Off Topic

Солзите на инжинерот кому му го срушија мостот

Трамп беше многу горд што го срушиле мостот кај Караџ. Тоа го правеа и кога ја нападнаа Југославија. Овој беше недоправен, уште непуштен во употреба а ќе беше најголемиот мост на Блискиот Исток, долг преку километар, висок 132 метра. Солзите на градителот сами по себе се разбирливи. На Иранците им порача: „Господ ако ме поживее, повторно ќе го изградам и ви ветувам дека ќе поминувате по него.“  

Проблемите доаѓаат со брзина на точак

Знаете ли дека глобалните прекуокеански ланци за снабдување со нафта се движат со брзина на велосипед? Тоа е брзината на оние огромни танкери што лазат преку океаните. Тоа е и причината што ситуацијата уште изгледа доста нормално иако Ормускиот теснец одамна е затворен. Големите нафтени полжави излезени пред затворањето уште не се стигнати до своите дестинации. Кога таа нафта ќе се потроши, е, тогаш ќе ја сфатиме белјата.

Психопатијата си најде нов непријател

Претседателот на Соединетите Американски Држави утрово се разбуди и напиша 150 зборови. Не за Иран. Не за цените на горивото,не за цената на храната.  Не за царините што ги пореметија глобалните пазари. Не за стравувањата за рецесија. Доналд Трамп напиша 150 зборови против Брус Спрингстин.

За Корка, за Кочани

Ќе ги носиме во Загреб? Лесно е, треба да бидат во првите три, а кога вие ќе запнете, и прво место се фаќа. Фестивалот InMusic 2026 ги објави финалистите за нивниот „Breakthrough“ за млади европски бендови. Меѓу нив се и нашите Корка од Кочани. Добри, жестоки, стегнати. Тие Брисел го освоија, не па Загреб.   

Грчки руфтоп: Бех сас козите

По пријава на граѓани, грчката полиција открила нелегална живинарска фарма во Атина. Не само што дивата фарма била лоцирана во самиот центар на главниот град туку се наоаѓала на последниот, 16-ти спрат на зграда. Биле најдени 10 кози, 30-тина кокошки и јато патки. Постои сомневање дека локацијата на фармата ја откривале петлите, уште рано - рано. 

Сурфате инкогнито? Се лажете

Режимот инкогнито или режимот за приватно прелистување се функции што ги има секој прелистувач, но ни приближно не се ни инкогнито ни приватно. Притоа, Хром е најлош бидејќи упорно не вклучува опции кои корисници со години му ги бараат. Тор му е мајката. Нешто побавен но блиндиран. Прифатливи алтернативи се и Брејв и Фајрфокс, вели дечкото од Privacy Guides.   

Предноста на илегалата

Претставник на Албанија Екс се најде на жешко столче на парламентaрно испрашување во Англија кога го прашаа зошто негови сограѓани плаќаат по 5.000 фунти и го ризикуваат животот за илегално да го минат Ла Манш, кога можат да дојдат со евтин лет од Визер и да побара азил. Да не е затоа што кога тоа би се извело легално, би морале да бидат документирани и властите да знаат кои се и што имаат правено?

Убаво е писмото, само не е "последното на Боуви"

На крајот на 2024 и почетокот на 2025 година, на интернет почна поинтензивно да се споделува еден текст за кој се тврдеше дека е писмо што Дејвид Боуви го напишал непосредно пред неговата смрт во 2016 година. Јак, впечатлив и здрмувачки текст, сосема прикладен на Боуви и неговата вонземна супериорност над овоземните детали како што е смртта. Само што, за жал, не е тоа така.

Пожарот е вистински, не и сите снимки од него

По мрежите се мултиплицираат секакви видео снимки од апокалиптичните сцени од огнениот пекол на Лос Анџелес. Како реалноста да не е доволно страшна, некои дополнително ја загреваат атмосферата со снимки произведени со помош на вештачка интелигенција..Додуша, вистинските, автентични снимки не се ништо помалку страшни.

Кога психијатрите се искрени

На дамнешна конвенција на американски психолози, новинар ги начекува со прашање кое го доживуваат како многу забавно: Колку пациенти имате излечено? Одговорите им се барем искрени и се движат од нула до еден. Еден од анкетираните психијатри е особено директен. Вика, не мислам дек кој било ОД НАС може да биде излечен од било што. Да беа „лајфкоучови“, ќе тврдеа дека имаат 100% успех.

