На 69 годишна возраст, почина Роџер Лојд Пак, човекот кој играше еден од најјаките ликови во Only Fools and Horses, простодушниот, не баш најбистар но неодоливо симпатичен ѓубреџија Тригер.
Роден е во Лондон, во семејство на актери. Завршува кралска академија за глума, по убедување бил социјалист, а во последните години симпатизер и на радикалната левица, жесток противник на нуклеарното вооружување. Починал од рак на панкреас.