Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Визит картата на Кинезот што сака да го купи Њујорк Тајмс

И не само што сака туку има и пари за тоа. Се наоѓа на листата на 400 најбогати Кинези и се проценува дека вреди околу 720 милиони долари.

Сите мажи од вашиот фитнес клуб

Тука се, ќе го најдете речиси секој што го среќавате на фитнес. Единствена забелешка што ги немаат: типот "ќе вежбам во дрес од полиестер," типот "во старата теретана кревав повеќе" и типот "дезодоранс?"

Животот станува само полош ако не го смените кабелскиот

На секоја катастрофална одлука и претходи вашето разочарување за тоа што претходно сте донеле друга погрешна одлука, за на крај да завршите како локален рибар сред недојдија.

Седенка со боговите на комедијата

Луи ЦК, Рики Џервејс, Крис Рок и Сајнфилд, седнати сред дневна (студио) и разглабаат еснафски работи, општо за комедијата - како да работиш, што очекува публиката, што е смешно, што треба да кажат.

Како да не пукнете од јадење

Во едно од најзадоцнетите видеа што некогаш сме ги објавиле, имаме упатство со 10 фори како да не се прејадете. Во наша одбрана тоа што завршија празниците не значи и дека никогаш веќе нема да се прејадете.

За ваша информација, филмска верзија

Некои од најчесто повторуваните филмски / тв реплики, кои најчесто погрешно се повторуваат. Некаде почнало грешно и така останува. Да пробаме да ја исправиме работата.

Уште една за мајките

Затоа што им е јасно дека уште ја памтите "Една е мајка" рекламата за Олимпијадата во Лондон 2012-та, Проктер и Гембл не ги заборавија мајките ниту за Сочи 2014-та. Без разлика што ќе ви се случи до крајот на видеото, немајте гајле подеднакво сте мажи како и на почетокот.

Во војска

Општата дефиниција за војска (регуларна) е дека станува збор за професионалци обучени за ракување со смртоносно оружје. Овие што ги имаме на видеото ја немаат прочитано дефиницијата.

Реклама што ќе фати од прва

За една реклама трајно да те престраши не мора да има само ужасии и крвишта, некогаш и погоден дијалог ќе заврши добра работа. Видеото е дел од кампањата во Нов Зеланд против пребрзо возење.

Славните со самите себе

Еден до друг денешната ѕвезда и човекот од кој таа еволуирала. Нормално дека Мајли е прва, ама Метју Луис (од Хари Потер) е човекот што има да ви ја крене самодовербата до облаци.

Филмови што најмногу разочараа минатата година

Не е работата дека филмовите се лоши (некои се и добри) или дека не ги бивало, туку главниот проблем им е што од нив се очекуваше многу повеќе. Еве кој разочара и по која основа.

Вајн видеа на 2013.

Вајн е онаа апликацијата кај што го има БетДед, ама освен него апликацијата има уште над 40 милиони корисници. Некои од нив се фантастични. Ова е компилација од најдобрите нивни видеа.

Памучно нежен одговор

"Знам дека гласот во твојата глава ти вика дека можеш. Ама гласот те лаже. Во тебе постои и друг глас, а ако тој не постои внатре, тогаш постои надвор и ти вика: Shut the fuck up!" Мала лекција од Расел Бренд како се справува човек на сцена со копито кое решило да прекине нечиј настап. Со фин совет за следниот пат.

Жан Мууу Пикар

Капетан на Ентерпраjз и интергалактички цар. Сер Патрик Стјуарт е толку кул човек што може да си дозволи на слушателите на еден подкаст да им ги открива тајните на различните кравји мукања.

Најстеди кем

Последниот крик од палетата скапи и ефикасни стабилизатори на камери. MōVI, произведен од Фрифлај, жироскоп со три оски, не мрда.

Во кој дел од телото е сместена љубовта

Истражувачка екипа од Финска го мапирала човечкото тело според тоа која емоција во кој дел од телото најмногу се чувствува. Пеперутките не летаат само во стомакот.

Во ритамот на срцето

Дин Зимер е најдобриот пример дека се свири исклучиво од - срце. Како инаку ќе го објасните фактот дека човекот боледува од една ретка болест на коските (артрогрипоза) поради која практично не може да ги движи зглобовите а истовремено е фасцинантен тапанар со уникатен стил.

За каде ми треба виза?

Добра и корисна веб алатка. Посетителот ја одбира земјата од која доаѓа и добива јасен преглед за тоа за кои земји му е потребна виза, а за кои не.

Кадро

Ако една слика вреди илјада зборови, колку речници тежи фотографија составена од 10.000 кадри?

Албуми што во 2014. ќе наполнат 20 години

Не е проблемот што овие се по 20 години стари, проблемот е што ние веќе сме биле доволно стари за да ги запамтиме кога им била премиерата.

Само во Њујорк

Среде центар на град, Бетмен малку губи живци ама доаѓа Спајдермен па го смирува. А како да не те смири Спајдермен со педеруша?

Да ти се одмили сладолед

Веројатно ова не е интересно само за тој што го чека сладоледот, додека сите околу тераат мерак.

А сега, еж!

Ова што понатаму ќе го видите не може да се објасни ништо повеќе отколку она што е кажано во насловот. Инаку, го фотографира Јапонецот Шота Цукамото, кој на ежето му има посветено цел Инстаграм профил со над 390.000 следбеници.