Закерберг: Беше брутално

Првиот човек на Мета кај Џо Роган опиша како било во ерата на пандемијата, кога цензурата беше најжестока. Ќе им се јавеле луѓе од државата и со пцуење ќе барале да се кинат содржини, дури и забавни мемиња. А кога Бајден на прес рече дека неодговорноста на социјалните медиуми убива луѓе, државни агенции тргнале во поход. Не дека не веруваме, ама, да дигнеше глас Закерберг во тоа време, па да кажеше дека не оди тоа така? Сега е лесно да се понашаш ко Илон Маск.

Трол на денот: Лијам Галагер

Апокрифна анегдота е ова, ама некако пасува со табиетот на помалиот брат од од Оазис, епската будала Лијам Галагер. Жртва во приказната е Бон Џови кој во очај помислил дека може да си ги прекине маките нудејќи му на Лијам половина милиони долари. Бадијала. Вака оди приказната, раскажана од Бон Џови.

Најбогатата држава во САД за време на пожари

Либералната, воук и прогресивна градоначалничка на Лос Анџелес, градот кој сериозно гори сосе некои од неговите најубави и најбогати делови (гуглајте Pacific Palisades), на пожарникарите од градот им го скратила буџетот за 17 милиони долари и ги пренасочила за миграција и диверзитет. Начисто ги сјебаа тие будалести квази- либерали па сега ќе видите како гасат оган. Стојанче да им го пратиме, ќе мислат Ајронмен им дошол.

(Б)анално прашање на денот

Некоја западна верзија на Проводаџија. Таа признава дека е малку чудна личност но тој ѝ се чини дека може тоа да го поднесе. А потоа девојката му кажува за себе три работи: а) дека е поранешна дадилка, б) дека понекогаш пишува поезија и в) дека понекогаш снима анално порно. Пазете го сега неговото прашање. 

Шалтерско проклетство

Го ребрачат дечкото. За нас, кои кмишиме по секакви шалтери цел живот, нема потреба од тоа. Животот доволно нè ребрачел. Она кога редот на другиот шалтер, по Марфиев закон, оди побрзо од твојот. Во некои дуќани кај што има еден долг па се двои на две каси, тоа пензионерите те тераат да се произнесеш кај ќе чекаш уште 10 метри пред да ви се раздвојат патиштата. Е не, ќе кмиши таа во неизвесност.

Извози ми еден тост

Роберт Форстеман е олимписки велосипедист, од оние во сала, со бутини како балвани  (74 сантиметри), светски шампион, 95 кила. Спроти него, тостер на кој му требаат 700 вати за да згрее лепче. Да требаше вака да правиме тостови, секое сабајле ќе сркавме попара.

Зошто жените остануваат сингл

Не следува социолошка анализа на сменетите времиња и вредносни системи. Не следува патријахална критика ниту пак осуда на себичноста на жените. Следува мала и одбрана компилација на животни ситуации, за да имате полно разбирање за таквата одлука. Додуша, со рекламен мотив, ама, се важи.

Иднината на младите Американки

1,4 милиони Американки „работат“ на Онлифанс. Од нив, 1,2 милиони се на возраст од 18 до 24 години. Тоа е женска старосна група која во САД брои 10 милиони. Не треба голема математика за да се сфати дека 10 посто од младите девојки во Америка се на Онлифанс. Од друга страна се муштериите. И таму математиката е јасна. 

Аналена „се снајде“ и сама се поздрави

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, се сретна со ребрендираниот терорист од Хајат Тахрир ал-Шам (екс Ал Каеда) кои сега ја држат власта во Сирија откако падна режимот на Башар ал Асад. На ал Џолани верата му забранува да се ракува со жена, што не е проблем за Аналена која сама си ги стисна своите две рачиња. Кога ќе ја поканат да биде почесна гостинка во каменување на некој кој го прекршил Шеријатот? 

Сите вие што мечтаете за среќа

„Маратонците го трчаат почесниот круг“ е филм кој или го немате гледано и не ве занима, или напамет му ги знаете сите реплики. Овојпат за сцената „Серем вам се у тон филм!“, кога Ѓенка првпат носи тон филм во паланката, што значи дека е загрозен позивот на Кристина (ќерка на Били Питон), која дотогаш со пијано ги придружува сцените на немите филмови. А Мирко Топаловиќ ја сака баш Кристина, која го сака и Ѓенка...

