Имате ли Гиф во дневна?

Ако можете да исечете дел од шарениот интернет и да го закачите на ѕид во вашиот дом, што би било тоа?

Electric object  е компанија која за фини пари (499 долари) може да ви ја размрда статичноста на она што го имате по ѕидови, во облик на уметнички слики, постери, фотографии или гоблени. Тие продаваат екранчиња со висока резолуција, демек за дигитал арт.

Дигитал арт, како па да не.

Собрале тие податоци за тоа кои слики најчесто им ги користат клиентите и еве го победникот од последната недела.

Во последниот месец најдобро им се котира гифот со жирафата што бесконечно џвака (во кој, мора да признаете, има нешто смирувачко)

А добро им проаѓаат и овие дигитални зенови:

повеќе

26 септември 2015 - 20:16