаоѓач ми оставил негова селфи фотка".

Има ли хартија за авионот?

Земајте хартија од тоа службените принтери и фаќајте се за работа: ја имаме шемата за правење на авиончето кое пред две години го сруши Гинисовиот рекорд.

Сурферски аџилак

Банзаи Пајплајн (Хаваи) е местото на кое сите светски сурфери сакаат барем еднаш да отидат на аџилак. Кој овде јавнал и преживеал бран, во локалниот сурферски круг автоматски здобива со статус на полу-бог.  Снимено со ГоПро на дрон.

Што има на врвот?

Откако ќе ги поминете бескрајните, тесни камени скали, следи долго возење со жичара, па одење врз провалија по даски поврзани ко со хефталица. Но ако сето ова го издржите, на крај ќе ви се исплати. Горе ве очекува нешто посебно.

Средба со малата јас

Чино Оцука е јапонска фотографка која живее во Лондон и има една интересна серија фотки наречена "Finding me". Себе денес се става на фотографии од себе во минатото. Троа сентиментално, троа језивко.

Најголемата тајна на музичката индустрија

Се вика Макс Мартин, и веројатно немате чуено за него, ама тоа е затоа што човекот не се појавува никаде и не дава интервјуа (во 2009-та има дадено интервју во кое кажува дека тоа му е второ интервју во живот). Затоа, сигурно имате чуено тоа што го пишувал. П.С. не е овој на тамбот.

Како изгледа нем спот

Кога на музиката ќе и додадете слика, добивате видео спот. Кога на видео спот ќе му ја одземете музиката, го добивате ова.

Една слика од Прајд парадата во Уганда

Разликата меѓу оваа и сите останати Прајд паради низ светот е што во Уганда хомосексуалноста е казнива со смрт.

Што ако Гугл беше човек?

Дали на човек што знае се, во лице би му ги поставиле истите глупи прашања што му ги поставувате на Гугл? Хм, веројатно да, ако е бесплатно.

Новинарско кокодакање

Кај нас би можеле да се издвојат посебни клипови од фразите: "положија свежо цвеќе" (оти без акцент на свежината не е комплет), "остварија средба" (пошто "се сретнаа" е многу обично), "никна нова зграда" (увек, увек им никнува), како и дописничките досетки од типот "градот под Марковите кули" и "Дојран забрзано се подготвува за престојната туристичка сезона".

Лага, филмска лага и постпродукција

Зачудувачки огромен број специјални ефекти користени во филмот Волкот од Вол Стрит. Како оди работава, еден ден ќе ни кажат дека и Тор не лета вистински со тоа чеканот.

Музика од подвижни слики

Мало пакетче филмска музика, во кое се изоставени филмови на Тарантино, Енио Мориконе и слични зицери. Овде имаме од индијска музика до Мајлс Дејвис.

71-ви Златни глобуси во 90 секунди

Сите моменти што може да ве интересираат од годинешните Златни Глобуси собрани во видео од минута и пол. Видеото нема да биде многу информативно на тема што се случи вчера на Златните глобуси.

Ќе фрламе HDMI кабли

Данска компанија си даде фора да собере од луѓе 160.000 долари за да го спакува својот проект за безжичен HDMI (за поврзување на компјутерот со ТВ, проектор или друг дисплеј). Во моментов имаат уште цела една недела на Indiegogo а веќе имаат собрано речиси 700.000 долари. 

За имиграцијата и хистеријата околу неа

Поента - имигрантите не ни го знаат јазикот, мрзливи се, крадат и ни ги зафаќаат нашите работни места. Контра поента - ако некој што не го зборува јазикот и е мрзлив може да ти го земе работното место, тогаш сериозно запрашај се колку вредиш. (Видеото има најмногу ефект за луѓето што го читаат офф.нет.мк надвор од МКД.)

Дерик Колман, глувиот НФЛ играч

На НФЛ драфтот 2012-та, Дерик Колман не беше избра од ниту еден тим. Годинава тој игра за Сиетл Сихокс, ова е неговата порака.

Одело од 35 фунти, глас од 1 милион фунти

Пол Потс е дечкото што многу, многу, многу, многу одамна (во 2007-ма) ве извади од памет со својот настап на Британскиот Талент. Сега снимен е филм за неговиот живот. Ова е трејлерот.

CK One

Комбинација на два бренда, едниот дебел и ќелав, другиот крајно елегентен. Louie со C.K.

Жената со оргазам од 3 часа

Приказната е дека девојкава имала оргазам кој траел неколку часа и заради тоа морала да оди на доктор. Видеото треба да го гледате заради дечко ѝ (кој најверојатно го предизвикал оргазмот) кој седи до неа додека оваа раскажува и се обидува да не биде горд на тоа што го направил. Плус, за да ја видите репризата на целиот настан.