Епстин го снема од насловната за Бил Клинтон

Да нема донации додека Википедија не стана вистинољубива, порача Илон Маск споделувајќи видео во кое се открива дека некаде во јули 2024 година, едно цело поглавје за Бил Клинтон исчезнува од неговата Википедија страница. Она за неговите конекции со Епстин. Сепак, сексуалните авантури на Клинтон не се избришани, туку многу биле, па се префрлени во посебна страница. Ама, треба да се кликне за да се дојде до тие пикантерии.

Годините кои ги изеде интернетот

Како луѓето го минувале своето слободно време од 1930 до 2024 година. Опциите се семејство, пријатели, комшилук, кафани, школо, факултет... Сè има, само - од објективни причини - интернет нема. Бидејќи кога ќе се појави интернет, сè друго ќе почне да исчезнува. Тажно, ама па каде ќе ви го покажевме ова, да не беше интернетот?

Како мали Оливер ја замислуваше 2002-ра

Добро, во 1975 година Оливер Драгојевиќ не бил мал, ама бил млад, на 28 години. Пее песна за далечната иднина, која денес ни е далечно минато. 2002 година. Сè ќе биде автоматик и на копчиња, ќе се летува на Месечината, ќе има риби од Марс... Ако мислите дека се тоа се многу утки, обидете се да склопите како ќе изгледа вашиот град во во 2052 година.

Зошто маж игнорира кога жена му звоца?

Доктор Саша Тешиќ вади една теорија која ни звучи верно. Жените подобро слушаат од мажите (имаат поголем фреквентен опсег), но кај мажите, еволуцијата има развиено една друга корисна карактеристика: бидејќи звуците од околината кои се повторуваат обично не се сигнал за опасност, мажите можат да ги филтрираат звуците па оние репететитивните да ги исклучат. Хихи, стварно!   

Мравки против луѓе

Отсега кога ќе имаме некој незгоден кауч или фрижидер за протнување низ врата (ја знаете онаа ситуација, ај прво оваа страна напред...) ќе викаме мравки. Само уште да знаеме како и со што ги натерале и мотивирале овие да го пренесат предметот баш онаму. Друго е наравоучението: понекогаш џабе се мислиме супериорни за сè.  

Да загинеш е лесно, математиката е тешка

Фино спакувана порака од Малезиецот Чеонг за сите оние кои се бусаат во гради и се колнат дека се спремни да загинат за својата земја и татковината. ОК, можеби е така и тоа е з почит. Но, ако веќе се спремни на таква жртва, зошто не се спремни да учат математика, или барем да се описменат асално? За истата таа татковина.

Растурање на еден шеф на НАТО

Едниот е Андерс Расмусен, екс прв човек на НАТО (го викаат данскиот Џорџ Дуплове Буш), вториот е британскиот новинар со индиско потекло, Мехди Хасан (дипломирано на Оксфорд). За нео-нацистите од батаљонот Азов, двојните стандарди околу прекршување на повелбата на ОН... Чисто за наша Рада да знае, да не им прифаќа интервју на вакви. Што фали да си дојде на Телма?

Дечко, не е смешно

Некакво шефче во продавница брка една вработена, младо девојче, тука, на лице место, баш брутално и нечовечки. - Што направив погрешно? - Да не ти е гајле што направи погрешно. - Да знам па да се поправам. - Не можеш да се поправиш, избркана си.... Таман да фатиме мајки и шајки по него (многу нè нервира курчење над вработени и келнери), наоѓаме второ видео.   

Дишам, значи опасен сум

Алекс Њуман, новинар и едукатор: „Идејата дека CO2 ќе ја уништи планетата е смешна, но од тоталитарна перспектива, ако можете да ги убедите луѓето дека тоа е опасност, а нема човечка активност што не резултира со емисии на јаглерод диoксид, вклучително живеење, умирање, палење светло... тогаш нема пречка секој аспект од вашиот живот да се најде под регулаторна контрола на оние кои тврдат дека нè спасуваат“.

Имаат ли Кинезите такси на титка?

На Смарт транспорт Експо во кинескиот град Хангжу, свое деби имаше аеро-таксито EH216-S. За двајца патници, до 130 километри на час и до 3.000 метри надморска евисина, 16 пропелери и исто толку електрични мотори со кои во воздух може да остане 21 минута. Во Скопје, пола од тоа време ќе го потроши барајќи место кај да слета. Туку, не само коптерот, гледајте каков град е тоа!