Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

До кое дереџе се доведоа Швеѓаните

Затоа што улиците им се речиси беспрекорно рамни, Швеѓаните немаат потреба цело време да е на штрек и да кочат / ескивираат дупки. Заради ова, тие знаат да се заборават и да ја надминат границата од 60 км на час. Решение, ќе ставаат дупки на улиците.

Како почнуваат ʼрчките на Балканот

Човекот мисли дека зборува за тоа само како почнуваат кавгите меѓу Србија и Хрватска. Прво он нека не се лаже сам себе, второ ние да не се лажеме сами себе.

Модни предвидувања

Видео од 1939 година во кое тогашните модни дизајнери предвидуваат како ќе изгледа модата во 2.000 година. Утка до утка. Издржете ги тоа жените за да ја видите визијата за мажот.

Најголемиот шупак на светот

Дури и ако цел живот, до последниот ден, некој го помине како шупак, никогаш не е доцна да се поправи впечатокот.

Брaќа Филипинци, па и не мора да се учествува

Ако како скокач во вода изгледаш како да си изненаден кога ќе ја допреш водата, тогаш батали и репрезентација, и Кубертен, и важно е да се учествува, сигурно ќе има нешто друго што да се прави.

Сам свој мега-цар

Зашто да се ограничуваш и да чекаш на Космосот да му текне дека ти треба да си светска мега-ѕвезда каква што отсекогаш знаеш дека треба и можеш да бидеш. За да ја истераш сопствената космичка правдина, на своја страна ја имаш Flippy, апликацијата за Ајфон што го монтира твојот лик на спотови од најразлични музички хитови, мада фаќа и на други видеа. И ова стварно функционира.

"Пржењето" на Доналд Трамп

2011-та, Обама е пред крајот на својот мандат а Доналд Трамп е еден од најголемите кловнови на телевизија, кој се заканува дека ќе стане претседател на САД. Без разлика на сличностите, 2011-та е и никој не го сфаќа посебно сериозно, дури ни самиот тој, па решава да се појави на Комеди Централ.

Пикачу го возвраќа ударот

Таму кај што вие гледате "фино им текна, некој и овие со покемониве да ги здрви со топка", швајцарски Базел гледа беспрекорна разгледница за градот што сите ќе ја изгледаат и ќе бараат уште.

Блиски средби од турско-курдски вид

Околу 1.200 Турци излегуваат на плоштад во Виена за да му изразат поддршка на Ердоган по неуспешниот пуч. Виена ко Виена, на плоштадот има и курдски дуќани, во конкретниов случај курдски ресторан.

Том Морело: Опремата никогаш и за ништо не е битна

Ѕверот свири на истата гитара со нацртани Хиповци цели 28 години (додуша со 10-тина сменети вратови). На времето и тој го барал "оној звук што го бараш и секогаш за малку ти бега," ама конечно го баталил тоа и сфатил дека е губење време. Важност на опремата - нула проценти.

Трамп во две видеа, за два дена

Самиот Стивен Колбер признава дека најголемиот проблем што го има со Трамп е што едноставно не може да го пофатиш човекот, таман за едно се избламирал, не поминал ни ден, прави нова глупост. На пример во вторникот избрка бебе (вистинско, автентично, оригинално човечко бебе) од прес-конференција, во средата изјави дека Хилари е основач на ИСИС. И така, веќе година и кусур.

Кружен тек со седум кружни текови? Не, благодариме.

Оваа сообраќајна чудесија со децении одлично функционира во Свиндон, јужна Англија. Но, со оглед на фактот дека наш човек и во обичен кружен тек го фаќа паника (од филозофското прашање "Каде завршува еден круг?") па често решава одеднаш да смени лента, главнaта порака на оваа статија е: Коце, да не си помислил!

Викиликс упатство за трите штетни договори на кои САД работи во моментот

Во прашање се ТПП, ТТИП и ТИСА чија крајна цел, колку и да звучи параноично, е создавање на нов глобален правен и економски систем, во кој транс-националните компании се ставаат над државите.

За кого ќе гласаат Симпсонови

На Марџ одма ѝ беше јасно. А и на Хомер, со вистинско насочување, му се разјасни.

Зошто твојот сервисер те мрази, или лаптоп не е за јадење врз него

Поглед на човек што ја има изгубено сета надеж во човештвото, и човек што одамна ја има спукано со Епл.

Уметност на украински цветни круни

Украинците, поточно Украинките имаат традиција на создавање на круни од цвеќе, кои ги носат млади, немажени жени со цел да ја покажат својата "чистота" и подобност за брак. Круните се чисто филигранство со цвеќиња и останати растенија. Едно студио, Трети Пивни, одлучи малку да ја воскресне традицијата.

Катастрофалните вс. Ужасниот

По републиканската конвенција демократите имаа прилично лесна задача и се што требаше е нивната конвенција да не изгледа како природна катастрофа, ама им се случи скандалот со мејловите, па ја изгубија целата предноста што ја имаа, така да почнуваат од исто.

Нај 90-ти видеото на Хилари

Демократската конвенција 1996-та, повторно Клинтон претседателски кандидат, ама овој пат е Бил. Хилари како бекап со цела сила се обидува да покаже дека човек, и дека и она е дел од народот, па макар ако тоа значи и играње Макарена и гледање на остатокот од партијата како се глупира на истата песна.

Кечапот на Самоил

Се јадело низ цела римска империја а рецепти има и од Цариград, од времето на Самоил. Така што, ако сте патриоти со длабоки корења, фер е да пробате. А лесно е: рибата (најдобро скуша) се чисти од внатрешните органи. Потоа рибата можете да ја фрлите а тоа цревата ќе ги посолите и ќе ги оставите да гнијат на сонце, едно три месеци. Да оќориш од сласт.

Најкорисниот додаток за кола, евер

Сакате во природа? Вака се оди во природа. Иако, ова треба и по град да си го влечкаш, па, кај ти дојде. Особено пред оние шема кафичи. И да им фрлаш коски.

Чезена се врати со 'Seven Nation Army'

Пак Чезена, пак 1.000 музичари, пак една песна, пак да не ти се верува како божествено моќно ова изгледа. Минатиот пат беа Фу Фајтерс на репертоар, сега се Вајт Страјпс.

Како му изгледа "диктатурата" на Западот на човек што живее во диктатура

Хенри Јангмен (американски комичар од времето околу Втората светска војна) објаснува секогаш кога ќе го прашаат "Како е жена ти?" неговиот одговор е "Во споредба со кого?" Исто е и со диктатурата. П.С и се друго.

Хилари во земјата на чудата

Извадоци вон контекст од синоќешното појавување на Хилари на демократската конвенција. Исклучиво од делот со балоните, соодветно спакувани во гифови.