Кадро

Ако една слика вреди илјада зборови, колку речници тежи фотографија составена од 10.000 кадри?

Серијата фотки е дело на јапонскиот фотограф Шиничи Марујама. Насловена е како "Голо" ( а од голо, Маро мори, абер да се немало), и е инспирирана од будистичкиот постулат за непостојаноста.

Секоја фотографија е составена од 10.000 кадри. Снимани се во еден ден но прецизната кореографија на танчерите потребна за да се добие ваков циклонски ефект е планирана цели 5 месеци.

2 јануари 2014 - 10:15