Како машки да се истрпи критика

Фино објаснето видео упатство од еден сајт кој верува дека мажественоста е изгубена особина на чие враќање човек вредеи да поработи.

"Секоја генерација се бунтува против своите татковци и гради пријателства со своите дедовци".
Луис Мамфорд.

Машките магазини денес се сведуваат на статии за брзи коли, секс и упатства како да вежба за стомакот да ти биде камче. The Art of Manliness e блог кој смета дека може поинаку и дека да се биде маж не е доволно да се има скапа облека и уште поскапа девојка. Денешните мажи ја имаат изгубено самодовербата, фокусот, вештините и доблестите кои ги имале во минатото а сајтот пробува да ја дополни празнината воочена во горниот цитат на американскиот социолог.

Со намера на мажите да им се помогне да станат подобри мажи, татковци, браќа и граѓани е и упатството како човек да се справи со критиките. Не секој критика е битна, но кога е, треба да се слуша и прашува.

За конструктивните критики толку. За остатокот вака:

8 јули 2015 - 08:54