Објаснување за "европската" бегалска криза и Сирија

Егоцентричниот поглед на светот налага да се чувствуваме дека бегалската криза е нешто што нам ни се случува, дека ние сме тие што страдаме и што сме оштетени од бегалската криза, а не луѓето кои во момент мораат да го напуштат својот живот и да тргнат на "библиско" патување од илјадници километри. Последователно на ова европските и западните медиуми сета работа ја пренесуваат како  - европска бегалска криза.

Две работи од видеото:
1. Дури и ако ЕУ ги прими сите 4 милиони жители на Сирија како имигранти, тоа ќе го зголеми бројот на муслимани во ЕУ за само 1% (од 4 на 5 проценти).

2. Моментално ние испишуваме историја, и како сакаме да бидеме запаметени, како ксенофобични богати кукавици што се кријат зад огради?

23 септември 2015 - 15:38