Off Topic

Дарко Лешоски: Зошто уште го правите ова? До кога?!

Дека во вашите кладилници имате вакви девојки со полугол газ кои нè чекаат? Дали имате и самите или дали познавате некој кој има сестра или ќерка? Дали сте толку глупи ко курац или мислите дека ние сме глупи ко курац? 

Џони Ротен мава по музичари

Кога на фронтменот на Секс Пистолс ќе му се каже „Ако немаш што добро да кажеш за некого, не кажувај ништо“, нему му се слуша „Сè се тоа говна и кажи им дека се говна.“ Сака Џон Лидон/Џони Ротен да го пушти јазикот на секакви теми а една од омилените му се колегите музичари. 

Нашиов ќе ја конвертира Америка

Долг и интересен разговор меѓу еден православен свештеник и двајца млади протестанти. Уште поинтересен кастингот: православецот е отец Џонатан Битоф од Православната црква на Aмерика. Не само што достојно си ја брани верата туку и потеклото. Кога провокатори ќе му нафрлат дека е со бугарски корени, им објаснува некои работи.    

Холивуд игра како што Македонија му пее

Што ми е мило ем драго македонска музика во холивудски филм да чујам. Ја има во ланскиот филм на Ендрју Петерсон, The Rivals of Amziah King, со Метју Меконахи и Курт Расел. Филмот има солидна 7,1 ИМДБ оценка а музиката уште подобра, пошто наша. Ја изведуваат ангелски гласови од Китка. „Оф леле, леле либе ле, срцево ми го џанам изгоре“.

Е мој Трамп, а на Бајден му се смееше

Џо - Sleepy Jo- Бајден има 83 години и се бори со рак стигнат до четврта фаза. Тој и таков Бајден стоеше со часови додека се читаа имињата на жртвите од нападот на 11 септември за времe на 25 годишнината од трагичниот настан. Доналд Трамп, кому сенилноста на Бајден на времето му беше главна заебанција, заспа за време на настанот во Пентагон по истиот повод. 

Рурално, само рурално

Францускиот фотограф Огист Леон во 1913 година ја посетува Македонија како дел од проектот  „Архиви на планетата“ на богатиот банкар и филантроп Албер Кан. Целта на проектот била да се зачува во боја изгледот на светот и човечките култури на почетокот на 20 век, пред тие да исчезнат. Скопје, Охрид, Битола, Смилево, Опеница, Бунарџик... Македонци, Албанци, Турци, Грци, Власи, Роми... Уште сме истите на истите простори и никако да навикнеме на тоа. 

Чезена се врати со 'Seven Nation Army'

Пак Чезена, пак 1.000 музичари, пак една песна, пак да не ти се верува како божествено моќно ова изгледа. Минатиот пат беа Фу Фајтерс на репертоар, сега се Вајт Страјпс.

Како му изгледа "диктатурата" на Западот на човек што живее во диктатура

Хенри Јангмен (американски комичар од времето околу Втората светска војна) објаснува секогаш кога ќе го прашаат "Како е жена ти?" неговиот одговор е "Во споредба со кого?" Исто е и со диктатурата. П.С и се друго.

Хилари во земјата на чудата

Извадоци вон контекст од синоќешното појавување на Хилари на демократската конвенција. Исклучиво од делот со балоните, соодветно спакувани во гифови.

Братски солзи

Моментот кога Лари Сандерс како делегат на демократите од дијаспоратаго дава гласот за својот помлад брат Берни Сандерс. Срцки и двајцата, се расплакаа кога си спомнаа за прерано починатите родители. Инаку, Лари и Берни имаат растено во оние семејства во кои имало што да се јаде ама царувале дилеми од типот "дали да се купат завеси или тепих'.

Асфалтирање на клоновите

Како да реновираш главна улица сред Москва, а да не ти се случи народна буна, линчување сред плоштад и клетви за идни 7 генерации? Лесно, ќе ангажираш 300 парчиња механизација.

Аии, маста ѝ ја извадија!

Сте виделе како се штави кожа од кит додека кожата уште е на китот? Не сте и нема да видите, ама, ова е најблиску што до тоа може да дојдете. Почекајте до крај, овој занает си бара и сукало.

Шупци, само да ве потсетам која сум

Америка, што ти е бе проблемот? Јас сум Хилари Клинтон. Јас сум политички вуднеркинд, и тоа сум уште од 16 години. Имам ненормална мрежа на моќни пријатели. И спремна сум следните 8 години да ги минам справувајќи се со срања од сите страни, сè за да можам да ја средам ебанава држава за тебе. А сè што треба да направите вие е еден ден во ноември да го мрднете газот.

