Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Вљубувањето е оној полесниот дел

Знаете ли дека може да се вљубите во некого поставувајќи му прецизно смислени 36 прашања? Но, дали е тоа вистинска љубов и колку таа трае? За едно такво искуство споделено на ТЕД, од жена која го пробала на себе експериментот со "лабораториски произведена романса".

Имате ли Гиф во дневна?

Ако можете да исечете дел од шарениот интернет и да го закачите на ѕид во вашиот дом, што би било тоа?

Колку бегалци собира во комбе?

Една мала сообраќајна несреќа на патиштата во Австрија и видео камерите кои работат (неселективно), ги открива капацитетите на едно комбе а и лакомоста на оние што превезуваат бегалци. Honey, I Shrinked Syrian Refugees.

Кога филмовите разговараат на телефон

Некој седел, собирал, прегледувал, сецкал и монтирал сцени од филмови во кои се зборува на телефон. Резултат - последователен телефонски разговор меѓу 50-на филмови. Втор резултат - телефонските разговори во филмовите се сцени кои прилично добро се памтат.

За хипотези, теории, закони, факти и нивните проверки

Ступидноста и неумешноста во обидот да се проверуваат факти потекнуваат од тоа дека фактот по природа e проверен, оверен и прифатен како факт. И што се однесува на фактот, тоа ти е, може само да не бидеш во право ако не се согласуваш во него. Токму затоа и се вика факт. Ако нешто ви се проверува, проверувајте хипотези.

Доктор за љубовни проблеми

Откако врската ќе ти крахира затоа што си вол или по која било друга основа си крив (а крив си), ти следува рок од 5 недели за да ја донесеш клучната одлука - ќе се обесиш или ќе продолжиш со живот. Во случај на второво (гледај да биде второво, сериозно, второво), докторов препорачува депрозепам терапија. На терапијата и требаат само 15 години за да профункционира. Докторот ќе ви ја објасни целата процедура.

Трудницата и нејзиното право

Бил Нај со неколку забелешки за научните пропусти на аргументите во дебатата против абортусот, и општо околу поставеноста на целата дебата.

Кровови за вас прекрасни луѓе

Руски краснописци, 1.625 метри квадратни, 730 литри боја, рок од 2 дена да се заврши и дрон што ќе го снима ова од високо.

Каде треба да заврши ѓубрето?

Штета што кај нас вакви сцени веројатно не се можни. Просто, немаме ние толку контејнери.

Кинг е цар

Платформата Вајн дозволува споделување видео клипчиња од само 6 секунди. Е па, магиите на Зак Кинг заедно траат 20 минути! Не може нефинти да ти текнат толку.

Не е готово додека не е готово

Пред некој ден во својот дом во Њу Џерзи на 90 годишна возраст почина еден американски безбол играч. Ќе немаше причина да го бележиме овој настан доколку не се работеше за Јоги Бера. За пароли ние го имавме Грунф од Алан Форд, Американците го имаа Јоги.

Во кропирањето се крие ѓаволот

"Broken India" е фантастичен фото серијал кој ја покажува реалноста зад стилизираните фотки по Инстаграм или државните маркетинг кампањи за промоција на убавините на една земја. Не се сите слики драматични но се доволно впечатливи за да го оживеат прашањето кој што сака да види во една слика. 

Искрена политичка кампања

Затоа што изборите доаѓаат, а ние пак ќе треба да глумиме дека веруваме на ветувањето дека овој пат ќе биде поинаку, ајде со време да ја навежбаме "да, да, прави си што зборуваш, не си ти таков" фацата. Видеово ги содржи сите елементи што треба да ги има еден политички спот, видете каде сте најслаби со глумењето лудило и добро навежбајте ги тие делови.

Објаснување за "европската" бегалска криза и Сирија

Егоцентричниот поглед на светот налага да се чувствуваме дека бегалската криза е нешто што нам ни се случува, дека ние сме тие што страдаме и што сме оштетени од бегалската криза, а не луѓето кои во момент мораат да го напуштат својот живот и да тргнат на "библиско" патување од илјадници километри. Последователно на ова европските и западните медиуми сета работа ја пренесуваат како  - европска бегалска криза.

Збирка дела - Луи Ц.К. и мобилните

Збирката повеќе е критика, односно воодушевување од технологијата и критика за тоа колку глупо ја искористуваш оваа невидена технологија што ја имаш на располагање.

Потекло на злото

Не филозофско или библиско, туку крајно физичко зло - патека за трчање. До сега најпрецизното дефинирање на одвратноста на патеката за трчање доаѓа од затворски чувар од 1824-та: монотоната постојаност, а не нејзината суровост, е она што го сочинува нејзиниот ужас.

Хонда на хартија

Идејата им е да покажат што сè работи на погон од Хонда мотор. Изведбата на сето ова им е спектакуларно комплицирана и мерак за гледање, нешто како анимиран филм за автомеханичари за пред спиење.

Што збореа за првиот Ајфон?

Пред нешто повеќе од 8 години, на 29-ти јуни 2007-ма, Епл го пушти во продажба првиот Ајфон. Денес никој не може да го негира неговиот успех и револуционерноста. Пред 8 години беше поинаку.

Така говореше Хантер Томпсон

Малку ни е незгодно да промовираме животни мудрости од некој кој самиот си го одзел животот, додуша на 67 години - доволно време да знае што зборува, иако не секогаш и што прави. Можеби звучи чудно, но гласот на Томпсон е глас на американски моралист, кој често се прави грд и глуп за да ја исмее глупоста и грдоста на светот околу себе. 7 цитати од него кои можеби ќе ви го сменат погледот на реалноста.

Дроновите уште малку и џемпери ќе плетат

Погледнете едно импресивно видео како два дрона направија висечки мост по кој може да оди човек. За кога ќе ве фати гужва на излез од Скопје поради оној мост кај Хиподром кој никако да го завршат.   

Дечко, имаш карта?

Ако е вистина дека "карта е курва", тој е суверен сопственик на ланец бордели.

Човекот кој знае три вселенски јазици

Вие можете слободно да го сметате за луд, ама, без него, како ќе знаевме дека плутонскиот јазик всушност звучи како Унгарец кој држи аукција во Тексас?