Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Италијански баби во италијански ресторан

Баба ти, стара Велешанка (наназад неколку генерации), ја носиш да проба пастрмајлија во глобален ланец на пицерии (на пример Доминос / Пица Хат...). Презирот во погледот што ќе го добиеш после првиот залак Холивуд уште се обидува да го фати на камера. Е, истото ова, само баби Италијанки, ги носат во синџир италијански ресторани.

Грчката криза во карикатури

Се изнапишувавме бројки и анализи за она што ѝ се случува на Грција. Малку да смениме жанр. Во карикатурите на некоклумина светски карикатуристи ја имате Грција и како мрзливо и разгалено детиште и Грција решена да им се спротивстави на моќниците како Германија и Франција. 

Кого лапнам не жалам

Нека не ве лаже неговиот добродушен и мапетовски изглед. Колку што е чупав, дупло е полаком!

 

Грција, ѕвезда од насловните страни

Самите уредници на Економист признаваат дека за мала земја (Грција ја сметаат во мали) реткост е воопшто да се појави на насловна страна на магазинот. Од мај 2010-та до денес, ова на Грција и успеало 8 пати.

Како машки да се истрпи критика

Фино објаснето видео упатство од еден сајт кој верува дека мажественоста е изгубена особина на чие враќање човек вредеи да поработи.

Митот за неподвижната кралска гарда

Митот е - ти што сакаш прави околу него, ама припадник на кралската гарда на служба пред Бакингемската палата нема да трепне, а не па да мрдне. Обично проблемот со митовите е што се митови.

Притисок од околината

Некогаш сè што сакаш е само да се вклопиш со другите... без разлика колку се глупи.

Изгубени во маичката

Затоа што никогаш нема потполно да го разбереме потенцијалот за сеир што го имаат маичките испишани со јапонска / кинеска / корејска азбука, ако не видиме на што личат нивните маички испишани со англиски слогани. Да, многу веројатно е дека истото важи и за твојата тетоважа со кинески букви.

Џон Оливер, рафално

Заштитен знак на шоуто се 15-минутните сегменти во кои обработуваат 1 тема. Сега празнично, за 4-ти јули, имаат 15 теми за минута и нешто.

'Тга за Мексико

Како никогаш до сега Мексиканците се претерано запознаени и апдејтувани на тема временска прогноза. Не е дека одеднаш цело Мексико почна да го врти колено, туку повеќе е до Инет Гарсија. Ќе ви пуштиме еден Австралијанец да ви објасни која е Инет Гарсија.

Маршот на клоновите

Кина изгледа забезекнувачки страшно како и да ја свртиш. После ова што ќе го видите (степен на дисциплина и исполнителност до кој можат да доведат едно човечко суштество) почнува да изгледа - само навака да не тргнат.

Грк на денот

Никој од нашата редакција нит го познава ниту пак некогаш ќе го запознае, ама тоа не пречи уште од прва да го сметаме за комплетно наш човек.

Ме има, ме нема

Дечкото е пали - гаси. Ќе се онесвести, па ќе се освести, ќе види каде е и пак ќе се онесвести. Пребројте колку пати го прави тоа.

Како е на штикли?

Дечко решава да види како им е на жените па решава цел ден да ги мине на високи штикли. Доби очекува сеир (Free the bitch, man!) и неочекувано голема болка. А дечкото не да оди, него си гази!

Не беше Ланка родена

Промотивно видео за Шри Ланка. Сечено, лепено и монтирано. Особено монтирано! Така се тоа прави.

А што мислевте дека ќе се случи?

Тројца четворица (возрасни) другари сте и ви доаѓа идеја. Ние ќе ви го кажеме сетапот, ви како колектив бирајте дали ќе продолжите: железен меч, лубеница, стаклена маса.

Што порно гледаат порноѕвездите?

Прашањето е подеднакво филозофско како и во која кафана јаде главниот готвач од твојата кафана, со чии текстови се релаксира човекот што ти го читаш, што пиво пие газдата на пиварата што го прави твоето омилено пиво. Единствена разлика, кај претходниве примери немаш ситуација од типот - малку глупо ми е кога гледам порно, пошто сите лично ги знам.

Апсолутно рапсодично

Добро е што Фреди Меркјури навреме се упокои за да не слушне како Канје Вест ја пее Боемска рапсодија. Да беше поинаку, поинаку и ќе звучеа збoровите "Mama, just killed a man"

До врвот и потоа

Ќе се фасциниравме и ние од ова куче и неговата умешност да се пентари, ако не знаевме некои овдешни биографии на јавни лица кои направија уште поголеми успеси по вертикала. Наравоучение од оваа приказна: кога ќе гризнеш од врвот, задолжително одиш долу.

Кога на руската армија ѝ е до сеир

Неколку гуштери од руската армија фатени со левтерно однесување и последиците што мора да ги носат заради тоа.

Зошто цело време мрчиме за филмските ефекти?

Целата кривица паѓа на Питер Џексон и неговиот успех да ги крене компјутерските ефекти на сосема ново ниво. Од тогаш секое студио се бори да постигне што е можно поперфектни ефекти, и проблемот е што толку се добри што ова и им успева. На крај, баш оваа перфекција ги издава, и прави да не му веруваме на тоа што го гледаме.

Вашата престапна секунда

На 30-ти јуни годинава заради неопходното штелување, атомскиот часовник на денот (на овој и само на овој) ќе му додаде една секунда. Еве цел сајт посветен на трошење на оваа секунда.