Јаболкото да ви каже нешто за уметноста

Едно обично зелено јаболко и една минута му се доволни на генијален автор ефектно да ги опише главните правци во уметноста. Федерико Монзани.

Не џабе е Кинг

Прашање: Како Б.Б. Кинг менува пукната жица на гитарата? Одговор: Додека свири.

Краток курс по административна самоодбрана

Зборува за Србија, ама концептот е универзален и може секаде да се примени, вклучително и МКД. Одма ќе го познаете дека зборува од лично искуство, заради што и може така детално да ви го пренесе ката по ката секој потег што треба да го направите во неизбежниот спаринг со шалтерот. Прилично добра збирка шамарања мрзливи / незаинтересирани административци.

За графити што може човек да ги разбере

Француски цртач на графити се одметнува од секој можен канон на шкртање графити, и почнува да шара во печатен фонт. Целиот проект има просветителска жичка, па тој постојните ишкртани ѕидови ги префарбува во бело, по што ги враќа графитите транскрибирани во печатна форма. Ако сте се мислеле што кажуваат, ништо не кажуваат.

Писмото од Коби до Коби

Пред некое време 37-годишниот пензионер Коби Брајант напиша писмо до 17-годишниот средношколски кошаркар Коби Брајант, кој е на еден ден пред потпишување со Лејкерси. Во писмото му ги пренесува сите совети на 17-годишниот себе си што тој би сакал да ги знае пред да стане Коби на тема – пари и роднини / пријатели.

Во умот на врвен денгуба

Одлично забавен ТЕД говор кој почнува духовито околу сите лоши навики што ги имате насобрано околу губење време и бегање од обврски, и завршува со уште повеќе нервоза околу сè што немате завршено. Барем не е до тебе, до мајмунот е.

Жетва трејлери, Комик-кон 2016

Конвенцијата заврши, а филмските студија за мерак на публиката успешно истурија сè што до сега го криеа за 2017.

Поврат на риба

Некој Американец кој сака да биде како Паљото. Демек е реален и автентичен па ќе ни покажел како се јаде риба. И ја загриза таква, жива. Предупредување: насловниот термин "поврат на риба" не е од економска природа.

Атрактивна глупоќа

Плавојкава е убедена дека не го добива заслуженото почитување само затоа што е атрактивна. Но затоа добива заслужена реакција - каква што би добила во наше маало. Ќе ги биде Американциве.

Попот кој носи добри вести

Добро е да го слушнете целото парче а главната поента - неочекувано со оглед на изворот - прилично марксистичка. И гласи: "Не постои пеколот, тоа го измислиле црквите за преку страв да владеат со масите". Не, тоа не значи дека можете да убивате, да крадете и на човек да му ја изедете последната Јафа од Ресаната.

Доналд Трамп и идиотот

Иако насловот звучи како тавтологија, не е. Доналд Трамп е Доналд Трамп а идиотoт, во случајов, е екранот од кој читаше на Републиканската конвенција.

Доналд Трамп, човек со јасна визија

Изјава на републиканскиот кандидат за прв човек на САД од далечната 1998 година. Уште тогаш вика дека ако некогаш се кандидира за претседател, ќе се кандидира како Републиканец. Зошто?

Мапите немаат врска

Проблемот со претставување на планета што е 3Д врз мапа која е дводимензионална во 1569-та го решава белгискиот географ Герхард Меркатор. Решението со вика Проекцијата на Меркатор, врши работа само за навигација и комплетно ја има изветоперено нашата перцепција за тоа која земја колкава е. Сајтот Тhetruesize прави корекција на оваа илузија, и ништо не е исто.

Покемон во Стејт Департментот

Брифинг за новинари во Стејт Департментот, портпаролот Џон Кирби чита изјава за борбата против Исис кога забележува дека новинар на пресот е далдисан по Покемон. На крај, оној кој имаше на нешто да се пожали беше - новинарот.

Како бесплатните игри прават (многу, многу) пари

Работејќи на фримиум моделот, Покемон Го само во САД имаше приходи од 14 милиони долари за неполна недела од објавувањето. Фримиум значи дека можеш слободно да ја играш играта без да потрошиш ни пара, ама пак ти доаѓа да трошиш.

Сите нови серии што ги најави Нетфликс

Во Сан Диего веќе се случува Комик кон, веројатно најголемата конвенција за стрипови, суперхерои и видео игри. Нетфликс на конвенцијата ги пушти трејлерите за три сосема нови серии со суперхерои, плус трејлерот за новата сезона од Наркос.

Мет Дејмон: Да се биде Џон Малкович

Дејмон раскажува гачки од снимањето на филмот Rounders. Кога цела екипа се патосирала од одушевување од пискавиот глас и рускиот акцент на Малкович, овој му се приближил и му се доверил нешто... многу мангупски.